Tag Archives: систем

Хакери го „киднапираа“ системот на ФЗО и сега бараат откуп од 2.000 Биткоини!

ИТ системот на Фондот за здравство е хакиран со помош на вирусот „ransomware“, а хакерите бараат откуп за да го ослободат. Ова го откри премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната прес конференција.

-Се работи за напад со ransomware. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот со хакерскиот напад во Фондот за здравство бидејќи моментално не може да функционира трезорот и исплатата на финансиските средства по различни основи, рече премиерот.

Ransomware е малициозен софтвер кој користи шифрирање за да ги заклучи информациите на жртвата и потоа за нивно ослободување да се бара откуп. Критичните податоци на корисникот или организацијата се шифрираат за да не можат да пристапат до датотеки, бази на податоци или апликации. Потоа се бара откуп за да се обезбеди пристап. Ransomware често е дизајниран да се шири низ мрежата и да таргетира сервери за бази на податоци и датотеки, и на тој начин може брзо да ја парализира цела организација.

Откуп од 2.000 биткоини бараат хакерите за да му ги вратат сите податоци на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), дознава МКД.мк од свои неофицијални извори од оваа институција. Од Министерството за внатрешни работи велат дека таков податок немаат. Според нашите информации во оваа институција е хаос за да се средат податоците, а наводно хакерите побарале огромни суми во виртуелна валута за да ги вратат сите податоци. Од Фондот, пак, уверуваат дека анализата на експертските технички тимови утврдила дека при сајбер нападот нема одлевање на податоци надвор од базите.

Министерот Сали НЕ ЗНАЕ дека ТРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ СИСТЕМОТ на Фондот за здраство, а РЕЦЕПТИ САМО НА ПРИВАТНО

Системот за Е-услуги на Фондот за здравствено осигурување(ФЗО) е недостапен веќе трет ден.

Од ФЗО вчера известиле дека се работи за технички проблем на серверите и дека се работи на дијагностицирање на проблемот.

Министерот за здравство, Беким Сали, не даде никакво објаснување зошто системот не работи.

„Немам информации. Јас би предложил да се обратите до авторитетите, директорите на Фондот“ – кусо одговори министерот Сали.

Системот служи за граѓаните да можат да го проверат своето здравствено осигурување, изборот на матичен лекар, додека самите вработени во здравството преку него можат да ги проверуваат информациите за своите пациенти и други услуги.

ПАНИКА ! Колабирал системот на ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО – Сигурни ли се податоците на граѓаните ?

Колабираше системот на најголемата здравствена институција во земјава. Од вчера и централата и подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување не работат. Дали се работи за хакирање на системот на Фондот допрва ќе се истражува. Од Министерството за внатрешни работи не одговараат дали нивен тим е излезен на терен за да провери за што станува збор- пишуваат од Инфомакс.

“Има технички проблеми во серверската инфраструктура во централата. Се работи на отстранување на дефектот“, кусо ни одговори портпаролот на Фондот, Менче Атанасова Точи, на прашањето што се случува со изгубените податоци и сомневањата за хакирање на системот на осигурениците.

Според извори во Фондот, вчера настанал огромен проблем со податоците и со компјутерите воопшто. Имено, кога почнало да се префрлаат податоци од сервер на клауд, сите податоци ги снемало и никој не знаел што се случило. Паниката била огромна, бидејќи станува збор за лични податоци на околу два милиони осигуреници, финансиски документи и доверливи информации.

Минатата година, Државниот завод за ревизија го предупреди Фондот дека има сериозни забелешки во делот на заштитата на податоците:

“Со извршената ревизија во делот на воспоставениот информациски систем и начинот на функционирање на истиот во пропишаната организациона структура на Фондот: не се донесени ИТ стратегии за развој на информацискиот систем, заштита на податоците и функционирање на системот по евентуални катастрофи согласно стандардите за информациска безбедност. Презентираните ИТ политики и процедури за ИТ безбедност се од 2014 година и не се ажурирани подолго време; Секторот за ИТ, во последните години се соочува со перманентен одлив на вработени. Од вкупно предвидените 34, во 2020 година се пополнети 5 работни места и ангажирани 9 лица со договор на дело, а во 2021 година пополнети се 2 работни места и 3 лица со договор за дело. Состојба со кадарот не е доволна за одржување на ИТ системот на Фондот, а развојната компонента во целост ја врши ангажирана информатичка компанија, иако Фондот го поседува изворниот код за информацискиот систем. Поради недостиг на ИТ кадар, директорот на секторот во исто време е и администратор на ИТ системот во Фондот, што не е во согласност со добрите пракси за ИТ безбедност; − серверската структура во систем салата на Фондот е застарена и целосно амортизирана како резултат на непрекинато работење и не е во можност целосно да одговори на моменталните потреби на Фондот, особено што не е обезбедено одржување, ниту секундарна локација на истата – пишуваат од Инфомакс.

Во сред криза – МО се пофали дека ја платиле првата рата за системот за противвоздушна одбрана од 66 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерството за одбрана ја плати првата рата од договорот со француското МО за набавка на системот за противвоздушна одбрана на мали височини „Мистрал“. Првата рата во висина од 695 милиони денари, или околу 11,5 милиони евра, е исплатена на 3 ноември. 

„Ви потврдуваме дека износот за кој прашувате се однесува на првата рата од набавката на Систем за противвоздушна одбрана, а останатите рати ќе се исплаќаат во текот на 2023, 2024 и 2025 година“, потврди Министерството за одбрана за „Фактор“.

Од претходно е познато дека вкупните финансиски импликации од овој договор се 66 милиони евра. Министерката за одбрана Славјанка Петровска реферираше дека не постои конкретна закана за напад врз нашата држава, меѓутоа инвестициите во одбраната се дел од стратегискиот одбранбен преглед и дел од сите долгорочни планирања.

Системот за противвоздушна одбрана на мали височини треба да ја унапреди борбената готовност на Армијата, а истиот е предвиден согласно Планот за опремување и модернизација на Армијата.

„Како НАТО членка, безбедноста на нашето небо ја гарантираат сојузничките воздухопловни сили, а набавката на системот за противвоздушна одбрана е комплементарна во целокупниот одбранбен систем на државата“, гласеше претходното објаснување од министерството за потребата за купување на оваа воена опрема.

Од Министерството тогаш посочија дека во изминатите две децении не е извршена набавка на систем за противвоздушна одбрана кој е потребен пред сè за поддршка и заштита на припадниците на Армијата, заштита на институциите, и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Петровска, посочи дека замената на противвоздушниот систем кој го имаме е една од обврските и тоа е проект којшто е започнат пред неколку години.

„Станува збор за финализирање на договорот, за кој веќе неколку години се следи постапката на преговарање со различни производители, испитување на понудената опрема од стручен тим од Армијата и она што во петокот беше презентирано пред собраниската Комисија за одбрана и безбедност, практично е финалниот документ“, појасни тогаш Петровска.

Немаме за леб, а министерката ќе купува систем за противвоздушна одбрана?

Задолженоста на државата на 30 јуни е 55,4 отсто јавниот долг и 46,7 отсто државниот долг во услови на корона криза, продолжена економска и енергетска криза и војна во Украина. Владата и Министерството за финансии се во потрага по кредитори кои ќе овозможат позајмици со подолг рок на отплата и помали камати.

Економска криза, прогласена енергетска криза, поскапувања секој ден, се спроведуваат мерки за штедење за да се помине зината, сиромаштијата расте, а министерката за одбрана, Славјанка Петровска најави дека Македонија, како членка на НАТО, следната година ќе добие систем за противвоздушна одбрана, кој ќе го купи од Франција.

„Нема да се објави каде ќе биде распореден, тоа е наш стратешки интерес. На почетокот на септември ќе го потпишам договорот за нарачката со францускиот колега, а следната година ја очекуваме испораката“, откри Петровска.

Арсовска најави РЕФЕРЕНДУМ за БРТ-системот во Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија рече дека сериозно размислува да побара референдум за тоа дали граѓаните на Скопје сакаат да го видат воведувањето на Бас рапид транзит (БРТ) системот или трамвајот на тркала.

ИМАВМЕ СОСТАНОК СО ЕБОР, НА КОЈ ШТО ЈАС ГИ ЕЛАБОРИРАВ СИТЕ РАБОТИ КОИ СЕ РИЗИЦИ ВО ПРОЦЕСОТ. ТУКА ИМАМЕ И СОСТОЈБА ПО КОЈА ГРАЃАНИТЕ ОДБРАА ПОИНАКОВ КОНЦЕПТ ПРЕКУ ИЗБОРИТЕ. ВО САМАТА ПРОГРАМА ПОНУДИВ ПРОЕКТИ ЗА КОИ ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧИЈА. РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЕДНА ОД ОПЦИИТЕ ДАЛИ ГРАЃАНИТЕ САКААТ ЕДНО ИЛИ ДРУГО РЕШЕНИЕ. ТОА НЕ ГО ИСКЛУЧУВАМ ЌЕ ПОЧНЕМЕ ДА ГО ПРАКТИКУВАМЕ ЗА СЕКОЕ КЛУЧНО ПРАШАЊЕ. ЗА БРТ СИСТЕМОТ СКОПЈАНИ НЕ СЕ КОНСУЛТИРАНИ. ИСТО ТАКА, ГРАЃАНИТЕ НЕ СЕ ЗАПОЗНАЕНИ ЦЕЛОСНО СО ПРОЕКТОТ, А ЈАС НИЗ ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ГИ ОБЈАСНИВ РИЗИЦИТЕ ЗА ОВОЈ ВИД НА ТРАНСПОРТ, РЕЧЕ АРСОВСКА.

Градоначалничката на Град Скопје неодамна имаше средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за проектот БРТ, но детали од средбата не беа објавени.

Инаку Арсовска во својата изборна кампања вети воведување бесплатен автобуски превоз и набавка на нови 250 еколошки автобуси.