Tag Archives: Скопско

ФОТО: Во скопско Орешани убиени два штрка и фрлени блиску до нивното гнездо

Во скопското село Орешани во Општина Зелениково, убиени се два штрка, а нивните тела лежат во близина на нивното гнездо.

Штрковите, како што објави порталот Скопје инфо, се препознатлив знак за ова село, а нивните гнезда може да се видат кога се патува со воз од Скопје кон Велес, Битола или Гевгелија.

На некого му пречеле овие прекрасни птици, кои не прават ни врева ниту штета на луѓето, се хранат со жаби, змии и риби и се чистачи на човековата околина.

Жителите од Орешани се згрозени од овој злочест чин на непознатиот сторител.Содржината продолжува после огласот

“Стоп за опаѓање на косата пред да биде предоцна! “Sponosored by MonadPlug

Им пoдлeгнaл нa пoвpeдитe: Младо момче пpoбoдeнo co нoж вo cкoпcкo

Скопјанец (27) починал откако претходно бил прободен со нож, потврдија од МВР за Плусинфо.

Од полицијата информираат дека немилиот настан бил пријавен во 22:40 часот, кога 27 годишниот скопјанец П.Ш. прво вербално се пресметувал со 30-годишниот Н.В. од Мирковци, кој потоа му нанел повреда која била фатална за него.

– Повредениот П.Ш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите. Во 23.20 часот во с. Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(30) од с.Мирковци кој бил осомничен за сторенот дело – велат за Плусинфо од МВР.

Увид на местото на извршила екипа од СВР Скопје, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Англичанец набавил 24 пива, од секоја земја учесник на ЕП по едно, има и Скопско (ФОТО)

Англиски фудбалски фан мајсторски се подготвил за Европското првенство набавувајќи по едно пиво од секоја држава која учествува на континенталниот турнир.

„1 турнир, 24 земји, 24 пива. Ајде да го направиме тоа!“, напиша Англичанецот на својот твитер профил и објави фотографија од пивата. Во првиот коментар ги има имињата на сите пива со знаме од земјата до натписот.