Tag Archives: штркови

(ФОТО) НАЈГОЛЕМОТО ШТРКОВО ГНЕЗДО ВО ЕВРОПА СЕ НАОЃА ВО МАКЕДОНИЈА!

Дали знаевте дека најголемото штрково гнездо во Европа, чија височина е 3,2 метри се наоѓа на покривот на Задружниот дом во Чешиново. Фотографијата е веднаш под текстот.

Штрковите се вратија во своите домови во прилепско (ФОТО)

Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.

Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, низ Пелагониските села веќе може да се види нивното присуство.

Фотографиите се од денеска од прилепско Беровци, каде овие благородни птици веќе се вратени во своите домови.

ФОТО: Во скопско Орешани убиени два штрка и фрлени блиску до нивното гнездо

Во скопското село Орешани во Општина Зелениково, убиени се два штрка, а нивните тела лежат во близина на нивното гнездо.

Штрковите, како што објави порталот Скопје инфо, се препознатлив знак за ова село, а нивните гнезда може да се видат кога се патува со воз од Скопје кон Велес, Битола или Гевгелија.

На некого му пречеле овие прекрасни птици, кои не прават ни врева ниту штета на луѓето, се хранат со жаби, змии и риби и се чистачи на човековата околина.

Жителите од Орешани се згрозени од овој злочест чин на непознатиот сторител.Содржината продолжува после огласот

“Стоп за опаѓање на косата пред да биде предоцна! “Sponosored by MonadPlug

Штркови среде снег во февруари во Тиквешко

Росоман, 18 февруари 2021 (МИА) – Во Тиквешко, во полето кај росоманското село Манастирец, долетаа штркови, иако оваа појава среде снег во февруари не е вообичана.

Од Здружението за заштита на природата „Аквила” сметаат дека можеби штрковите воопшто не мигрирале.

-Ова е нешто што првпат го видовме сега. Не само што е рано, туку е и надвор од памет сега да се видат штркови. Или воопшто не мигрирале кон потоплите краишта како порано или немам објаснување како дошле толку рано, вели за МИА претседателот на Здружението за заштита на природата, ,,Аквила” од Кавадарци, Емануел Лисичанец.

Во селото Манастирец од порано има неколку гнезда со штркови на кои им се радуваат и мештаните, но и оние кои поминуваат оттаму.