Tag Archives: Скендербег

Џамбаски од Приштина: Скендербег е Бугарин и точка

Европскиот пратеник од Бугарија Ангел Џамбаски објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина, во кое објаснува дека албанскиот национален херој Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“.

Контроверзниот европретеник од партиајта ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, познат по своите радикални ставови, вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство, што според него е дел од бугарската национална кауза.

Бугарија вложува големи напори да конституира бугарско национално малцинство во Албанија. Со помош на притисокот врз Тирана за почеток на преговорите со ЕУ Софија успеа да издејствува Бугарите да бидат признаени како малцинство и да бидат внесени како графа на следниот попис. Во исто време, според здруженијата и партиите на Македонците во Албанија, Софија спроведува интензивна кампања меѓу македонското население во Албанија, со делење литература, социјална помош, како и бугарски документи, за да привлече што повеќе од нив да се изјаснат како Бугари.

На Косово живее значителен број Горани, етничка подгрупа на етничките Македонци со муслиманска вероисповед, кои најверојатно се следна цел на бугарската пропаганда. Гораните, или Горанците живеат во областа Гора, која се простира во Косово, Албанија и дел во Македонија, и нивниот број се проценува на околу 60.000.

Пиштолот на човекот кој пукаше од „Скендербег“ не е огнено оружје – вели Јавното обвинителство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани на плоштадот кои влегле во расправија и меѓусебно фрлање со предмети со учесниците на протестот. Во тој момент, осомничениот извадил пиштол за светлосно-звучна сигнализација марка „EKOL Arаs Magnum” и испукал еден куршум во воздух.

Со вештачење е утврдено дека станува збор за пиштол во кој внатрешноста на цевката е изведена со препрека која оневозможува истрелување на проектил од огнострелна муниција, па пиштолот не претставува огнено оружје.

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на осомничениот му определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, задолжително повремено јавување кај надлежен орган и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

На проштадот Скендербег поставени цвеќиња, граѓаните можат да оддадат последна почит на загинатите во несреќата во Бугарија

На плоштадот Скендербег во Скопје веќе се поставени цвеќиња по повод пристигнувањето на 45-те жртви во страшната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Граѓаните кои сакаат да оддадат почит, имаат можност тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Вчера беше најавена поворка, но истата беше откажана бидејќи останките ќе бидат веднаш упатени кон нивните домови и вечни почивалишта.

Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва.

ТВ21