Tag Archives: скитници

Глутница кучиња скитници нападнаа девојче во центарот на Тетово (ВИДЕО)

Тетовските медиуми попладнево објавија вознемирувачка снимка од напад на глутница кучиња скитници врз девојче во центарот на градот.

Ова беше причина дел од советниците да бараат итна седница на општината за изнаоѓање на решение за овој секојдневен проблем. 

Видеото може да го отворите ТУКА.

ДВА НОВИ НАПАДИ ОД КУЧИЊА во Струга, АМА Општината бара од граѓаните да престанат со говор на омраза

Продолжува проблемот со кучињата скитници во Струга. Активистите известуваат за нови напади врз кучињата и пишуваат за нивното масивно труење.
Од друга страна се почести се нападите од кучиња скитници врз граѓаните. Вчера околу 7 часот наутро камера го снимила моментот кога шест кучиња напаѓаат граѓанин кој се движи на улица и за среќа се спасува без ниту едно каснување.

Ова не завршува тука бидејќи пред неколку дена девојче е нападнато од глутница кучиња во Струга. Нела Стојаноска заврши во болница со повреди во рамото и ногата.

Општина Струга преку Фејсбук објава им се обрати на граѓаните да престанат со говорот на омраза бидејќи, како што пишуваат, состојбата ја загрижува и општината.

„Сосема сте свесни за состојбата со кучињата скитници во нашиот град, особено последниве денови, кога бевме сведоци на агресивни напади од овие животни врз граѓани, млади и стари, без разлики. Општина Струга е ангажирана на повеќе насоки за што поскоро решавање на овој проблем. Сепак, многу внимателно ги следиме печатените и електронските медиуми, како и социјалните мрежи и забележуваме една многу сериозна појава. Секаде читаме и слушаме говор на омраза, со многу висока доза. Се разбира, не можеме да ја изгасиме или блокираме емоцијата на граѓанинот, кој во многу случаи е сосема во право, а понекогаш и ние се согласуваме со него. Сепак, ние во никој случај нема да дозволиме институцијата општина или градоначалникот да бидат цел на поединечни изливи, или пак место каде што некој од вас сака да го изрази својот највалкан можен речник. Не дозволуваме да не нарекувате убијци и платеници, со крвави раце, место на ужасот, бескрупулозни, големи кучиња на општината, и што ќе ви дојде при уста!“, се вели во соопштението од Општината.

Активистка за заштита на животни искасана од глутница кучиња во центарот на Струга

Нела Стојанова, неформална активистка за заштита на кучињата скитници од Струга е најновата жртва на напад од агресивни кучиња, објави ohridnet.net.

31 годишната Стојанова вчера попладне била нападната од шест кушиња скитници пред кафе бар во Струга во близина на езерото.

Две од кучињата ја каснале, а едно ја вознемирило скокајќи врз неа.

Едното куче ја каснало за левата нога нанесувајќи и длабоки, видливи рани со видливо крварење, а второто ја каснало за десната рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди. Девојката побарала помош од својот татко и од своја другарка по што била одведена во во болница каде и биле санирани раните и била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.

ИСКАСАНО 5-годишно дете од Тетово од кучиња, за серум за беснило пратени во Скопје ‼

Петгодишно дете од Мала Речица вчера напладне било нападнато и искасано од кучиња скитници по целото тело. Детето прво било пренесено во болница во Тетово, но поради сериозноста на повредите, и бидејќи во Клиничката  болница во Тетово, наводно, немало серум против беснило, било донесено во Скопје.

Од СВР Тетово изјавија:

– Дедото на детето пријави случај во полиција вчера во 13 часот и 40 минути, дека неговиот внук бил каснат од кучиња скитници, кои се вртеле во близина на угостителски објект во Мала Речица. Детето притоа се здобило со сериозни повреди и е пренесено во болница – ни рече Марјан Јосифоски, портпарол во СВР Тетово .

Блиски роднини на детето, за локалните медиуми,  раскажуваат дека тоа си играло надвор пред дворот кој се наоѓа во близина на угостителски објект, кога било нападнато и искасано од кучиња.

Кучиња често се собираат покрај контејнери каде се истура храна и стануваат агресивни во битката за „поголемо парче“ од остатоците од храна.

Неодамна повозрасен жител на Тетово исто така бил искасан од кучиња кои го турнале на земја и малку недостигало, случајот да има фатална завршница.

Граѓани на Тетово предупредуваат дека освен кучиња скитници, и други опасни раси кучиња шетаат слободно низ тетовските улици, меѓу нив и кучиња кои што учествуваат во борба со други кучиња.

Тетово за првпат пред две години доби стационар за згрижување на кучиња скитници во кој, според капацитетот, годишно треба да се заловат и згрижат околу 240 кучиња.

Со два стационара за кучиња скитници располага и Гостивар.