Tag Archives: сообраќаен

Знаете ли што значи овој сообраќаен знак ?

Сообраќаен знак во изумирање за кој сообраќајните експерти ќе кажат дека е непотребен, како и останатите знаци за предупредување.

Овој знак е загрозен вид, полека исчезнува од патиштата, а значењето му е многу едноставно – предупредување на црни точки во сообраќајот, односно опасни места на патиштата.

Британското министерство за сообраќај уште во 1955 година одобрило нов вид на сообраќаен знак за употреба на местата каде сообраќајките биле чести и со сериозни последици.

Тоа бил црвен триаголник со полн, црн круг во неговата внатрешност, а под него имало табла со објаснување на која пишувало „ACCIDENT BLACK SPOT“.

Тогаш знакот се проширил низ цел свет, но неговата популарност на крајот се намалила на историски ниско ниво.

Сообраќајните стратези, заедно со останатите знаци за предупредување, го сметаат за непотребен, а денес ретко може да се види на патиштата ширум светот.