Tag Archives: Шкупи

Бугарскиот навивач кој беше повреден на натпреварот Левски-Шкупи пренесен со хеликоптер до Софија

Откако седум дена се лекуваше на Одделот за интензивна нега на хирургија во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје по хирушки зафат откако се здоби со повреда од нож во физичка пресметка со навивачи на Шкупи, повредениот навивач од Бугарија пренесен со хеликоптер од Скопје во Софија 

Надлежниот јавен обвинител денеска изврши распит на оштетениот пред неговото отпуштање од болница и ја обезбеди целокупната медицинска документација.

Постапката против четири лица за кривично дело – Насилство продолжува.

Се трага и по лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин.

ДИРЕКТОРОТ НА ФК ШКУПИ: Со пари од мојот данок не сакам да го спонзорирам најтрофејниот македонски ФК Вардар

Денеска Град Скопје донесе одлука да му се доделат 15.000.000 денари или околу 243.000 евра на најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Секако дека ваквата одлука предизвика задоволство кај фановите на Вардар, но истовремено реагираат и оние кои не се задоволни. Уште при донесувањето на одлуката во Советот на Град Скопје реагирале албанските пратенци кои истакнале дека ако се дава пари на Вардар треба да се даде и на Шкупи.

Попладнево на социјалните мрежи се огласи и директорот на ФК Шкупи, Омер Буњаку кој истакна дека не сака данокот кој тој го плаќа да се користи за помош на Вардар додека во Скопје има и четири други клубови.

„Кај нас е задолжително сите клубови да преминат во Акционерско друштво, значи ќе имаат свои спонзори, вклучително и некои други начини кои доаѓаат како помош од самата држава.

Но, не сакајќи да се занимава со темата акционерски друштва, Советот на Град Скопје како да заборава дека нема право да ги дели клубовите.

Ова го велам, затоа што во Првата лига нa Македонија, само од градот Скопје, во моментов се натпреваруваат четири клуба, Шкупи, Македонија Ѓ.П. , Работнички и Скопје, додека токму Советот на град Скопје, со поднесување на амандманот од советници на ВМРО и дел од советниците на СДСМ одлучија да му помогнат на клубот Вардар со 15.000.000 денари, кој се натпреварува во Втората лига. Овој клуб сега веќе не му припаѓа на градот, туку е во приватна сопственост.

Повреден играч на ФК Шкупи во Тетово (Видео)

При пристигнувањето на стадионот во Тетово нападнати се клубот и играчите на ФК Шкупи.

Спортскиот директор на ФК Шкупи, Омер Буњаку за ТВ21 вели дека има повреден фудбалер.

На снимката која ја обезбеди ТВ21, се гледа како играч лежи на земја.

Инаку, претходно на пунктот Скопје-Тетово полицијата ја врати навивачката група на ФК Скопје, Шверцери, пренесува ТВ21.

Видео:

https://fb.watch/cTF31Mp70U/