Tag Archives: Шведска

Шведска ги укинува сите Ковид мерки!

Шведската Влада денеска објави дека од 1 април ќе се укине забраната за влез во државата за граѓаните на земји кои не се членки на Европска Унија. Тоа значи дека ќе се укине задолжителните вакцинален сертификат или потврда за примена вакцина против Ковид-19.

– Ја укинавме забраната за земјите-членки на ЕУ, а сега Владата одлучи да ја укине забраната за земјите надвор од европскиот блок, изјави министерот за правда Морган Јохансон.

Забраната за влез на граѓани надвор од ЕУ беше воведена во март 2020 година и постојано се продолжуваше до 31 март.

Во Шведска од 1 април Ковид-19  повеќе нема да се класифицира како закана за јавното здравје и опасност за општеството.

ШВЕДСКА „уво не ја боли“ за ОМИКРОН сојот: Тоа е една ИСТА БОЛЕСТ

Главниот шведски државен епидемиолог, Андерс Тегнел, вели дека Шведска нема намера да ја промени својата актуелна стратегија за справување со пандемијата поради појавата на сојот омикрон, пренесува „Локал Шведска“.

Сè уште е истата болест. Имаме причина да веруваме дека мерките што ги презедовме досега ќе бидат ефективни и против овој вид – изјави Тегнел, додавајќи дека сè уште има сомнежи и загрижености за тоа колку ефикасни ќе бидат постојните вакцини против сојот омикрон.

Во Шведска досега се потврдени четири случаи на омикрон, два во Стокхолм, еден во Јонкопинг и еден во јужната провинција Скане. Сите случаи се поврзани со патување во Јужна Африка.

Во Шведска, од денеска организаторите на јавни настани со повеќе од 100 луѓе, пред се во културниот, спортскиот и забавниот сектор, мора од учесниците да побараат сертификати за вакцинација или да воведат дополнителни мерки, како што се ограничен број учесници. Мерката не се однесува на ресторани, кафулиња, продавници, училишта, јавен превоз и јавни институции.

Иако бројот на заразени во последните денови е зголен, Шведска сè уште има една од најниските стапки на инфекции и смртност во Европа. Во последните седум денови, починале вкупно 20 лица.

Во болниците има 291 пациент кои боледуваат коронавирус, од кои 41 се на интензивна нега. 79 отсто од луѓето над 12 години се вакцинирани со две дози.

Пендаровски го користеше јавниот превоз во Шведска (ФОТО)

,,Не е ретка глетка да се видат шведски функционери како користат јавен превоз за да се движат низ и меѓу шведските градови. Всушност, тоа е претпочитаниот начин на транспорт низ цела Шведска за луѓе од сите возрасти и сфери на живот. Една од причините: грижа за животната средина, бидејќи возовите придонесуваат помалку за емисиите на јаглерод отколку авионските патувања.Среќни сме што и претседателот на Северна Македонија г -дин Стево Пендаровски ја користи шведската железница додека е во Шведска. За време на своето патување, придружуван од шведската амбасадорка г -ѓа Кристин Форсгрен Бенгтсон, тој имаше шанса да ужива во шведска фика со земички од цимет и кардамон“, напишаа од Шведската амбасада.

Шведска му покажа на светот како треба: Шведскиот модел беше нajycпешен, во последните 7 дена имаат НУЛА ПОЧИНАТИ

Рекорден број на заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на столбот на срамот во светските медиуми поради лабавата анти-ковид-политика.

Британски „Гардијан“ го окарактеризира шведскиот пристап како „катастрофа во најава“, додека Си-Би-Ес Њуз објави дека Шведска е пример како не треба да се решава кризата со коронавирусот.

И покрај сите критики, Шведска се уште ги има најслабите епидемиолошки мерки против коронавирус, земјата е полна со туристи, се работи и функционира нормално, учениците одат на училиште и сето тоа без речиси никакви ограничувања.

Исто така, шведските власти не само што не се закануваат со воведување рестриктивни мерки, туку и не ги препорачуваат. И каков е резултатот?

Најновите податоци покажаа, земени во последните седум дена, дека бројот на смртни случаи од Ковид-19 е нула. И така во сите тие претходни седум дена.

Значи, како што се заклучува во текстот на порталот fee.org, а пред една година беше јасно дека приказните за „катастрофата во најава“ се неосновани, а сега, една година подоцна, се покажа дека шведскиот пристапот бил точен.

Ова го докажуваат и месечните бројки, како оние за бројот на заболени така и економските. Денес, Шведска е послободна, поздрава и со повеќе пари од која било друга европска земја.

Среќен е дека оди во финале, но во себе крие траорна приказна! Бегал од војна, останал сирак…

19-годишниот Тусе се пласираше во финалето на Евровизија, а во прашање е претставникот на Шведска со песната „Voices“.

Неговите соништа денес стануваат стварност, иако животот на ова младо не бил секогаш розов. Приказната на шведскиот претставник многумина ќе растажи.

Ова момче е родено во Киншаса, главниот град на Конго, но родниот крај и семејството го напуштил пред војната, па тој со 5 години завршил во Уганда сам. Живеел во камп, а преживеал благодарение на УНИЦЕФ. Добил азил во Шведска, каде до 13 години менувал старатели. Со таткото има контакт по телефон, додека мајка му починала пред пет години во Конго.

Победил во шведскиот Идол и оттогаш кариерата му е во подем!