Tag Archives: СимонаЖивковска

(Видео) Мaкeдoнкaтa Симона Живковска нa мaкeдoнcки jaзик вo „Цpнa Вдoвицa“ нa Mapвел

Во новиот проект на серијалот Црна Вдовица на Марвел игра македонската актерка Симона Живковска која гради меѓународна кариера по преселбата од Македонија во Велика Британија.

Живковска во сцените од филмот глуми на македонски јазик што е раритет за вакви холивудски “блокбастери” кои заработуваат стотици милиони долари на кино благајните.

“Ни преостанува помалку од еден месец! Едвај чекам да го видите ова!”, пишува Живковска давајќи ја информацијата дека во филмот таа зборува на мајчин јазик – македонски.

Во видеото јасно се слуша дека во хитот во кој главна улога игра една од најплатените холивудски актери Скарлет Јохансон македонската актерка зборува на македонски јазик.

Симона Живковска работи во Велика Британија а освен македонско има и западноиндиско потекло поради нејзиниот татко кој е од Свети Мартин.
Симона е родена во Скопје, Република Македонија , поранешна Југославија а се преселила во Велика Британија за време на раните детски години во 2001 година.

Својата прва ТВ работа Симона ја добила на 17 години на почетокот на 2012 година за потоа да ја игра главната жена во критикуваната драма на Би-Би-Си „Моето убиство“ (во режија на Брус Гудисон), стои во биографијата на Живковска.