Tag Archives: Солун

Шијаковска романтично запросена (Видео)

Инфлуенсерката Александра Шијаковска сподели видео од романтичното запросување во Луна пак на зајдисонце во Солун.

Јас го избрав него уште пред 12 години, сега само има нова титула – свршеник. Со вас ги споделував сите тешки моменти па сакав да го споделам и најсреќниот момент“ – напиша нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска на Инстаграм.

Погледнете Видео како изгледаше запросувањето:

https://www.instagram.com/aleksandrashijakoska/?utm_source=ig_embed&ig_rid=3e746911-3fdb-4cde-b5bf-1215d3eeeb06&ig_mid=DDBBE39B-D6F0-497C-A5E7-9390FB0A9B15

Заев: Моите деца учат во Солун, таму сите се љубезни

Придобивките од Преспанскиот договор, односите со Грција денес, како и ставот на опозицијата за името Северна Македонија, беа темите на кои се осврна експремиерот Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

Експремиерот вели дека сега, анкетите ја покажуваат Грција како еден од петте најдобри пријатели на Северна Македонија, додека пред Преспа, таа беше еден од нашите три најголеми политички непријатели.

„Денес, многу се радувам кога гледам семејства како меѓусебно комуницираат, се посетуваат, доаѓаат на пазарење, за медицинска нега, на пример на стоматолог. Ние доаѓаме на кафе, на храна, на шопинг, особено во Солун. Како политичар многу често сум во Грција, бидејќи моите деца учат во Солун и запознавам многу луѓе. Сите се толку љубезни, а има и такви кои велат „Господине Заев, јас сум против Преспанскиот, но вие сте добар човек. Затоа, ајде да работиме заедно“, рече Заев.

Експремиерот се заблагодари на грчката влада како за помошта што и ја понуди на неговата земја за време на пандемијата, така и за поддршката за НАТО и европската перспектива.

Вели дека е очигледна разликата во односите, а луѓето ги виделе придобивките од договорот.

„Нашите земји и порано имаа некаква економска соработка. Но, сега, после Преспа, се’ е отворено. Во Северна Македонија беа направени многу инвестиции од Грција, особено во енергетиката, додека во периодот на коронавирусот, Грција ни помогна со тоа што ни обезбеди вакцини. Сега градиме заеднички енергетски пазар и се обидуваме да бидеме отпорни и подобро подготвени за идните енергетски кризи. Ние сме мал регион и ако работиме заедно, навистина ќе бидеме посилни“, рече Заев.

Љубчо се јави да го кара Џамбаски: Оди во Солун и кажи дека „Македонија е бугарска“

Проблемите меѓу Бугарија и Македонија нема да се решат со агресија, туку само со емотивно зближување на дневна основа. Ова го изјавил поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски за бугарскиот весник „Дневник“, по провокативните изјави од бугарските политичари Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов, за време на минатонеделното чествување во Скопје на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева.

Луѓето кои се занимаваат со активна политика, разбираат дека Џамбаски не ја претставува бугарската држава. Но, оние кои сакаат тензијата да продолжува, тоа го претставуваат така. Тие се повикуваат на фактот дека тој сѐ уште е европратеник. Ова е одлична храна за сите кои сакаат омразата меѓу Македонија и Бугарија да продолжува и никогаш да не престане (…) Многу македонски Бугари се срамат да дојдат покај Џамбаски. Жално е што обичниот граѓанин не разбира дека тој е поединец кој прави пиар. Некој треба да му објасни: тој со својата политика никого не штити, само ги изложува на опасност луѓето кои сакаат пријателство со Бугарија“, вели Георгиевски, и пренесува порака од многу пријатели во Македонија – Џамбаски да престане со таа бабаитска политика.

„Кога Џамбаски вели ‘Македонија е бугарска’, заборава дека во принцип Македонија е грчка. Оваа дискусија ја водеа Македонија и Грција 30 години. Бугарија ја немаше никаде во таа дискусија. Таа доброволно се откажа да учествува, да оди во Солун или во Кавала да објасни дека Македонија е бугарска”, изјавил Георгиевски.

(ВИДЕО) Како изгледаше страшното невреме во Солун: Силен дожд ги поплави улиците и продавниците

Солун минатата ноќ повторно го зафати големо невреме, кое предизвика поплави низ улиците, а на некои места има и прекин на електрична енергија, објавија грчките медиуми.

Цивилната заштита издала предупредување до граѓаните и ги информирала жителите за претстојното невреме.

Цел тунел бил поплавен во Солун. Штети имало и во предградијата на Солун, во Переа. Штети биле забележани и на места на патот кон Халкидики, најмногу во Неа Каликратија. На тие места многу куќи претрпеле значителни поплави.

Пороен дожд и грмотевици се очекуваат од недела навечер до понеделник попладне низ поголемиот дел од земјата, се наведува во написите.

Чyдо во Солун: Мироточи митрата на Свети Димитриј

Од вчера се случува чудо во Храмот на Свети Димитриј Солунски во Солун.

Мироточи митрата на Свети великомаченик Димитриј во црквата во Солун, што е причина од вчера да се собираат верници кои собираат свето Миро со парчиња платно.

(Видео) Coлун ГOPИ: „Bojна“ по улиците на вториот град по големина во Грција

Најмалку две лица, студент и полицаец, беа повредени за време на студентскиот протест во Солун, во кој одекнуваа експлозии и се фрлаа молотови коктели, камења и шишиња. Полицијата одговори со солзавец.

Студентите протестираа, барајќи повлекување на законот за високо образование, кој овозможува воведување полиција на универзитетите, а протестот на кој присуствуваа околу 7.000 луѓе помина во знак на судир со полицијата, јавуваат грчки медиуми.

Судири меѓу полицијата и студентите се случија пред Универзитетот Аристотел, но и на повеќе места во градот, а покрај молотовите коктели, на улиците беа поставени и барикади со контејнер.

https://youtu.be/ZXjFsZ0NWII

Еден демонстрант бил повреден кога бил зафатен од пожар од молотов коктел што се обидел да го фрли, а полицијата го спасила откако го изгасила пожарот, а потоа го уапсила.

https://youtu.be/X44uMNYrs58

Неколку автомобили на улиците на Солун беа уништени и оштетени.

Студенти демонстрираа и во Атина, а на улиците имаше околу 2.000 демонстранти, објави грчката полиција. Според полицијата, група од околу 200 демонстранти се обиделе да влезат во зградата на универзитетот, во што биле спречени.

https://youtu.be/UObk2Njqkmw