Tag Archives: Школо

Први септември, прв училишен ден – некогаш и сега

Многу работи се менуваат со текот на времето, па така се смени и значењето на први септември

Едно најочигледно, секоја година на први септември во училишните дворови се слушаше џагор од многу деца, насмеани, дотерани сите спремни за на училиште.

Некои едвај го чекаа први септември, да се  вратат во училишните клупи и да започнат со нови цели, но за некои први септември е најлош ден што може да се случи. Крај на секојдневните излегувања, без обврски, спиење до доцна попладне…

Во минатото му се даваше важност на овој ден, но денеска само првачињата се тие кои се највозбудени, а уште повозбудени се и нивните родители. “Брзај, брзај прваче”, песничка која ја знаеја сите првачиња. Со неа ги пуштаа првите чекори во образованието и така започнуваше дружењето со Букварот, на кој сите ние добро се сеќаваме како изгледаше и што се, се криеше во неговите корици.

Сите седеат исплашени, возбудени, уште на прв поглед ја засакуваа учителката. Среќата се познаваше на детските лица. Никој тогаш од родителите на вадеше апарат за да го слика своето најмило, туку сите уживаа во првиот училишен ден. Но, денеска има голема разлика. Родителите едвај чекаат да споделат по неколку слики на социјалните мрежи и да ги известат сите дека нивните деца тргнуваат во училиште, нешто нели што е задолжително. Забораваат да уживаат тие неколку минути таму, туку се препуштени за сликање и правење спомени со сликите, а не со мислите.

Разликата е голема, се менуваат многу работи, па се менува и први септември.

Во Прилеп оваа учебна година има 100 помалку првачиња од лани

За 100-тина е намален бројот на запишани првачиња во новата учебна година во 10-те основни училишта во Прилеп. Пред стартот на новата учебна година петте средни и десетте основни прилепски училишта се подготвени, ама наставнитците и учениците ќе се снаоѓаат како знаат и умеат без сите учебници.

Едно од основните училишта во центарот на градот во просек запиша по 12 деца во одделение. За шест месеци во претходната учебна година родителите отпишаа 300 ученици и заминаа од државава. Во училиштата не се изненадени и за годинава.

-Во оваа учебна година за првпат ќе зачекорат околу 700 ученици во прво одделение од предвидените околу 800 во единаесетте основни училишта, вклучувајќи го и музичкото училиште. Во прва година од средното образование, во петте средни училишта се запишуваат околу 730 ученици. Трендот на намалување на учениците продолжува и во оваа учебна година. Со воспитно образовниот процес од предвидените околу 800 ќе започнат 700 ученици. Имаме намалување од 100-тина ученици што е алармантно и нешто што се случува со години. Ситуацијата родителите да ги отпишуваат децата и да заминат во странство се случува во сите степени на образовниот процес од прво одделение до четврта година во средното образование. Тој тренд продолжува. За шест месеци од училишните клупи се отпишани околу 300 ученици што треба да не загрижи и да го вклучи алармот кај сите за да се преземе нешто, и кај институциите и кај сите нас како поединци, ни изјави Гоце Бумбароски наставник и советник за млади при прилепската локална самоуправа.

Ланската практика на скрипти и интернет-истражувања ќе се повтори во новата учебна година што долгорочно се одразува на квалитетот на школството и образованието кај младите. Наставниците се чудат кој крај да го фатат. Некаде стигнале некои учебници, но недоволно.

Поучени од минатогодишното искуство кога недостигаа голем дел учебници, претпоставка е дека и оваа година ќе ни се случи да немаме учебници, или, можеби да добиеме материјали за работа, во еден учебник спакувани неколку учебници само за првото тримесечие, па повторно да доаѓаат ученници, пак ќе се снаоѓаме. Не знаеме како и кога ќе стигнат учебниците, ниту кои теми и содржини се опфатени во нив, а нашите годишни програми се веќе доставени до службите во училиштата. Навистина е сето неизвесно, а тоа влијае на целиот образовен процес и на општеството и треба да се запрашаме што се случува, вели Бумбароски.

Новата учебна година отвори повеќе прашања отколку што понуди одговори и за преку 10 000 основци и средношколци во Прилеп.

Децата немаат САПУН во школо, ама затоа директорката си нарачувала РАКИЈА и храна од буџетот на училиштето (Фото)

Родителите од градинката „Детска радост“ во општина Гази Баба, Скопје, формираат иницијативен одбор од пет преставници кои во следниот период ќе организираат активности за искажување на незадоволството од повторното именување на директорката Анета Петровска од страна на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска – пишува А1он.мк.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски ја разреши директорката на детската градинка „Детска радост“ поради незаконско работење утврдено во извештај на независен ревизор, но министерката со преземање на ингеренциите повторно ја назначи за директор.

Родителите до медиумите доставија писмо до медиумите во кое се и сметките за сите трошоци до до кои претходно дојде „А1он“.

Направени се трошоци за репрезентација, односно ако се видат фискалните сметки се забележува дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење.

Извршена е набавка на мебел во детската градинка за кабинетот на менаџментот, но според донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка, а службеното возило на градинката се користело за приватни цели.

„Службеното возило кое го има купено градинката со намена да разнесува храна за децата низ клоновите било злоупотребувано и истото се користело за приватни потреби. Во прилог Ви доставуваме и службени налози за користење на автомобилот во кој како дестинација за движење стои Петровец, местото каде што живее директорката“, тврдат родителите.

„Сите ние родителите на децата кои се згрижуваат во градинката Детска радост секојдневно сме должни со носењето на нашите деца да носиме и средства за хигиена (течен сапун), тоалет, влажни марамици, пластички чаши и слично.

Нема пари за нашите деца да се купат потребните работи за нормална грижа врз нив, но секако има пари за луксузен мебел за менаџментот, ручеци проследени со алкохол и за скапи бајадери.

Плативме за фотоволтаици поставени НА СЕВЕР !?

И на покривот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес се инсталирани фотоволтаични панели со цел од сопствено производство да ги задоволува своите потреби или да ја намали сметката за електрична енергија откако училиштата излегоа од регулираниот пазар.

Арно ама, наместо само на јужната страна, каде во најголем дел од денот би греело сонце, панели се поставени и на северната страна на покривот.

Фотоволтаициве насочени кон север? Со средства од Владата и МОН општините местат фотонапонски панели за сопствено производство на струја во училиштата. Кој паметен постави скоро половина од панелите насочени кон север? Дали основниот проект е згрешен или изведувачот толку си ја знае работата, прашува пратеникот Ненад Коциќ.

Подоцна во коментар објасни дека, според неговите информации, основниот проект бил изработен од консултант на училиштето и проектот воопшто не бил таков.

Изгледа некој не знае што е север, што е југ, пишува Коциќ.

Ги уби моите двајца другари, јас легнав преку нив за да помисли дека сум мртва – Сведочи ученичка во школото на Врачар (ВИДЕО)

Тргна да пука наизменично, во рацете држеше два шаржери, легнав преку моите двајца другари кои ги уби за да помисли дека сум мртва, сведочи ученичка во училиштето „Владислав Рибникар“ на Врачар, Белград, каде што утринава 14-годишен ученик кој го посетувал седмото одделение пукаше и уби најмалку шест лица.

Вооружениот ученик почнал да пука на часот по историја.

Прво почна да пука во наставничката по историја, а потоа продолжи да пука во училницата. Излезе од училницата, се слушаа пукотници, сведочи ученичката.

Ученикот по пукањето се обидел да побегне, но полицијата брзо го привела.

ЖЕСТОКИ РЕАКЦИИ ОД РОДИТЕЛИ: Се брише историја за 6-то, нашите деца не треба да знаат ништо за македонското минато и за предците

Во наставната програма за шесто одделение за следната учебна година која е објавена на интернет страницата на Бирото за развој на образованието недостасуваат предметите географија, историја и етика на религиите.

Поради тоа жестоки реакции од родители стигнаа на Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“ во која членуваат речисии 80.000 родители.

Нашите деца не треба да знаат ништо од ова! Нашите деца не треба да знаат ништо за македонското минато и нивните предци. А што понатаму и без географија? Според нив и етика на религии кој е многу убав предмет во кој децата ги изучуваат сите религии во светот и начинот на верување итн, не треба да постои. Со еден збор го бришат моралното, етичкото, историското, религиското!- стои во објавата.

Активистката Драгана Спасевска, како што објави А1он, најави дека ќе се менува цел систем по моделот на Финска, а ќе има и нова концепција за средно образование.

МЛАТАТ ПАРИ, а немаат ни ден школо! Една има вечерно, другата осмо одделение

Многу пејачи и естрадни уметници не завршиле големи школи затоа што кариерите им биле пред се. И вакви примери нема само по светот, туку и кај нас и во нашето соседство. На пример, Александра Пријовиќ и Весна Змијанац го напуштиле средното образование и се посветиле на пеењето.

Весна Змијанац нема завршено средно образование, но има диплома од курс за дактилографска работа. Нејзината колешка Александра Пријовиќ завршила само три класа средно, а во една прилика и ветила дека некогаш ќе матурира.

Освен Прија и Весна, основно училиште имаат и Љуба Аличиќ, Ера Ојданиќ, Зорица Марковиќ, Злата Петровиќ… Шериф Коњевиќ на прашањето колку школо има одговара со „дванаесет километри“, но тврди дека подоцна завршил средно угостителско. На оваа листа е и Хасан Дудиќ, а долго време се зборуваше дека и Дара Бубамара нема средно образование.

Едита Арадиновиќ, што е чудно особено затоа што е од помладата генерација, има само осум одделенија во основното училиште. Имено, таа се отпишала од Средното техничко училиште за дизајн на кожа, кое со текот на времето престанало да биде интересно за неа.

Но не се сите неписмени. Има и такви пејачи кои имаат завршено средно образование. Индира Радиќ е медицинска сестра, Халид Муслимовиќ е металостругар, Буба Мирановиќ е акушерка.

Вера Матовиќ завршила учителска, а Јелена Карлеуша средно трговско, исто како и Драгана Мирковиќ и Мира Шкориќ, додека Сека Алексиќ по професија е фризерка.

ВЕСНА НЕМА СРЕДНО, ама била во љубов со професорот по математика

Весна можеби не го сакала школото и математиката, но и се допаѓал професорот кој и го предавал тој предмет!

– Првиот сексуален однос го имав со професорот по математика, мојата тајна љубов. Иако бев малолетна, изгледав постаро за мојата возраст. Шминката и гардеробата придонесоа моето веќе формирано тело да се истакне уште подобро. Разликата во години не ми беше пречка. Бев импресиониран што возрасен човек со авторитет на учител ми посветува внимание и време. Водевме љубов покрај Ибар, крај корзото, изјавила еднаш пејачката.

Со маски нема да ги пуштиме децата на училиште, велат родителите кои бараат укинување на оваа мерка

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од голем број доктори кои јавно зборуваат за долгорочните штетни последици од носењето маски. Во таа насока аргументираат дека претседателката на Здружението на приватни матични лекари д-рЛилија Чолакова Дервишова, алармира за зголемени психолошки, социолошки, имунолошки, респираторни и дерматолошки последици.

Децата светот го осознаваат преку изразите на лицето, комуницирањето и размената на чуствства, а сето ова не е можно да се оствари преку маска со што веќе се гледа зголемена анкциозност кај децата, вели таа.

Според Др. Софијанова минатата година има регистрирано 500 случаи на ковид помеѓу децата, додека од почетокот на пандемијата нема ниту еден смртен случај.

Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помлада популација, вели Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и проф. на факултет.

Според Д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, бројот на хоспитализации на деца секаде низ светот, не само кај нас е многу мал и место за паника нема.

Маските кај најмалите ученици сметам дека се не функционални и се непотребни, вели тој.

Долготрајно носење маски и вдишување на она што го издишуваме, ги зголемува шансите од горнореспираторни инфекции од бактериите кои децата ги носат, сметаат докторите.

Микробиологот и професор д-р Никола Пановски и епидемиологот Драган Даниловски исто така сметаат дека децата треба да тргнат на училиште без маски. Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија смета дека „барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето“.

Од Иницијативата до властите доставено е Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата. Родителите се категорични во намерата дека со почеток на второто полугодие, нема да ги пуштаат децата со маски на училиште.