Tag Archives: скопсказоолошка

Пораснаа трите лавчиња во ЗОО Скопје, еве како изгледаат 6 месеци по раѓањето (Фото)

Зоо Скопје објави на Фејсбук нови фотографии од трите лавици кои се родија пред шест месеци, а сликани од фотографот Горан Анастасовски.

-Белите лавчиња Луна, Ана и Хана направија речиси шест месеци и секојдневно се забавуваат со детските игри како и сите други мали мачиња, пишуваат од Зоо Скопје.

Инаку, од скопската зоолошка градина пред три месеци им дадоа можност на граѓаните да ги одберат имињата на лавчињата. По неколкудневните предлози, одлучено беше лавчињата да се викаат Луна, Ана и Хана, имиња кои биле најчести во предлозите.

Линк до објавата: https://www.facebook.com/972410982909498/posts/pfbid02f42zT9hvwvCiQzmPefnKFFJ9MZpgytbx4wRAenor9RW5JMuEFHuH14eBVH17FKFel/

Убави вести од скопска зоолошка, се роди срнче (Фото)

Од Зоолошката градина Скопје се роди нова принова, срче од еленските лопатари. Посетителите ќе можат да го видат малото срнче кое се слика само до татко му.

Погледнете ја објавата и фотографиите.

Бебиња и кај хималајскиот тар во скопската Зоолошка градина (ФОТО)

Бебиња и кај хималајскиот тар во скопската Зоолошка градина.

Изминатиот период убави и радосни вести ни пристигнуваа од Зоолошката градина во Скопје. По повеќе од 20 години се родија мали лавчиња, потоа Зоолошката градина се збогати за уште една лама, лемурите нè израдуваа со нов подмладок, па на крајот се роди бебе камила. Имено, пролетта во скопската Зоолошка градина убаво започнува, овој пат со трето бебе лама.

Сега има бебиња и кај хималајскиот тар.

Уште една убава вест од скопската зоолошка: Се очекуваат бебиња кај пингвините (ФОТО)

Убава вест ни доаѓа од заливот на пингвините во скопската зоолошка градина.

„Дел од овие прекрасни птици изведоа јајца и сега се постојано во своите гнезда каде лежат врз потенцијалните бебиња. За да ја зголемиме шансата да имаме за првпат малечки од овој вид, не сакаме да ги вознемируваме и да го чистиме базенот во наредните две недели. Водата е зелена поради сонцето и создавање на алги, но е исправна технички и микробиолошки, а пречистителната станица постојано функционира.

Овој вид на птици е загрозен и е на црвената листа на видови во исчезнување, а со доаѓањето на свет на малечките ќе придонесеме во продолжување на видот.

Апелираме до посетителите да не тропаат по стаклата и да не фрлаат храна во базенот и живеалиштето.

Стискаме палци за бебиња пингвини“ – информираат од ЗОО Скопје.