Tag Archives: сорос

Се огласи Сорос по гласините за неговата смрт: „Жив и здрав сум”

Американскиот милијардер Џорџ Сорос (92) денеска се огласи дека е „жив и здрав“ по написите дека починал.

„Гласините дека сум доживеал срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум“, рече тој.

Веста за наводната смрт на Сорос поради срцев удар се појави утрово на „Твитер“.

Сорос, кој има 92 години, беше честа мета на антисемитизам, теории на заговор, лични напади од авторитарни политички лидери и неколку пати во текот на животот беше „прогласуван за мртов“.

Сорос често го обвинуваат дека ги користи неговите филантропски активности како покритие за кампањи за поткопување на националните влади и промена на текот на изборите во голем број земји.

И СОРОС се исели од Македонија

Фондацијата Институт Отворено општество на Џорџ Сорос ја затвора својата подружница во Скопје, дознава Радио Лидер од извори блиски до Њујоршката централа на организацијата.

Како што објави Лидер, од централата на Сорос одлучиле проектите во Македонија да бидат опслужувани преку подружницата на фондацијата во Тирана.

Нивниот извор тврди дека нема да бидат продолжени договорите на менаџментот во Скопје и на директорката Фани Каранфилова Пановска.

Фондацијата на Џорџ Сорос, со години инвестираше десетици милиони долари во проекти „за развој на цивилното општество во Македонија и зајакнување на институционалните капацитети“.Содржината продолжува после огласот

Затворањето на канцеларијата во Скопје нема да значи дека оваа фондација веќе нема да има проекти во Македонија, ќе има но во намален обем и тие ќе одат преку Тирана.

Филантропот Џорџ Сорос и неговиот син Алекс се блиски пријатели до албанскиот премиер Еди Рама.