Tag Archives: случка

Паметен човек може да биде глуп по потреба, глупавиот нема избор

Велат дека оваа случка била во Мексико, во еден мал град во кој се собрало едно друштво кое имало навика да се исмејува со еден локален старец. Бил сиромашен и го сметале за будалетинка. Живеел од милостињата на другите луѓе, за кој завршувал некои работи.

Во една кафана секоја вечер се собирала група луѓе кои до доцна во ноќта разговарале и пиеле. Од старецот побарале да избере помеѓу две парички. Еден бронзена и голема и другата мала, но сребрена. Старецот секогаш среќно ја грабнувал големата пара која имала многу помала вредност од сребрената пара поради што предизвикувал потсмев меѓу луѓето.

Еден многу љубезен странец после неколку вечери го застанал и го прашал зошто секогаш ја избира големата паричка и дали знае старецот дека таа има многу помала вредност. Старецот му одговорил: ‘Секако дека знам, не сум глуп. Знам дека со оваа пара може да се купи пет пати помалку од другата. Но, ако еден ден ја одберам другата пара, повеќе нема да бидам интересен и нема да добијам ниту една друга’.

Од оваа приказна има многу поучни лекции:

1. Ако некој ни се чини глуп, тоа не значи дека навистина е глуп.

2. Кога тоа ќе го сфатите, на кој тогаш ќе му се насмеете во оваа приказна?

3. Претерана амбиција може да ви одземе мал, но постојан извор на приход. Воопшто не е важно мислењето на другите луѓе за секој чекор на вашиот животен пат. Не ни треба туѓо мислење за да ја подигнеме нашата самопочит и не треба да очекуваме туѓо одобрување.

Најнесреќни се оние луѓе на кои им е важно што другите мислат за нив. Ако мислите како и сите други, тогаш сигурно не размислувате, туку ги повторувате туѓите зборови и мисли. Всушност не живеете. Велат дека вистински паметната личност не е онаа која знае каде оди, туку онаа која знае каде не сака да биде. Интелигентна личност знае дека сите луѓе, вклучувајќи го и него самиот, имаат право да мислат и да кажат било што. Но, тој не си го става тоа на срце.

Извор: o3zona.net