Tag Archives: Синклитикија

Преподобна мајка Синклитикија Александриска од Македонија

По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа заради брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва.

Нејзините поуки од монасите се постојано сметани за вистински духовни бисери, бидејќи светата Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно размислување и духовно општење со Божествениот свет.

Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година. Меѓу другото, света Синклитикија велеше: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во истите болести“.

Уште велеше: „Како што изложеното богатство брзо го разграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“.