Tag Archives: southpark

„Глупавиот принц и неговата глупава сопруга“: Меган и Хари мета на потсмев во новата епизода на South Park

Не стивнува вревата за последната епизода од ултра популарната анимирана серија South Park, во која на ред беа британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган. Безмилосно беа ставени како мета на потсмев.

Брачниот пар кој откако го напушти Обединетото Кралство и целосно се отуѓи од своето семејство, живее во САД, доби вистински кралски третман во Саут Парк. Секоја секунда од епизодата The Worldwide Privacy Tour, во која главните ликови се „глупавиот принц и неговата глупава сопруга“ е длабинска анализа на однесувањето на пар кој гласно „бара приватност“.

Авторите на серијата, која се снима од 1998 година, до сега навредуваа секого и сè. Имаше гнев, закани, но во повеќето случаи жртвите на потсмев одлучуваа дека е подобро да не прават ништо, да чекаат да помине вревата и смеата, а целта да стане некој друг.

Меган Маркл, пишуваат британските медиуми, наводно е „вознемирена и згрозена“ од прикажувањето на неа и нејзиниот сопруг.

Нивните имиња не се спомнати во цртаниот филм. Принцезата носи гардероба слична на онаа што всушност ја носеше Меган, на пример, познатиот бел фустан и капа што ги носеше за да го прослави јубилејот на кралицата Елизабета во 2018 година.

Во цртаниот филм, таа е опишана како „девојка, актерка, инфлуенсер, жртва“. Принцот го носи познатиот сив костум од интервјуто со Опра Винфри и ја промовира автобиографијата книга која личи на мемоарите на принцот Хари.