Tag Archives: Словенија

(Видео) Поплавите во Словенија се гледаат од вселената: сателитските снимки го покажуваат размерот на катастрофата

Големи поплави ја погодија Словенија на крајот на минатата недела, додека во Хрватска бројни реки соборија рекорди кога станува збор за нивото на водата.

Поплавите се забележани и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на катастрофата, пишува „Н1“.

Според првата проценка, поплавената површина на овој простор е околу 13 километри квадратни.

Делови од Словенија се’ уште се поплавени, а многу патишта се затворени, јави денес словенечката новинска агенција СТА.

За вечерва се најавени нови врнежи со грмежи.

Пукна насипот долж реката Мура во Словенија, наредена евакуација на населението од неколку села!

Пукна насипот долж реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.

Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се влошува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот.

– Инженерските служби се обидуваат да ја затворат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат. Се истражува можноста за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но тоа е отежнато поради временските прилики, посочи Шестан додавајќи оти ако се урне насипот ќе бидат поплавени десет села.

Мура моментално го има вториот највисок водостој забележан во историјата, 1.350 кубни метри во секунда, а нивото на реката продолжува да расте во Австрија.

Според хидролозите нивото на реките во поголем дел од земјата постепено ќе се намалува освен во поплавените подрачја во долниот тек на Сава, Драва и Мура. Не се исклучува можноста да расте нивото на помалите реки во западна и централна Словенија. Во делови од земјата постои опасност од лизгање на земјиштето.

https://fb.watch/mft8vi4BRV/?mibextid=Nif5oz

Херои! Пожарникарите во Словенија спасија 22 дечиња од поплавена градинка (Фото)

Пожарникарите на доброволното противпожарно друштво „Менгеш“ соопштија дека успешно ги евакуирале сите 22 деца од градинката Гобице во општината Менгеш во Словенија.

На Фејсбук страницата на доброволното противпожарно друштво можат да се видат драматични фотографии од спасувачите кои ги извлекуваат децата од поплавата.

„Ги известуваме родителите од градинката Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца“, напишаа тие на Фејсбук.

Станува збор за спасувачка акција во која помогнал и трактор, а децата со приколка биле пренесени на безбедно. Поплавата во општината Менгеш стигнала за помалку од еден час и направила огромни штети.

Пожарникарите од Менгеш преку Фејсбук ги известуваат сите жители дека треба да ја исклучат струјата и од долните простории да се префрлат на повисоки катови.

„Телефоните ни се постојано зафатени, затоа бараме да се јавите само доколку животот ви е во опасност! Животите на луѓето ни се важни во моментов. Ќе интервенираме во куќи кога ќе се намали нивото на водата“, известија тие.

Најмногу дожд во Словенија падна на југот од подножјето на Јулијските Алпи и во подрачјата кон Горењска и Корушка. Забележани се 100-тина интервенции на пожарникарите, евакуирани се три кампа, неколку села се отсечени, а според словенечката национална телевизија поплавите однесоа и човечки живот. Надлежните предупредија на можни прекини во напојувањето со електрична енергија, на комуникациските мрежи и снабдувањето со вода.

Под сирени за опасност е Љубљана поради опасност од излевање на реката Сава.

Словенија под вода – поплава каква не се памети, регистрирани првите жртви, голем дел од населението евакуирано (Авионски снимки)

Автомобили пливаат низ надојдената вода, поплавени бројни населени места и патишта, оштетени мостови, одрони од земјиште и кал, евакуциии… Ова е сликата од Словенија по синоќешното невреме.

Стотици пожарникари се на терен. Активирана е и војската. Со хеликоптери учестува во спасување на луѓе заробени на покривите.

Низ државата одекнуваат сирени кои предупредуваат на опасност. 

– Ситуацијата е крајно комплицирана, затоа ги повикувам сите кои немаат итно патување да останат дома и да не возат наоколу, зијави Марјан Шарец , минситер за одбрана. 

Неколку општини се отсечени од остаток на земјата. Словенечката претседателка порача дека се се преземаат сите неопходни мерки за заштита на луѓето кои се можни и остварливи во овој момент. 

Обилните дождови предизвикаа најголеми проблеми во северниот дел на Словенија. На места наврнале и околу 200 милиметри дожд на метар квадратен. Најтешко е во Корушка и Горењска.  

Според метеролозите, никогаш не паднал толку многу дожд во еден ден. И за денеска во Словенија се најавени поројни дождови. 

– Тешки услови се очекуваат денеска на југоисток од Словенија, особено во областа Кочевски, во областа Купа и Бела Краина долж хрватската граница, соопшти метеорологот Бране Грегорчич од Словенечката агенција за животна средина. 

Се вршеа спасувања на луѓе и со помош на хеликоптер, а голем ден од населението е евакуирано.

(Видео) Торнадо се појави и во Словенија!

Околу 20:00 часот вчера над Илирска Бистрица се развило торнадо, јавуваат медиумите од Словенија.

Може да се види релативно широк вител во кој има и многу силни, но мали вртлози, широки само неколку метри. За среќа, феноменот траеше само неколку минути, соопштија метеоролозите од Словенија.

Бројните интервенции во последниот час на подрачјето на Илирска Бистрица укажуваат на значителни штети, јавуваат словенечките метеоролози.

ЛИНК од видеото

ФОТО: Падна снег во Словенија

Падна снег во Словенија. По силното невреме кое го опфати регионот, во Словенија падна снежна обвивка.

Како што информираат словенечките медиуми, студеното време во изминатите денови донесе не само бројни бури, туку и снег во висорамнините.

Во невремето во Србија загина дете – НОВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СУПЕРЌЕЛИСКА ОЛУЈА !

Силен дожд проследен со грмежи и ветер ја зафати во петокот вечер Србија. Најпогодена е Војводина, каде ветерот соборуваше дрвја, причинувајќи материјална штета. Одделот за итна помош спаси пет лица, една жена е повредена, а десетгодишно дете загина во Нови Сад од струен удар или гром.

Поради невремето без струја се делови од Нови Сад, Бачка Паланка, Темерин, Жабља, Футог, Зрењанин. Невремето ги погоди и Сомбор и Суботица кои исто така имаа прекини на електричната енергија.

Припадниците на Одделението за вонредни состојби на МВР спасија пет лица, од кои две деца. Меѓу нив е вработена во трафика во Нови Сад врз која падна дрво од невремето, а пожарникарите-спасувачи од Нови Сад спасија уште четири лица, меѓу кои и две деца од такси кое беше погодено од дрво.

Во Нови Сад, од невремто„одлета“ дел од покривот на Новосадски саем, а соборен е и кран на градилиштето во Детелинара, при што беа оштетени соседните згради.

И во Белград имаше пороен дожд со грмежи и силен ветер. Аеродромот Никола Тесла беше привремено затворен.

Во западна Србија, Шумадија и Поморавје е издаден црвен метеоаларм поради опасност од силен ветер и громови. Во останатиот дел од земјата, од страна Републичкиот хидрометеоролошки завод е издаден портоклаов метеоаларм што значи опасно време.

Во синоќешното невреме кое ја зафати Србија се регистрирани три жртви, пренесува РТС. Една повозрасна жена починала во пожар во Ковачица. Куќата се запалила откако гром удрил во дрвото во близина. Жената како што пренесуваат српските медиуми се обидела да го изгасне огнот во семејната куќа каде живеела сама. Итната медицинска помош констатирала смрт, а Вишото јавно Обвинитлество направило увид и не наредило обдукција.

Влезе во замрзнато езеро и го спаси кученцето (Видео)

Бојан Кокал се шеташе со другарите покрај Иварчкото езеро во Словенија. За време на опуштена прошетка во природа, еден од нив видел куче како плива во ледена вода, а сопственикот никаде го немал на повидок.

Набрзо сфатиле дека ситуацијата е многу проблематична и дека кучето не може самостојно да излезе од водата и дека нема кој да му помогне. Почнаа да бараат начини како да го извлечат од замрзнатото езеро. Прво му фрлија јаже на кутрето, но тоа не му помогна да излезе.

Тогаш еден од мажите влегол во замрзнатото езеро бидејќи сфатиле дека немаат други опции. Немаше време да повикаат помош, а знаеја дека ако кучето остане предолго внатре, повеќе нема да има сила да плива. На крајот приказната завршила среќно и кучето било спасено од ледената вода.

 На кого и да му припаѓа ова куче што талкаше по Иварчки, ми должи пиво – напиша тој покрај видеото објавено на Фејсбук.

Видео:

https://www.facebook.com/bojan.kokal.5/videos/1370765227084478/?mibextid=Nif5oz

Срамна Македонија: Кај нас била одбиена да студира, а сега е министерка во Словенија

Среќна приказна за Емилија Стојменова Дух, млада виничанка, која денес е министерка за дигитализација во Словенија, но срамна и тажна за Македонија и само уште еднаш ја покажува гнилоста на овој наш систем, затоа што овој систем, оваа држава буквално ги брка своите брилијантни умови од државата и им ги дава на тацна на земјите каде се вреднува знаењето.

Емилија Стојменова родена е во Виница, во 1985 година. По завршување на вторa година во Природно-математичката гимназија во Виница се сели во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата меѓународна матура во Втората гимназија во Марибор каде го завршува средното образование.

Приказната на Емилија Стојменова Дух ќе ја гледате во емисијата Патот до успехот, во недела во 20.45.

Во Студио 10, Мишко Иванов ви презентира само еден сегмент, кој е поразителен за Македонија како држава.

-Кога завршив гимназија, сакав да студирам во Македонија моето семејство беше во многу тешка економска ситуација, но тука мене ми побараа 800 евра за да студирам во земјава под образложение дека не сум Македонка. Јас бев и се уште сум Македонка, вели Емилија Стојменова Дух, министерка за дигитализација на Р. Словенија во емисијата Студио 10 на ТВ24 објаснувајќи како и зошто останала во Словенија.

Нов СКАНДАЛ со згрешени знамиња: Словенија или Словачка?!

Кога нешто ќе се случи еднаш може да е случајност. Но, кога ќе се повтори неколкупати или станува збор за намера или за незнаење.

Таков е примерот со Владата и знамињата кога доаѓаат странски гости. Веќе стана праска да се грешат а тоа се случи и вчера за време на посеста на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон.

На масата каде што седеа со нејзиниот домаќин Османи наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка.

Знамињата на Словачка и Словенија навистина се слични, но како е можно протоколот на МНР да направи таква грешка?