Tag Archives: СимонТрпчевски

Маестро Симон ја крена Виена на нозе – „Македонисимо“ на Трпчески и пријателите, одекна во „Музикферајн“

„Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот ‘Македонисимо’, кој Панде Шахов овој пат го обои во најразлични оркестарски бои, за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ ‘Музикферајн’ се разлеаја корените на македонската нација“, изјави Трпчески, видно инспириран.

Неверојатен прием на пребирливата виенска публика на проектот Македонисимо на Симон Трпчески и Панде Шахов во престижниот музички центар од светско значење каде вчера беше одржана премиерка на проектот кој зборува за македонскиот музички фолклор.

Трпчески и другарите биле испратени со стоечки овации што не се случува често во Музикферајн.

„Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавена светската премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, која завчеравечер се одржа во најпрестижната светска концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар и диригентот Јутака Садо од Јапонија. Беше привилегија да се присуствува на овој голем настан за македонската музичка уметност, посочи Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Во изјавата за МРТ, Трпчески истакна дека концертот им донел на членовите на „Македонисимо квинтетот“ многу возбуда, среќа и гордост.

https://www.viennaticketoffice.com/makedonissimo-very-macedonian-simon-trp-eski-yutaka-sado-tickets-406095-de.html

Симон Трпчески добил јајце откако во Кина ја свирел „На Струга дуќан да имам

Со голем ќеиф и гордост зборува македонскиот виртуоз Симон Трпчески за неговиот проект „Македонисимо“, кој вели во превод значи „Ептен македонски“. По бесплатните концерти пред македонската публика, проектот кој не наиде на разбирање и поддршка од институциите, ама затоа пак го воодушевува светот, Трпчески со дел од музичката екипа со која настапува, отсвири дел од овие песни во студиото на „Еден на Еден“.

На божиќниот специјал, кој ќе биде прикажан во недела, 18.30 на „Канал 5“, Трпчески зборува и за своите многубројни настапи низ светот. На еден од нив, во Кина, веднаш по изведбата на „На Струга дуќан да имам“, го изненадил Македонец.

Гледам излегува човек од публика, доаѓа и ми носи јајце. Велигденско јајце на сред Кина, си велам бреееј јаки сме, раскажува Трпчески за концертот за православниот Велигден.

https://fb.watch/hXxHwr7Lrb/

Маестро Симон Трпчески е Маж на годината за 2022

Маестро Симон Трпчески е добитник на наградата „Маж на годината“ за 2022 година, на официјалниот избор „Мажи на годината“ во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.

Гламурозната манифестација „Мажи на годината“, настан поддржан од „Casinos Austria International Macedonia“, по петти јубилеен пат се одржа во хотелот „Хилтон“, со најголема посетеност досега. Во присуство на голем број претставници од бизнис секторот, јавниот живот, амбасадори и ексклузивниот гостин Петар Грашо. Беа избрани 13 најуспешни мажи, во 13 категории кои ја одбележале 2022 година. Според официјалниот избор на жири комисијата во чиј состав се членови од институции, новинари, претставници на бизнис секторот, режисери и стилисти, титулата „Маж на годината 2022“ ја понесе Маестро Симон Трпчески.

Симон Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и најдобриот македонски пијанист на сите времиња, човек со беспрекорен стил во музичката индустрија.Тој ја доби и наградата за „Маж со најголем придонес во културата“.

Наградата „Маж со трајни вредности“ ја доби Проф. Д-р Аце Миленковски, „Маж со најголем придонес во општеството“ му припадна на Игор Гешовски -генералниот директор на Еко Логистик, наградата „Маж странец на годината“ ја доби Амбасадорот на Јапонија, господинот Хиронори Савада, наградата „Маж со најдобар стил“ ја доби Павле Камилоски. „Маж менаџер на годината“ ја понесе Д-р Емил Угриновски, за наградата „Маж со најголем придонес во спортот“ беше избран Калин Ивановски, генралниот директор на Тиго Фајнанс – Филип Димитровски ја доби наградата „Млад менаџер на годината“, додека Амар Салиу ја доби наградата „Менаџер на годината до 40 години“. Во категоријата „Маж на годината според социјалните медиуми“ публиката го одбра Отец Оливер Петровски, најголемиот хуманист во Македонија за изминатава година.

На настанот кој традиционално се одржува во ноември во чест на месецот на машкото здравје наградата „Хедонист на годината“ отиде во рацете на Илија Малинковски, а наградата „Маж на годината според организаторите“, ја доби легендарниот Игор Џамбазов.

Изборот „Мажи на годината“ секоја година традиционално се одржува последната среда од месец ноември. А организаторите оваа година го најавуваа како спектакуларен.

ФОТО: Концертно шоу на маестро Симон со македонски дрес и шал!

Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вечерва ќе одржи концерт во Букурешт, Романија.

Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.

Гости на овој грандиозен настан ќе бидат Македонските репрезентативци кој утре ги очекува дуел со Украина за вториот меч од ЕУРО 2020. Се надеваме звуците на пијаното на Трпчевски ќе помогнат во клучниот меч на Македонските репрезентативци.

Трпчески е верен навивач на македонската фудбалска репрезентација, а својата поддршка на дебитантскиот настап на „црвено – жолтите“ на ЕУРО2020 ја сподели со фотографии од трибините на Националната арената во Букурешт преку својот Твитер профил.