Tag Archives: Систина

„Жан Митрев“ може да ги намали цените, а „Систина“ одбила заради економска неисплатливост

Клиниката „Жан Митрев“, би можела да ги намали цените, но дали ќе го направи тоа и за колку, ќе биде познато денеска, додека „Систина“ одбила бидејќи ѝ било економски неисплатливо.

Ова го кажале од приватните болници на вчерашната средба со министерот за здравство Венко Филипче.

„Иако апелирав тоа да се направи затоа што е криза, затоа што е пандемија, доктор Жан Митрев изрази спремност и рече дека денеска ќе потврди дали ќе ги намали цените за одреден процент, а од ’Систина‘ јасно ни кажаа дека тоа не може да го направат поради тоа што немале економска логика“,изјави Филипче кој додаде дека државата формално-правно нема механизам да влијае.

На средбата со медицинските директори, покрај овие две болници, биле и од „Ремедика“ каде што не се лекуваат ковид-пациенти, а се зборувале и за распределбата на кадар. Па, како што беше најавено, осум лекари од овие приватни установи од утре ќе се вклучат во системот на ротација на државните клиники во Скопје.