Tag Archives: Штип

Штипјанка роди четворка, трите момчиња и едно девојче голема радост во семејството

Штипјанката Благица Зикова од Штип вчера на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Бременоста на родилката ја следела докторката Елена Ели Николовска, која го извршила и породувањето.

Бебињата на брачниот пар Благица и Александар Зикови се родени во 31-недела од бременоста и се во добра здравствена состојба.

Почина 27-годишна штипјанка oткако ја каснал крлеж, луѓето со кои контактирала се под надзор

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека na 27.07.2023 година во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогредирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети.

Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).

Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите се нергаивни.

Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена.

Втор тим од епидемиолози од ИЈЗ направи увид на Инфективна клиника со пребарување на сите контакти и нивна класификација.

ИЈЗ подготви сеопфатна информација со сите преземени мерки како и препораки за понатаму.

(Видео) Мажи и жени се тепаат на градски базен во Штип

Видео од тепачка помеѓу мажи и жени на градскиот базен во Штип се шири на социјалните мрежи.

Од една страна три жени се кубат за коса, а до нив двајца мажи се тепаат со клоци и тупаници.

Присутните на базенот, збунето гледаат додека возрасни луѓе се тепаат.

Видео: https://fb.watch/lS2mwI1otc/?mibextid=Nif5oz

Бочварски платил само казна од 150 ЕВРА за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во штипската болница

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски платил глоба од 150 евра поради вработувањето на неговата сопруга како доктор во државното здравство. Државната комисија за спречување на корупцијата го казнила Бочварски бидејќи не пријавил дека таа се вработила во штипската болница. Таму се вработила и балдзата на Бочварски, сестра на неговата сопруга. Двете, биле преземени од приватна болница со работен стаж од неполни три месеци.

Истрагата на ДКСК покажала дека вработувањето на двете штотуку дипломирани докторки го побарало Министерството за здравство бидејќи недостасувал кадар во болницата. Со тоа се согласиле министерот за здравство и фондот, а желба да преминат од приватно во државно здравство имале и докторките.

Антикорупционерите го казниле министерот иако утврдиле дека без да прекрши ниту еден закон успеал за кратко време да ги добие сите дозволи, па дури и да обезбеди позитивно мислење од Министерството за здравство.

Сорпугата и нејзината сестра биле примени во државното здравство, еден месец пред владата да донесе заклучок дека медицинскиот персонал може да се преземе од приватното во јавното здравство.

Констатирано е дека Благој Бочварски не постапил и за конректни вработувања и не ја известил Антикорупциска. Паричната казна Бочвараски ја платил и тука завршува постапувањето на Антикорупционерите. Сега, Комисијата ќе прави и дополнителна анализа за заклочоци од владината седница да бидат норма во законот за здравствена заштита.

Вработен во општината ги распарчил гумите на градоначаникот на Штип – му се заканувал со месеци

Вчеравечер, еден и пол час пред полноќ, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, пријавил дека континуирано во неколку наврати добивал закани. Ова траело со месеци, а вчера затекнал и како гумите од неговото возило биле распарчени. Тој пријавил дека делото го сторил вработен во Општината.

„Градоначалникот на општина Штип пријавил дека Ј. М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, гумите на службеното возило што го користел градоначалникот од страна на Ј. М. биле исечени“, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

ЛЕБОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Во источна за 30, во јужна „и со зијан не ги оставаме луѓето без леб“, во северна нема, од Косово понуда и за 27 дeн

Помалите штипски пекари ја намалија цената на лебот и се продава за 3 денари поевтино од смрзнатата цена, а рафтовите во пекарите се полни.

– Лебот се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Немаме проблем со производство и со дистрибиција на леб во Штип. Ние не се придржуваме кон заканите, бидејќи ние мора да произведуваме за Штип и околината, изјави Николче Малинов, сопственик на пекара за ТВ Сител.

По најавата дека леб ќе нема, некои штипјани побрзаа со складирање на залихи, а други се подготвени самите да си месат, објави ТВ Сител.

Гевгелиската пекара Cake&Bake од изутрината е преполна со граѓани кои поитаа да се снабдат со леб по цена од 33 денари. По еднодневната пауза, откако беа повикани пекарите да не доставуваат бел леб по замрзнати цени, сопствениците на пекарата одлучија дека интересот на граѓаните е најважен, објави Дојче веле.

– Греота е да им скусиме леб на луѓето. Во оваа криза, кога лебот е основен за да се прехранат голем број семејства, ние одлучивме дека треба да продолжиме со работа и да го продаваме белиот леб по цена од 33 денари, вели за Дојче веле, Велика Карагонова Созуер, сопственичка на пекарата.

Како што објавивме денеска, во Скопје пекарите не доставуваат леб и бараат средба со претставници на Владата.

– Нашата одлуката останува во сила. И денеска нема да се ипорачува леб на пазарот. Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова и се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив, потенцира претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Вчера, пак, пекари од Косово, како што објави поратлот на албански јазик Лидери.мк велат дека се подготвени да носат леб во Македонија и за 27 денари.

(Д. Г.)

Браќата Наскови ќе полнат 103 и 100 години – ги посети штипскиот градоначалник

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов на првиот ден од Новата година ги посети најстарите жители во селото Караорман. Браќатата Симо и Ристо Наскови, годинава ќе наполнат 103 и 100 години.

Новата година ја поминале во домашна атмосфера, заедно со нивните синови и внуци. Симо годинава полни 103 години. Неговиот син Круме Насков вели дека до пред една година активно се занимавал со земјоделство, кога паднал во градината.

-До 102 години активно работеше во бавчата и оваа година имаше негови производи, што ги имаше посадено. Сакал да посади некое семе во оранжериите, но паднал и залегна. Една година како лежи во кревет. Нозете не му се добри, инаку здравствено е добар, вели Насков.

Ристо Насков во февруари ќе наполни 100 години. На сите им посакува здравје и среќа.

-Да бидеме живи и здрави сите! Македонија да ни биде жива и здрава и да биде држава, а ние Македонци, вели Насков.

Неговиот син Димче вели дека здравјето добро го служи, досега нема посетено лекар и се уште работи во својата градина, произведува патлиџани, пипер и разни земјоделски производи.

-Работи во оранжерии, продава пиперки и патлиџани. Ракија си пие по една чашка, приквечер и сабајле. Телевизија гледа многу, следи вести, со мозокот е здрав, работи со телефон, се слуша со ќерките, знае сам да ѕвони, знае се, вели Димче Насков.

Двајцата браќа Наскови од Општина Штип добија пригодни подароци.

-Да сте живи и здрави, добро здравје да ве служи во 2023 година, па следната Нова Година пак да се видиме, им порача градоначалникот Јорданов на двајцата најстари жители во Штип.

Со возило ги прегазил двајцата другари – загина 21-годишно момче од скопско Кадино

Момче прегази двајца другари. Едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Според информациите на СВР Штип, утрово околу 5:20 часот било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило.

Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница во Штип, каде што во 7:15 часот А.Ѓ. починал, а кај А.П. биле констатирани телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Штип.

Гужва на отворање на првиот трговски центар во источна Македонија (ФОТО)

Со свечено сечење на лента и преку целодневна музичка програма и активности за сите генерации, денеска беше официјално отворен првиот трговски центар во Источна Македонија – Штип Сити Мол.

Голем број на посетители од целиот регион дојдоа да го посетат трговскиот центар и да се запознаат со неговите содржини.


На вкупна површина од 12.780м², распоредени на 5 нивоа, Штип Сити Мол нуди тематски разновидни содржини и услуги кои ја заокружуваат целата идеја за еден светски мултифункционален објект и се очекува да стане најголема и најпосетувана атракција за целиот регион.

Дека потребата од трговски центар од ваков тип во Штип и во регионот е голема, покажаа уште еднаш сите граѓани кои денеска дојдоа заедно да го означиме почетокот на овој голем проект. Целата наша напорна работа во изминатиот период, посветеноста на сите вклучени страни, сите предизвици со кои се соочивме, се исплатеа за денес да имаме готов проект кој на 100 000 граѓани од целиот регион ќе им пружи незаборавно шопинг искуство, но и место за забава и дружба. Ова е само почетокот на една убава приказна која и ја посветуваме на градот Штип и заедно со сите вас ќе продолжиме да ја градиме.” – изјави Горан Јордев, сопственик на Штип Сити Мол.

Штип Сити Мол како најголем и најмодерен трговски центар во регионот претстава голема инвестиција која, со околу 250 директни вработувањa придонесува за развој на економијата во целиот источниот регион, а особено во градот Штип.

Овој нов трговски центар на граѓаните, но и на градот Штип ќе им пружи квалитетно шопинг искуство по светски стандарди, место за забава и дружење, и ќе претставува вистинска регионална атракција и место за уживање на целото семејство. Вашите омилени брендови, продавници, ресторани сега поблиску до вас!

НЕВИДЕНО – Драги граѓани ОВА ГО ИМА САМО ВО МАКЕДОНИЈА ! (Видео)

Поставениот јавен тоалет во населбата Баби во Штип, остана без тоалетна шолја затоа што некој одлучил да ја украде, објави тв Стар.

Граѓаните се згрозени од овој чин, а со кражбата јавниот тоалет е целосно нефункционален.