Tag Archives: Швајцарија

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Швацарија објави оглас, еве кои се условите

Швајцарското село Албинен во кантонот Вале нуди повеќе од 50.000 евра на семејствата кои се подготвени да се преселат на 1.300 метри надморска височина каде што ќе ги пречека недопрената природа.

Имено, ова живописно село сместено на планинска падина последните години се соочува со проблем на депопулација поради недостиг на работа, а бидејќи има само околу 200 жители, швајцарската влада одлучила да им плати на луѓето да се преселат.

Владата нуди 25.000 евра за возрасен, 50.000 евра за двочлено семејство и дополнителни 10.000 евра по дете. Сепак, постојат неколку услови што мора да ги исполните.

10 години на село

Имено, сите оние кои сакаат да дојдат и да живеат тука од својата работа мора да бидат помлади од 45 години. Покрај тоа, тие мора да останат да живеат во селото најмалку 10 години.

Добиената финансиска поддршка мора да ја вложите во купување на недвижен имот со минимална вредност од 200.000 евра и тој да стане ваш постојан дом, а не второ живеалиште. Доколку ги прекршите условите, ќе мора да ги вратите парите на државата.

Дополнително, за да аплицирате, мора да сте швајцарски државјанин или да имате дозвола за постојан престој (Дозвола В). За оние кои доаѓаат од земја членка на Европската унија, дозволата може да се добие за пет години.

Во Базел луѓето СЕ ВРАЌААТ ОД РАБОТА ПЛИВАЈЌИ по реката Рајна (Видео)

Инфлуенсерка Вана Бојовиќ објави видео на Интаграм на кое се гледа како луѓето пливајќи се враќаат од работа.

Таа вели дека постојат повеќе причини за тоа, скапиот јавен превоз, но и топлите температури па сакаат да се разладат.

Користат посебни водоотпорни торби во кои веројатно ја ставаат облеката и личните предмети.

Видете за што се работи:

https://www.instagram.com/reel/CvDGJe-oMTX/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==

„Во Швајцарија не смеат да плукнат на улица, а не да не платат струја“:Тасевски „распали“ по Слупчане

Актерот Сашо Тасевски го сподели својот став на фејсбук за инцидентот кој се случи синоќа во Слупчане, кога жителите не им дозволија на екипите на ЕВН да влезат во селото.

– Не можеш држава да изградиш со такви групи кои плаќањето струја што ја користеле го доживуваат како како атак на нивното село или племе. Како чин на етничка агресија и нивна дискриминација. Не можеш, вели Тасевски.

Тасевски раскажува дека еден негов сосед, кој работел во ЕВН, едвај спасил „жива глава“ поради идентична ситуација.

– Еден комшија, во ЕВН работеше, одеше да бара диви приклучоци по овие проевропски супермодерни села и заедници каде плаќањето струја го сметаат за примитивно, беше тепан, навредуван, еднаш едвај жива глава спасил од мештаните кои додека се на печалба во Швајцарија не смеат да плукнат на улица а не да не платат струја. Човеков прво бараше што било да го стават да му намалат и плата само да не го праќаат во овие недопирливи села од законот на оваа недржава. Се разболе од ПТСП синдромот поради траумите по тие села, заканите, се пропи од тие стресовите што ги преживеа. Не е веќе за ништо, иако работи нешто десетто. Ти кажува нешто и одеднаш ќе почне да плаче. А бе каква Европа. Ние сме Европа само географски. Инаку сме деволуирале 20 века. Некои од нас. Ментално сме на ниво на скандинавците од 1 век кога живееле со мечки и мочале по пештери во огнот, додека овде имало цивилизација, објави актерот.

Тројца македонски планинари го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи

Двајца планинари од Кавадарци и еден од Неготино, денеска го искачија врвот Брајтхорн Зермат на швајцарските Алпи, што се наоѓа на надморска височина од 4.164 метри.

Станува збор за кавадарчаните Гоце Попов и Весна Чемерска, членови на планинарското друштво „Орле” и неготинецот Пере Самандов.

-Немаше никакви проблеми. Планинаревме пет часа и триесет минути. На врвот  беше минус осум степени, времето облачно, изјави Попов за МИА. (МИА)

Заев: Можеме да бидеме Швајцарија на Балканот

Дебар секогаш бил пример за соживот. Јас сум учел токму од Дебар. Порачувам да си го сочуваме заедништвото, да се почитуваме и да не дозволиме никој да не дели заради политички цели, беше пораката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев до дебрани на изборниот митинг одржан попладнево.

Исто така тој ги повика своите сопартијци и сите дебрани да го подржат Хекуран Дука, од ДУИ, за градоначалник „ кој го заслужува вториот мандат, како човек кој вреди, кој реализираше проекти во изминатите години за доброто на сите граѓани во општината“.

-Парарелно со решавање на проблемите, кои не беа решени 30 години, не ги заборавивме општините. За четири години во општините реализиравме 7.000 проекти со директна подршка од централната власт, изградивме 70 училишта, 60 градинки и многу други што се во интерес на локално ниво. Ја зголемивме минималната плата од 9 на 15 илјади, а догодина таа ќе изнесува 18 илјади. Од јануари пензиите ќе се пресметуваат според нова методологија, според порастот на просечната плата, а пензискиот фонд е стабилен. Невработноста на младите од 42 отсто се намали на 22 отсто а вкупната невработност од од 25 на 15,9 отсто, рече Заев најавувајќи продолжување со реализација на проекти, посочувајќи повеќе од нив за општина Дебар.

Тој рече дека донеле историски одлуки кои некој немал храброст да ги донесе.

-Станавме земја – членка на НАТО, што значи ја обезбедивме безбедноста и сигурноста, дома сме сплотени сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и другите, со сите соседи имаме добри односи и соработка, очекувам да го надимнеме и проблемот со Бугарија, на меѓународен план сме почитувани и земја со многу пријатели, додаде Заев.

Порача дека земјата ги има сите природни убавини и богатства и оти можеме да бидеме Швајцарија на Балканот „само што треба да бидеме единствени и да работиме на тоа“.

Пред дебрани се обрати и носителот на листата за советници во Советот на општината, Зеќир Демоски.

-На кандидатската листа се луѓе интелектуалци и профсионалци, кои ветувам дека ќе работат за интерсот на граѓаните. Ќе бидат присутни меѓу граѓаните како во градот така и во селата, за да непосредно ги слушнат проблемите, да ги презентираат во Советот и да бараат нивно надминување, рече меѓу другото Демоски.

На митингот присуствуваше и кандидатот за градоначалник, Дука, пратеничката во македонскиот Парламент од Дебар, Арбана Пашоли и членови на оваа партија.

(Видео) Eckалира ситуацијата во Швајцарија: Полициjaта со coлзавец, водени тoпoви и гумени kypшуми ги рaстеруваше дeмoнcтрантите

Швајцарската полиција употреби водени топови, гумени куршуми и солзавец за да ги прекине протестите против ковид пропусниците, додека демонстрантите ги пробија бариерите пред зградата на парламентот во Берн.


На неодобрениот протест против владините мерки за корона, што се одржува секоја недела, околу 500 демонстранти се собраа со барање да ги откажат пропусниците за воведување на ковид, воведени на 13 септември, пренесува РТ.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како полицијата ги тепа демонстрантите додека ги апси, и ги растерува демонстрациите со водени топови, солзавец и гумени куршуми.

Ќе ја направам Македонија како Швајцарија, не мислам на кантонизација туку подобар живот за сите граѓани

Претседателот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека уште во 2001 година изјавил дека планира да ја направи Македонија како Швајцарија.

„Тогаш дел од македонските медиуми и политичари го разбраа тоа како провокација. Пишуваа и говореа дека планирам да ја кантонизирам Македонија. Еве сме денес, 2021, 20 години подоцна, Македонија е членка на НАТО, и денес зборувам да ја направам Македонија подобра земја за сите граѓѓани. Да имаме подобро образование, подобро здравство за сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци и сите…“, посочи Ахмети.

Целата емисија со Ахмети ќе може да ја погледнете вечерва во 21:30 на ТВ21 со превод на македонски јазик.

Македонец од Швајцарија распали по Македонија: Овде нема спиење по кафаните, овде се работи по цел ден за да го заработиме она што го имаме

Ќе кажат – па сигурно вам ви е лесно. Заработувате одлична плата од 1500 евра месечно, возите убави автомобили, живеете во чисти и зелени средини, вашите деца одат на одмори каде што ќе посакаат, можат да си дозволат скапа и луксузна гардероба, скапи телефони, и се што ќе посакаат.

Но, реалноста е сосема поинаква. Многумина од оние кои живеат во Македонија, мислат дека животот во странство тече како мед и млеко и дека овде ние, што заминавме од нашата татковина сме свои на своето.

Тоа не е само што не е така, туку многумина од оние кои за жал заминаа од својот дом, не само што не уживаат во својот живот, туку работат целодневно за да успеат да го заработат она за кое вие мислите дека е многу лесно да се заработи.

Јас сум дојден во Швајцарија пред 7 години и можам да ви кажам дека животот овде е убав и истиот има многу позитивни работи, но истовремено и негативни.

Кои се позитивните?

Позитивните работи се што како што велат многу мои браќа и сестри од Македонија, ние можеме да си дозволиме да купиме квалитетна храна за семејството, што можеме да им обезбедиме подобро образование, подобро здравство, тоа што живеат во чиста и зелена животна средина со чист воздух, средина во која преовладува културата, средина во која луѓето се цивилизирани и знаат што сакаат да направат за себе и за својот живот.

Да, овде заработуваме по 1500 евра и тоа е навистина огромна предност ако се земе предвид фактот дека во Македонија се зема плата од 250 евра. Предноста овде е што твојот работодавец го цени твојот труд и за истиот си платен онолку колку што треба. Тоа е дополнителна мотивација за работа, која е многу напорна и целодневна.

Но, кои се негативните страни или ајде да кажеме оние на кои македонецот не е навикнат.