Tag Archives: Шутка

ЗАТВОР ЛИ Е, ХОТЕЛ ЛИ Е ? – Уште еден затвореник побегнал од Шутка

Стоилковски: Ново бегство од затворот „Скопје”, мора ли крв да падне како во Идризово за одговорност на Тупанчевски и Андов „Сокол”?

Уште еден затвореник побегнал од затворот Скопје во Шуто Оризари и ова е второ бегство за две недели, истакна денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

– Пред два дена од затворот каде директор е Филип Андов Сокол, избегал Ариф Алили од Кичево. И Алили, најновиот бегалец од затворот под окото на Сокол, како и бегалецот од пред две недели бил дел од таканареченото „слободно одделение”. Ариф е еден од двајцата браќа Алили добро познати на кичевската јавност, уапсен во септември 2020, бил осуден на три години, по опсежна акција за апсење на нарко дилери, а од затворот Шутка бега на 5 месеци пред истекот на казната. Ова повеќе не може да се гледа како случајност, ова се системски пропусти, ако не и намерни системски пропусти. Ова повеќе не е држава, туку територија на мафијата, во којашто затвореници кога сакаат непречено излегуваат од затвор. Пред само две недели од Шутка си замина Нафи Абдиовски, затвореник со цел фотоалбум со цело СДС, власта му премолче на миленикот Сокол. Сега се случува уште едно бегство, а власта пак молчи и се крие. Уште колку затвореници треба да излезат од Шутка за да се побара одговорност? Мора ли крв да падне, како во Идризово, за да се реагира? – изјави Стоилковски.

Ваков дебакл нема никаде во светот, порача Стоилковски.

– СДС сѐ уште си го чува Сокол за директор, а во затворската полиција луѓе коишто по наредба и по потреба ги обезбедуваат собирите на СДС. Затворите станаа решето, од нив бега секој што има врска со СДС, мафијата и нивните структури распоредени во затворската хиерархија. Потребни се оставки и одговорност и од миленикот на СДС, Филип Андов Сокол и од министерот за правда, Никола Тупанчевски. Ниту право, ниту правда, ниту систем има со СДС. Потребна е одговорност и таа ќе дојде по изборите – рече Стоилковски.

УШТЕ ЕДНО БЕГСТВО ОД ЗАТВОР – овој пат од Шутка!

Осуденици и понатаму успеваат да избегаат од затворите во земјава. По бегството на затвореникот од затворот Идризово, имало бегство и од затворот Шутка.

Информациите за Алсат ги потврдија и од затворската управа. Заменик-директорот Садуш Арифи вели дека на 14 јануари избегал Нафи Абдиовски, осуден на 8 месеци. Избегал околу 17.00 часот, а од затворот велат дека ги известиле сите надлежни.

„Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата“, рече Садуш Арифи, Заменик-директор на затворот Шутка.

Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.

„Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена“, велат од МВР.

Инаку, бегалецот Абдиовски може да се види на некои фотографии на социјалните мрежи со актуелни владини, но и поранешни функционери.

Мијалков излезе од Шутка со насмевка: „Не бегам бе, зошто да бегам?“ (Видео)

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, пред околу половина час излезе од Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој беше експресно пуштен откако претходно денеска Апелацискиот суд му го укина притворот кој му го определи Кривичниот совет минатата среда за предметот „Плацови на Водно“.

На излегување вечерва тој кратко им изјави на насобраните новинари: „ „Не бегам, зошто да бегам?“

Како гаранција дека нема да бега Мијалков на државата ѝ понуди имот во вредност до 11 милиони евра.

Mијалков излегува од Шутка

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК, за притворот во случајот „Плацови на Водно“. Се очекува Мијалков денеска да излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде што тој ја издржува мерката притвор.

Гаранцијата за тоа дека нема да бега е 11 милиони евра во имот. Оваа гаранција веќе беше понудена и за притворот во случајот „Трезор“. За овој случај Мијалков доби првостепена пресуда од осум години затвор.

Апелацискиот суд за случајот „Трезор“ минатата недела ја прифати гаранцијата и го укина притворот, но истиот ден по итна постапка, за случајот „Плацеви на Водно“, на предлог на обвинителката Лиле Стефанова беше побаран притвор за Сашо Мијалков од 30 дена и веднаш беше прифатен од кривичниот совет на Основниот кривичен суд. И во случајот „Плацеви за Водно“ Мијалков е еден од обвинетите, заедно со Никола Груевски и Орце Камчев.

Рашковски понудил половина милион евра за да излезе од Шутка, Обвинителство одобри

Драги Рашковски, поранешен Генерален секретар на Владата, нуди половина милион евра гаранција за да излезе од притвор објави 360 степени.

Според нив, вишото јавно обвинителство, дало позитивно мислење Рашковски да ја напушти Шутка, а конечна одлука треба да донесе Апелациониот суд. Рашковски е зад решетки од 21 – ви април.

Осомничен е за набавка на софтвери додека беше ген сек на Владата, а според обвинителството за организиран криминал и корупција, преку јавните набаки кои тој ги спровел направена е штета врз буџетот од околу 180 илјади евра.

Експресна одлука стигна од Апелација – Драги Рашковски од Шутка заминува во куќен притвор. Од судот за ТВ24 велат – Советот не ја прифатил гаранцијата, туку се одлучил за куќен притвор, бидејќи постои основан страв дека може да се уништат траги на кривичното дело, или Рашковски да ја попречува истрагата.  

„Притворот за Рашковски е определен по член 165 став 1 точка 1 и 2. Жалбата на решението за притвор е со гаранција. Бидејќи нашиот Совет оценил дека се уште постои точката 2, поради која е определена мерка притвор, а точка 2 се состои во постоење основан страв дека може да се уништат трагите на кривичното дело, или кога постојат околности што укажуваат дека обвинетиот може да ја попречува истрагата, значи кога постои тој основ тогаш мерката притвор не може да се замени со гаранција.“  – Апелација.

Готвачот од Шутка сега гугла: „Како да направиш тортиљи“

Статуси на денот од Божидар Божиновски:

Готвачот во Шутка сега гугла “how to make tortillas”.

Posted by Божидар Божиновски on Wednesday, April 21, 2021

“Рашковски оди во Шутка” То беше негде до Акапулко во близина?

Posted by Божидар Божиновски on Wednesday, April 21, 2021

Од Мексико во Шутка, Рашковски однесен во затворски притвор

Рашковски беше донесен во затвпрскиот притвор во Шутка – по прифатената жалба на обвинителството.

Судот ја прифатил жалбата која ја поднесе Основното јавно обвинителство за одлуката Драги Рашковски да биде во домашен притвор.

Наместо дома, Рашковски пред неполни 15-тина минути беше префрлен во истражниот затвор во Шутка.

Во едно од делата за кое се гони Рашковски се терети за случај во кој злоупотребил државни пари и набавил софтвер чиј автор е и самиот. Софтверот не бил потребен на МВР.