Tag Archives: скафандер

Караџовски им потпишaл рeшение на зapaзените пратеници да дојдат во Собранието

На 18 добив решение на моето барање дека може и позитивни пратеници да дојдат на работа. Решението е потпишано од Комисија за заразни болести односно Д-р. Жарко Караџовски. Останувам на тоа дека не е направен никаков прекршок со доаѓањето на двајцата пратеници во скафандер во Собранието. Пратеникот не одговара кривично за зборување во Собранието и за учество во Собранието, тоа е Уставна категорија. Од таму пратеникот не може да биде попречен во работењето, па дури и да е прогласена воена состојба, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

-Добив акт за процедурата во посебни простории. Суспекните лица односно пратеници доколку чувствуваат дека се во можност да дојдат Собранието, можат да го направат тоа доколку им обезбедат услови. Тое значи да дојдат со свое возило илу службено возачот да биде целосно заштите, потоа пратеникот се доведува во Собранието, од таму по посебна патека без контакт со никого доаѓа во посебна просторија која потоа ќе се дезинфицира. Опозицијата тогаш не одеше на комисии и не знаеа дека има дополнување на протоколот, рече Џафери.

Претседателот на Собранието рече дека поднел и барање да се изгласа алтернативно работење на заболените пратеници од дома односно онлајн, но опозицијата го отфрлила ова барање.

(Фото) Со скафандери по Широк сокак – оригинална пародија во Битола

Герила акција на битолчани:

-Облековме скафандери затоа што градот е контаминиран. Скафандер се носи само ако си здрав и чекориш во контаминирана средина. Битола е одамна контаминирана од власта, а деконтаминација следи на избори, велат битолчани, на Фејсбук страната Битолчани/Битолчанки.

Скафандер пратеничката добила одобрение од лекари за да оди да гласа

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека не направила кривично дело со вчерашното доаѓање во Собранието, иако е во изолација поради КОВИД-19.

Костадиновска Стојчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека е асимтпоматска, дека за да присуствува во законодавниот дом добила одобрение од лекари и дека притоа ги испочитувала сите протоколи. Пристигнала, повтори, со приватно амбулантно возило кое сама го платила, а заедно со колегата пратеник кој исто така дојде во скафандер, се движеле низ посебни ходници и воопшто не влегле во собрабиската сала, туку гласале од посебни кабини.

Пратеничката најави дека ќе одговори на секоја кривична пријава, и од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, но и дека ќе поднесе кривични пријави во однос на нивното работење. Ќе им ги испрати, дополни, и сите скринови од лажните профили од кои, како што рече, добивала закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.

Сакав да присуствувам на седницата зашто не се работи за мене или за Мицевски, туку за граѓаните кои го чекаат петтиот пакет мерки повеќе од два месеца. Нема кршење на ниту еден закон, не се движевме сами, бевме придружувани и одевме по сосема поинаков пат од другите пратеници. Не влеговме во собраниската сала, бевме во посебни кабини. Не излегов во полициски час како Стоилковски да си купам бурек, туку во време кога ми беше дозволено од лекарски надзор. Не облеков скафандер за да се прошетам на корзо во Битола, туку за да гласам и веднаш се вратив назад. Дојдовме по свое убедување, не бевме приморани. Избрани сме од народот и кога ќе почувствуваме дека сме во можност да присуствуваме во Собранието, ќе бидеме таму макар и под посебни протколи, објасни Костадиновска Стојчевска и додаде дека уште 24 часа е во самоизолација.

Според неа, колегите од опозицијата не го цитирале делот од Кривичниот законик кој вели дека ниту еден прекршок не е казнив со закон ако се работи за јавен интерес.

-Ќе одговорам на секоја кривична пријава, но и ќе возвратам со кривична пријава до колегите од ВМРО-ДПМНЕ зашто доаѓаат на работа, а седат по канцеларии наместо да ја извршуваат работата, додека пратениците од Левица се појавуваат десет минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си одат, напомена Костадиновска Стојчевска.

Да не мислите дека раѓам пратеници, па да ги надополнам тие што се болни

Да не мислите дека на дневна основа раѓам пратеници, па да ги надополнам тие што се болни, рече собранискиот преседател Талат Џафери на денешната прес конференција.

Џафери се повика на дополнување на Протоколот за спроведување на мерките со Ковид-19 од ноември минатата година приватен од државната надлежна комисија, рече дека се консултирал со многу лица пред да ја донесе оваа одлука за одржување на седниците и дека двајцата пратеници немале контакт со ниту едно лице во зградата на Парламентот.  

Исто така, тој ги посочи лицата кои биле во работната група и на проверка на протоколите што се спроведуваат во Собранието.  

-Протоколот е донесен на 30 јули 2020 година, го потпишав додека бев во болница. Тој протокол беше претставен како целина пред државната Комисија за здравство и тој протокол таму е усвоен и добил пас и ја организиравме конститувната седница . Во моментот кога требаше да ја избереме Владата, Арбен Зибери пријави дека има симптоми, во межувреме знаете дека дадовме опзицја да се размисли за онлјан работа на Собранието. Ни под разно не прифаќаа од опозицијата, рече Џафери.   

Овој протокол, според претседателот на Собранието, бил претставен на координаторите на пратеничките групи на првата координација и поделен на координаторите.  

-Имајќи ги предвид состојбите на 17 ноември 2020 до државната Комисија, односно до Министерството за здравство, поднесов предлог за дополна на Проколот, за да се размисли стручно исто како лицата што се изолирани поради контакт со позитивно лице, а не се згрижени во здравсвени институции, туку се лекуваат дома, доколку здравствената состојба им дозволува да можат по посебен протокол да доаѓаат во Собранието.  Добив одговор на 18 ноември со кој што се дополнува претходниот протокол и ги опишува условите под кои треба да се внесат пратениците во Собранието, во посебни простории и дека куполата може тоа да го овозможи и тоа е спроведдено, рече Џафери.

Според него, дополнувањето на протоколот е претставен на координаторите на пратеничките групи на 23 ноември, но во тоа време координаторите на пратеничките групи од опозоцијата поради измената на Деловникот што го пуштил Џафери за одржување онлајн седници не учествувале на средбата. Тој имал дополнителна средба со нив и ги известил за дополнувањето на протоколот.  

-Но ценам дека не треба да се доведеме во ситуација. Досега водам преговори да не се доведам во ситуација да се условува кворумот во ситуација кога знаете дека колегите ви се болни, ниту е етички ниту е морално, рече претседателот на Парламентот. 

Херојкава се јави: Џабе ми фрлате клетви, супер сум

-Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, рекетари, „новинари“, „лечени“ новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни „експерти” кои не го владеат MS Word : не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата… сега веќе доцна е… “, сподели на својот Фејсбук профил Костадиновска.

Разочаран медицински техничар: Заслужувате да ги фрлиме скафандерите и униформите!

Емотивна реакција на македонски здравствен работник разочаран од скандалот со заразената пратеничката која што во скафандер со амбулантно возило отиде да гласа во Собранието.

Велешанецот Ангел Драскачев кој како и неговиот колеги здравствени работници од лани во март немаат одмор и се постојано на работа заклучува дека тие што за политички цели ги кршат здравствените протоколи заслужуваат здравствените работници да ја фрлат својата Заштита опрема.

“Заслужувате да ги фрлиме скафандерите и униформите”, пишува Драскачев кој не може да се начуди како е можно пратеничка да добие Амбулантно возило а обични граѓани во критична состојба некогаш да не можат да дочекаат помош затоа што нема амбулантно возило.

18.04.2021 – Денот кога собраниските дебело платени циркузанти ни го исплукаа целиот труд. Дебелогазовци.

Posted by Angel Draskacev on Sunday, April 18, 2021

Двојни стандарди на Мaричиќ: Кога обичните луѓе пpeкpшуваат кapaнтин, 2000 евра kaзна, кога СДСМ го прави тоа, се нарекува херојски чин

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска која е позитивна на коронавирусот, а во Собранието се појави во целосна заштитна Ковид-19 опрема, со цел да присуствува на седницата на која е предвидено да се усвојат законите за петтиот пакет финансиски мерки.

–Во сите цивилизирани парламенти во Европа и нашиот регион веќе се работи на онлајн седници во различни форми. Дури и Европскиот парламент со преку 800 пратеници е целосно дигитализиран со онлајн заседанија на комитетите, на пленумот и со онлајн гласање. Тоа го направија сите затоа што е насушна потреба и човечки пристап во услови на долготрајна пандемија која ги засега сите, пишува Маричиќ.

Министерот Маричиќ ја обвини опозицијата дека го спречува собранискиот Деловник, со цел да се овозможи онлајн присуство на пратеници позитивни на вирусот и се радуваат на секој нов заразен пратеник од парламентарното мнозинство зашто тогаш, како што вели тој настапуваат со нивната точка „играчки со кворумот“.

-Практично оние заради кои тешко функционира Собранието го обвинуваат мнозинството за нефункционалност. Но, некои пратеници не заборавиле зошто се избрани. Бисера и многу други и во вакви тешки услови не забораваат дека се таму за да им служат на граѓаните и да носат одлуки во нивна полза и во тешко време. Пратениците на опозицијата пак мислат дека се таму за да блокираат, бојкотираат, трошат ресурси бесцелно само за лични и партиски цели (зашто само со блокади и бојкоти се чувствуваат важни немајќи да понудат никаква идеја и политика за граѓаните), пишува Бојан Маричиќ.

Доколку и по ова не падне владата, Македонците не заслужуваат да имаат држава

Лука Андраши, хрватски експерт кој работи на проект на ЕУ кој врши мониторинг на работата на високи државни службеници во Македонија денешните настани во Собранието ги нарече скандалозни, злосторнички и масакар на човековите права.

Тој истакна дека доколку и поле ова не падне владата, македонскиот народ не заслужува држава. 

Дали Апасиев ќе тужи за биолошки тероризам според најавата ако дојдат заразени пратеници на седница?

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев уште вчера по најавата на власта дека ако не се обезбеди кворум за гласање на седниците во Собрание, заразените пратеници од власта ќе дојдат со скафандери, напиша дека во таков случај ќе поднесе кривични пријави.

-Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за БИОЛОШКИ ТЕРОРИЗАМ и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на Режимот, напиша вчера Апасиев на Фејсбук.

Пратеничка на СДСМ која е една од тројцата заразени пратеници од мнозинството, денеска објави фотографија со заштитна опрема и напиша дека иако е заразена оди во Собрание за да учествува на седниците и да се донесат антикризните мерки. Дали Апасиев навистина ќе тужи за биолошки тероризам!

Пратеничката Стојчевска и покрај тоа што е кривично дело со скафандер во Собрание!

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на својот профил на фејсбук објави дека со целосна заштита Ковид ќе пристигне во Собранието за да учествува на денешната седница.

🗣 Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании.

Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот.

Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.

🗣 Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги…

Posted by Бисера Костадиновска Стојчевска on Sunday, April 18, 2021

Напиша пратеничката и излезе во скафандер и покрај тоа што е кривично дело според Член 206 од Кривичниот закон.