Tag Archives: скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Апарати за плаќање сметки за вода на пет локации во Скопје

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје со цел доближување на услугите до своите корисници, имплементира активности кои се дел од планот за дигитализација.

-Покрај големиот број дигитализирани услуги, како добивање на електронски фактури, електронска регистрација на корисник, пријавување на дефекти и достапност на различен тип на документи преку e.vodovod-skopje.com.mk, ЈП Водовод и канализација – Скопје, располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ град Скопје: Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите), информираат од претпријатието.

Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати, како што се посочува во соопштението, имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија.

Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје и преку мобилната апликација достапна за Андроид и иОС.

Голем пожар во Волково, граѓаните во страв за своите домови (Видео)

Страв и паника на населението на скопско Волково во обид да ги спасат своите домови од пожарот кој настана денеска.

Се интервенираше со шест противпожарни возила, а пожарот настанал од запалено ѓубре кај реката Лепенец.

Пожарот е ставен под контрола иако на моменти изгледало страшно, и истиот зафатил површина од неколку километри.

Погледнете го прилогот на Сител ТВ

Ракија за 6 денари, шопска за 25 денари во една од најпознатите кафани во Скопје (Фото)

Спас од летните горештини скопјани пред земјотресот барале во летните бавчи на тогашните кафеани. Најчесто таму се одело фамилијарно, постарите пиеле пиво или шприцер, за децата имало лимонада, а најмалку еднаш месечно се јаделе вкусни ќебапчиња.

Една од најпознатите и најпосетените летни бавчи во Скопје била „Кермес“ во Градскиот парк, која била на три нивоа, но сепак во „шпицовите“ се поставувале и маси во тревата. Таму секогаш имало жива музика, а и скарата била многу вкусна.

Често налето се одело во „Кермес“, барајќи освежување, добра музика и вкусна скара. За ќебапчињата што се служеле се одело и со часови порано за да се фати место.

Погледнете го менито на една од најпознатите кафеани во Скопје од 1980 година.

Емотивно сведочење на Ева: Јас сум била бебе, татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале од зградата која се нишала како брод …

Денеска Скопје се сеќава на разузнавачкиот земјотрес од 1963 година, а сеќавањата за блиските загинати сеуште се меѓу скопјани кои и после 60 години се сеќаваат на катастрофата која не треба да се повтори.

Во тоа кобно утро, кога поголемиот дел од жителите беа во длабок сон, околу 1.100 жители никогаш не се разбудија, најмалку 3.000 беа повредени. Околу 200.000 лица останаа без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја.

Старите скопјани и денес се сеќавањаат и раскажуваат за земјотресот.  Тие своите спомени ги раскажаа во групата Стари Скопјани.

Во едно од нив Светле Камџијаш раскажува дека таа е родена по земјотресот, но љубовта на нејзините родители започнала од овој трагичен момент. 

„Така започнала и љубовта на моите родители, додека “кампувале” на брегот на Вардар, во страв дека може да удри нов бран тресење“, раскажува Светле.

Таа го раскажува и искуството на нејзината мајка која грабнала бебето на вујко и (мојата братучетка) и летнала надвор, преку дворот на тогашна Комерцијална банка, право на брегот на Вардар. Бебето исто така осетило дека нешто страшно се случува и ја избербатило по ноќницата. Кога стасала и погледнала пред себе, кон Офицорскиот дом, веќе го немало. На негово место полека спласнувал густ облак жолта прав. 

Ева Јанчева Петрушевска била 8 – месечно бебе за време на земјотресот. 

„Јас сум била 8 ипол месечно бебе. Кога почнало силно да тресе татко ми со се корпата во која сум спиела прво ме земал мене и почнал силно да вика по мајка ми ( која била тие мигови во тоалетот) веднаш да трча по него. Се симнал татко ми од зградата додека уште тресело, а мајка ми ја немало се уште. Ме оставил татко ми на некои соседи да ме причуваат и во дел од минута ( на првиот спрат ) повторно се качил горе. Зградата се лулала како брод на немирно море. Вратата од тоалетот се заглавила, бољерот паднал , а мајка ми така чучната со рацете над глава мислела дека тоа се нејзините последни мигови од животот. Татко ми со ногата ја искршил вратата ја грабнал мајка ми и брзо се симнале долу“, раскажува Ева. 

Веста за земјотресот многу брзо се раширила во регионот, а потресот се почувствувал и во соседните земји. За едно вакво искуство раскажува Билјана Топко која во тој период живеела во Метохија. Таа раскажува дека во време на земјотресот имала 6 години.

Паметам дека татко ми ме извлече од кревет, зборувајќи ми дека станува збор за земјотрес. Ми кажа дека е силен потрес, кој најверојатно се случил во Скопје. После неколку денови слушнавме дека докторката Љубинка од Скопје загинала во земјотресот. Потоа уште долг период, моите родители од платата одвојуваа средства за солидарниот фонд формирана за таа намена„, раскажува Билјана.

Своето искуство со земјотресот го раскажува и Велјанка Пандиловска.

Осетот на тресење беше језив, а сите избегавме надвор по скалите кои беа одвоени од зградата. Сите бевме избезумени. Во тој момент јас тргнав кон старата воена болница која не беше многу далеку од нас. Во непосредна близина на болницата имаше фурна, за жал тоа утро загинаа сите кои чекале за леб во тој момент. Лоша слика, луѓе голи и со пижами…секој земал по некое ќебе со себе“, раскажува Велјанка.

Мимоза Вујошевиќ раскажува за еден дел од нејзиното сеќавање по земјотресот. Првиот момент е куче кое цвилело само и напуштено во зграда која половина била срушена, а за вториот момент вели:  

Целиот град го поминавме пешки за да стигнеме до зградата во која требаше да се преселиме, тоа беше познатата 13-ка во Карпош, зградата беше срамнета со земја и никој немаше жив. Сите плачевме гушнати, но никогаш нема да дознаам дали од тага за погинатите или од среќа што останавме живи, заклучува Мимоза.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на Јапонецот Кензо Танте и на Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица денес е „Музеј на Град Скопје“ и преставува симбол на големиот земјотрес.Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните пет часот и седумнаест минути.

Скопје после 58 години е модерна метропола, но скопјани никогаш нема да ги избришат сеќавањата за тој кобен ден. Борко Зафировски кој денеска се сеќава на сликата која зад себе оставил катастрофалниот земјотрес за тв 24 вели дека на свои 14 години заедно со група граѓани и свои соученици помагал во градењето на хангарите каде сега е изградена гиманзијата Јосип Броз Тито.

Зафировски вели дека биле потребни денови за луѓето да се вратат во своите домови, се спиело под ведро небо и во шатори, а неговото семјество сместило повеќе фамилии во нивната куќа која делумно била оштетена.

Секоја година скопјани со едниствена порака никогаш да не се повтори таква трагедија..а Борко Зафировски вели:

Да продолжиме да го развиваме Скопје со ентузијазмот со кој беше обновуван од рушевините, напиша денеска и претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил. 

Домашни и странски делегации пак денеска положија цвеќе пред споменикот на заганатите во скопскиот земјотрес во 1963- та.

Ретка репортажа за скопскиот земјотрес – Првиот новинар од Њујорк Тајмс додека го гледаше градот од авион, рече дека е бомбардиран (Фото и Видео)

Скопскиот земјотрес од 1963 година бил земјотрес со јачина од 6,1 момент кој се случил во Скопје, СР Македонија (денешна Република Македонија), тогаш дел од СФР Југославија, на 1962 јули во која загинаа над 1.070 луѓе, беа повредени меѓу 3.000 и 4.000, а повеќе од 200.000 луѓе останаа без покрив над главата. Околу 80 отсто од градот е уништен.

Скопскиот земјотрес веднаш по катастрофата се наоѓа на светските пишани вести и телевизии, постојат бројни репортажи за истиот, како што е оваа што ќе ви ја пренесеме денеска.

Земјотресот, кој беше со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала (еквивалент на 6,9 степени според Рихтеровата скала), се случи на 26 јули 1963 година, во 04:17 UTC (5:17 {{nbsp}} по локално време) во Скопје, социјалистичка Република Македонија, тогаш дел од СФР Југославија (денешна Република Македонија). Потресот траел 20 секунди и бил почувствуван најмногу по долината на реката Вардар. Имаше и помали последователни потреси до 5:43 часот.

Во рок од неколку дена по земјотресот, 35 нации побараа Генералното собрание на Обединетите нации да стави помош за Скопје на нивната агенда. Понудено е олеснување во форма на пари, медицински, инженерски и градежни тимови и материјали од 78 земји.

Првиот странски новинар кој пристигна во Скопје за да известува за земјотресот е Дејвид Биндер од Њујорк Тајмс. Додека го гледаше Скопје од авион, коментираше дека градот изгледал како да е бомбардиран.


Инженерот Деметриус Комино со седиште во Обединетото Кралство обезбедил материјали за градежна рамка на Дексион за да им овозможи на 49 кралски инженери да изградат 1560 живеалишта, доволно за две целосни села, од кои едното го добило прекарот Дексионград. Дексион припаѓа на скопската општина Ѓорче Петров.

Во 1965 година, јапонскиот архитект Кензо Танге беше побаран од Обединетите нации да учествува во ограничен конкурс за обнова на Скопје, по што Танге освои 60% од наградата, додека југословенскиот тим ги освои преостанатите 40%. Сепак, планот на Танге за Скопје (едно од неговите главни дела) останува делумно имплементиран, особено во врска со Железничката станица Нова Скопје и т.н. Градски ѕид.

Како што градот постепено почна да закрепнува, се појави потребата за заживување на културниот живот. Познатиот уметник Пабло Пикасо ја подари својата слика „Глава на жена“ (1963), која беше изложена во новиот постземјотресен Музеј на современа уметност на Македонија.

Зградата на музејот била донација од Полска и била дизајнирана од неколку полски архитекти. Концертната сала „Универзална сала“ е изградена со донации од околу 35 земји, а нејзината монтажна зграда е направена во соседна Бугарија.

Неколку улици и објекти во Скопје беа именувани во чест на земјите кои помогнаа во нивната изградба и/или донираа станови. На пример, владата на Романија го донираше поликлиничниот медицински центар, кој го доби името по нејзиниот главен град Букурешт. Во општина Карпош има станбени згради донирани од Советскиот Сојуз на македонски јазик: „руски жив град“ (транс.: „руски згради“, што значи „руски згради“) и шведски и фински префабрики наречени „шведски / фински бараки“ („шведски / фински бараки“).

Еден пример е улицата Мексико во Скопје (улица Мексичка, ulica Meksička). Официјално беше именуван во чест на земјата Мексико и на локацијата беше откриена спомен плоча од мексиканскиот претседател Адолфо Лопез Матеос. Во 2012 година, познатиот жител на улицата, рок музичарот Влатко Стефановски и неговиот брат, драматургот Горан Стефановски протестираа против одлуката на градоначалникот да преименува неколку градски улици, меѓу кои и улицата Мексико. Браќата Стефановски ги потсетија луѓето дека улицата на која пораснале и каде е формирана македонската рок група Леб и сол е изградена со донации од Мексико и тврдат дека овој чин на солидарност никогаш не смее да се заборави.

Изграден од урнатини благодарение на релјефот од целиот свет, Скопје често се нарекува „Град на меѓународната солидарност“, што е и неговото мото.


По земјотресот, Јосип Броз Тито, тогашниот претседател на СФР Југославија, испрати порака со сочувство до Социјалистичка Република Македонија пред лично да го посети градот.

Алберто Моравија, еден од водечките италијански романсиери исто така упати пораки за солидарност, како и реномираниот Жан-Пол Сартр, една од водечките фигури на француската филозофија и литература.


Скопскиот земјотрес се споменува во многу уметнички дела, вклучувајќи литература, музика, театар и филмови. Пример е македонскиот игран филм „Спомен“ во режија на Димитрие Османли во 1967 година. Пример од областа на литературата е поемата „Скопље 1963“ на австриската поетеса Кристине Буста.

Погледнете ја репортажата:

Почина родилката што се фрли од прозорец на Клиниката за гинекологија

Синоќа почина 39-годишната родилка Б.М. која пред две недели скокна од прозорец од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Во меѓувреме немаше други информации освен дека пациентката е во многу критична состојба, а претходно покажала вознемиреност и одбивање да го дои бебето и дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор. Детето на родилката ѝ било прво и станувало збор за посакувана бременост.

На барање на министерот за здравство, Фатмир Меџити, минатата недела формирана е комисија за стручен надзор составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ со задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката. По добивање на извештајот  од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.

Никој нема да ме спречи да ги избркам сите што не работат, а земаат плата – КХС мора да биде сервис на граѓаните (Видео)

На социјалните мрежи попладнево се појави снимка на која според објавувачот се работи за гласот на директорката на Комунална Хигиена Скопје Косана Мазнева-Николиќ, која на групата насобрани кои ја блокираа работата на претпријатието и одбиваа да одат на работа, како им објаснува дека ако продолжат со блокирање на претпријатието, ќе бидат избркани и ќе добијат кривични пријави.

Инаку, блокирање на дејност од јавен интерес е кривично дело согласно Кривичниот законик, како што е и неовластено снимање.

Мазнева, вели дека граѓаните не се должни и не се виновни за ништо, и дека нема да попушти под притисокот да ги повлече отказите за лица кои земале плата а не се појавувале на работа.

„Нека си мислат на семејството и на лебот, нека не ги штитат. Ако сум ги огласила тие десетмина и се поднесени кривични пријави, ништо не ме спречува да огласам уште 200. Треба да се качат во камионите и да бидат сервис на граѓаните. Ова не е штрајк, затоа што за штрајк има процедура. Ова е бунт. И не се оди против мене туку против граѓаните. Ќе ги објавам сите на огласна табла и ке има кривични пријави со дебели аргументи. Не се граѓаните виновни, лето е, 40 степени, стаорци ќе почнат да излегуваат. Тие што нема да се качат во камионите добро нека размислат, нека не се појавуваат в понеделник“, вели Мазнева во разговорот.

Протекоа списоци од Комунална хигиена – Фамилијарно создадени за у Комуналец (Фото)

После драмата со нечистењето на ѓубрето во главниот град заради протест на вработените на Комунална хигиена, на Твитер мрежата протекоа списоци од вработени во претпријатието, погледнете за што се работи: