Tag Archives: сметказаструја

71.000 ДЕНАРИ за струја, 5000 ЕВРА за дистрибуција!: Кочанчанец ја објави сметката за струја (Фото)

Жител на Кочани, на својот ФБ профил објави дел од сметката за струја (веројатно по индустриска цена) во која за потрошена електрична енергија треба да плати 71 000 денари, а за пренос и дистрибуција неверојатни 384.509,32 денари.

Или за пренос и дистрибуција треба да плати над 6000 евра, па згора на тоа и 0,32 пари. Каде ли само ги нашле и пресметале?

Неговиот коментар е:

„Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар, а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ќе се чудите кој ќе ви помогне!!!
П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!“

Македонец од Малта објави сметка за стpyja – Повелете споредете ја со нашите во Македонија (Фото)

Дарко Јовчевски од Ckoпје кој работи и живее на Малта, на својот Фејсбук профил во август годинава, објави сметка за вода и струја која тој ја добил за повеќе од 2 и пол месеци на оваа островска земја.

Веpyвале или не, сумата на сметката изнесува само 26 евра, или нешто над 1.500 денари за потрошувачка на електрична енергија и вода во временски период од 2 и пол месеци.

“Во Малта 26 € сметка за повеќе од два и пол месеци и тоа за вода и стpyjа. За стан во кој живееме двајца.“

По најавите за повторно поскапување на струјата во Македонија каде поскапувањето е очигледно, а ќе биде неколку пати поголемо од почеток на следната година, оваа сметка е вистинско чудо, да посакате да живеете во Малта.

И пази сега, Малта ckopо целата струја ја увезува од Италија, и скоро целата вода ја преработува од морската и ја прави од солена во слатка. А Македонија во голем процент сама произведува стpyjа и на секој чекор имаш извори со вода. А јас како и цимерот peдовно се тушираме (значи трошиме вода). Бојлерот е постојано вклучен, а веќе од мај и климата. Машината за перење скоро секој ден ја вклyчуваме. Па, вака да се понашам у Македонија ни 100% поврат на ДДВ нема да ме опpaи”, напиша своевремено Дарко.

Со платена сметка за струја до македонско државјанство! – Детали за контроверзниот закон

Со сметка за струја, здравствена книшка, имотен лист или отпусна листа како доказ за лекување – вака ќе може да добие македонско државјанство секој кој поседува барем еден од овие документи.  Законот за државјанство, кој првично беше предложен од Алијанса за Албанците и Алтернатива влезе во собраниска процедура – овој пат, поднесен од Владата и тоа со европско знаменце. Ако се изгласа законот, веќе нема да биде потребно ниту одлично познавање на македонскиот јазик кој е официјален јазик на државата.

Предлог законот има 16 критериуми – а за лицето да се стекне со државјанство, доволно е да се исполни само еден од наведените. Согласно промените, се намалува и потребното време на живеење на територија на Македонија – од три на една година.

„Беше изнајдено решение за лицата кои се без државјанство. Законот ќе ги дорегулира тие методи, а целта е да нема лица без државјанство“ – истакна министерот за правда Бојан Маричиќ.

Контроверзниот закон предизвика лавина реакции. Дел од аналитичарите коментираа дека Владата ги крши законите и го употребува европското знаменце за законите кои воопшто не се соодејствуваат со европското законодавство. Пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, предупреди дека во Законот има збир небулози, и доколку се стремиме кон отворање на вратите на Европската Унија, треба да видиме како функционираат другите држави европски држави каде едно  лице кое сака да добие државјанство, мора да живее минимум осум години водржавата и да го знае официјалниот јазик.

И Македонското здружение на млади правници реагира дека текстот на законот е подготвен во нетранспарентна процедура без увид на јавноста и без можност за било какви коментари, мислења и предлози.

Првичниот предлог на Алијанса наиде на блокада од македонската опозиција, по што албанската опозиција настапи со контра блокада на голем дел од законите во Собранието.