Tag Archives: Спасовски

Од денеска ќе можете да земете ДРЖАВЈАНСТВО електронски И ТОА ВЕДНАШ

Денеска (16.05.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на настан во просториите на „Една Точка за Услуги” – проект на Министерството за информатичко општество и администрација, каде што се соединуваат сите државни институции со цел поедноставување на пристапот на граѓаните до институциите и услугите кои ги нудат.

На настанот свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, а по повод отпочнување на процесот на дигиталната трансформација на услугите за граѓаните во однос на издавање на уверение за државјанство на Република Северна Македонија во електронска форма.

Како што изјави министерот Спасовски, граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон.

„За таа цел, како МВР донесовме Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на водење евиденција за државјаните на Република Северна Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат. Притоа, работни тимови од Одделот за информатика и телекомуникации и Одделот за граѓански работи во соработка со МИОА, овозможија преку Националниот портал за електронски услуги, барањето да се реализира преку емаил адреса или паметен телефон”, рече  Спасовски.

Објаснувајќи ја постапката за поднесување барање за уверение за државјанство во електронска форма, министерот Спасовски истакна:

„Барањето се поднесува во лично име и за свое малолетно дете, а услугата е достапна на веб сајтот  www.uslugi,gov.mk, лични документи и исправи, државјанство. Барање може да поднесе лице кое има државјанство на Република Северна Македонија и е регистрирано на порталот за е-услуги, преку Системот за единствена најава (СЕН), односно Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронски услуги и од областа на електронските документи, електронската идентификација и доверливи услуги”, рече  Спасовски, додавајќи дека досегашниот начин на издавање на уверение за државјанство во хартиена форма ќе продолжи да се издава на досегашниот начин (лично или со полномошно на шалтерите во управните служби на Министерството за внатрешни работи) независно каде лицето има пријавено живеалиште.

Спасовски нагласи дека МВР продолжува со дигиталната трансформација на процесите и услугите и во наредниот период, а со цел обезбедување брзи услуги кон граѓаните преку намалување на влијанието на човечкиот фактор.

„Ова е еден важен аспект од процесот на евроинтеграциите, бидејќи така ќе се подобри и квалитетот и ефикасноста во обезбедување на услуги за граѓаните. Притоа, ќе се осигура континуитетот и непречената работа на институциите. А, воедно би споменал дека е и успешна алатка во борбата против корупцијата”, истакна Спасовски.

„Денеска сме тука да ги објавиме дигиталните услуги во кои МИОА врз основа на Програмата и Националната Стратегијата за дигитална трансформација на државата, почнуваме да ги промовираме дигиталните услуги кои ги имаме развиени заедно со министерства и други институции кои нудат сервиси за граѓаните. Цениме дека преку дигитализација ќе ги подобриме услугите кон граѓаните, во реално време, со намалено влијание од страна на администрацијата, за која за жал до сега имаше одолговлекување во однос на добивање сервиси. Целта е до крајот на 2023 да се дигитализираат над 150 услуги преку Националниот протал. Преку Агенцијата за дигитализација овие услуги може потполно да се дигитализираат, при што факторот човек ќе биде занемарен”, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Цената на чинење изнесува 150 денари (100 денари административна такса и 50 денари за образец) и истата може да се плати електронски во моментот на поднесување на барање за Уверението за државјанство во електронска форма.

Обрасците за уверение за државјанство број 4  ( македонски јазик) и 4а ( македонски и албански јазик) се заменети со нови обрасци, избришан е податокот за живеалиште заради целосно усогласување со процесот на дигитализација.

Во просториите на Една Точка За Услуги само во 2022 година се издадени 4.000 предмети од шалтерот на МВР, а годинава заклучно со 1 мај издадени се 600 предмети. Предметите опфаќаат Уверение за државјанство, потврда за последен адресен податок (потврдите барани од Катастар на недвижности), потврда која служи во социјално за прво родено дете, како и за второ и трето дете, понатаму потврда за непоседување на моторно возило, како и многу други потреби. Сите документи кои се издаваат на шалтерот на МВР се издаваат веднаш.

Мистериозна сила повторно ги повлече специјалците кои се подготвуваа за уривање на дивоградби на ,,Пластичарска”

Мистериозна сила повторно ги повлече специјалците кои се подготвуваа за уривање на дивоградби на ,,Пластичарска”.

Откако цел ден минале во планирање за обезбедување на објектите кои треба да се урнат од страна на општина Центар полициските специјалци вечерва добиле наредба според која нема да се обезбедува уривање на два огромни дивоградби во центарот на Скопје.

Како и минатиот пат наредбата доаѓа од ,,мистериозна сила” која е помоќна од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски без чија наредба не може ниту да се употребат ниту да се повлечат специјалците.

Предходно според наредбата од МВР меѓу 2 и 4 часот наутро можеше да биде напнато во срцето на главниот град.

Стотина специјалци во деликатна задача

Стотината полицајци се повикани поради високиот ризик при уривање на објектот од кои на едниот не се знае формалниот сопственик.

Едниот објект е еднаш урнат во 2017 година а двата објекти кои треба да се уриваат имаат површина од над 3 илајди метри квадратни кои вредат десетина милиони евра.

Еден од објектите нема никакви документи а изграден е на државно земјиште во зелен појас.

Цели 6 години општина Центар и Државниот градежен инспекторат не спречуваат изградба на објекти кои се целосно спротивен вни на законот.

Минатата недела МВР на Оливер Спасовски не испрати полициска асистенција за уривање на објектите наводно поради зафатеност на полицијата но упатени извори тврдат дека се работи за партиски притисоци од луѓе блиски на една владеачка партија кои не сакаат уривање на објектите.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски пред две недели потврди дека Општина Центар поднела барање за асистенција од Министерството за внатрешни работи за уривање на дивоградбата на улицата „Никола Карев“, (ул. „Пластичарска“).

„Беше и договорена акција за отстранување на објектот, но поради многубројните пријави, така ни стигна допис од страна на Министерството за внатрешни работи, во делот на бомби во училиштата и недоволен број на полициски службеници истата беше стопирана. Повторно од моја страна, по извесен период, пред неколку дена е доставено повторно барање за асистенција од страна на МВР за да заедно да излеземе од терен и почнеме со отстранување на тие диви објекти“, изјави Герасимовски.

Тасевски: Обиџуко мамицата твоја сељачка дали ти кога беше ученик било кога си напуштил часови во паника од бомба?

Пак закана со бомба во основното школо Војдан Чернодрински.

Таче и ти Обиџуко сте тотални идиоти. Поради вашата епска неспособност, најубавиот дел од нечиј живот го претворивте во пекол. Оној на основците и средношколците.

Обиџуко мамицата твоја сељачка дали ти кога беше ученик било кога си напуштил часови во паника од бомба?

Таче, а ти бе копито преживарско? Тебе ова ти е у реду со заканиве? Да не ти е смешно? Уште ти е згодна жена ти после вакви закани? Си уживаш во животот премиерски?

Со месеци трае овој терор, кој верувам дека е добро осмислен, а вас мува не ве лази. Толку сте сигурни дека еднаш нема да пукне некоја од бомбите? Ако сте толку сигурни, тоа значи

дека овие закани се со ваше знаење, со приказна зад нив што ви е од корист. Во тој случај, зрели сте за посебен третман.

Еден ден.

А сега сте зрели за заминување.

Доста ви беа пет години во кои се изживувавте и го понижувавте овој народ.

Собирајте парталите.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

ГРАЃАНИ БИДЕТЕ СПОКОЈНИ – Нема да дозволиме навреди и понижувања, рече Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утринава со порака за мирно чествување на 4 февруари.

– Ниедна политичка партија не може да присвои лик – Гоце Делчев е великан на македонскиот народ!

Граѓаните можат да бидат сигурни – никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ.

Со мирно и достоинствено чествување ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и со посебна почит умееме да чествуваме денови кои се посебно важни за нашата историја. – пишува Спасовски.

„Мерцедесот“ со флешери бил на приватна фирма, а Спасовски уште утврдува дали го возел синот на Буши

Се утврди дека пријавата доаѓа од граѓанин упатена на број, се утврди патничко возило „мерцедес“ кое не е во државна сопственост или на некое министерство, туку на приватна фирма, а возилото било упатено според нашите сознанија кон приватна болница, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со инцидент и нелегална употреба на флешери од синот на заменик-министерот Назим Буши.

Спасовски по посетата на СВР Скопје нагласи дека е убеден оти не е синот на неговиот заменик. Додаде дека имало многу шпекулации за овој случај.

Беа изнесени многу податоци дека е тоа „ауди“ возило, дека е возило на СОЗР, дека е возило на МВР, затоа се вклучи и делот на внатрешна контрола итн. Се утврди прво дека пријавата доаѓа од граѓанин која што е упатена до нашиот Центар за известување на МВР за возило кое што се движи со поголема брзина. Се утврди патничко моторно возило „мерцедес“ кое што не е сопственост на СОЗР, не е сопственост на МВР и не е сопственост на кој било државен орган, туку е приватна сопственост на приватно правно лице кое се движело во тој период и според наши сознанија се упатило некаде во болницата „Систина“, рече Спасовски.

Посочи оти МВР ги обезбедило сите снимки и нагласи дека одговорност ќе има за се тоа што ќе се утврди во зависност од снимките.

Ќе се детектира прекршок, така што во тој дел нема отстапки за кој и да се однесува. Меѓутоа, и шпекулација беше во тој момент дека е тоа не знам син на функционер, дека не знам тоа возило учествувало и во други кривични дела итн. Затоа реков, сите сознанија што ги имате и во овој дел дали вие или граѓаните не е важно, ако ги имаме такви сознанија, бидејќи се тврдеше со прилично голема сигурност, треба да се дадат на ЈО и тука нема функционер бил, не бил функционер. Секој еден ќе си одговара за тоа што си го има направено. Не зборувам само за овој настан како прекршок, туку и за кривично дело, рече Спасовски.

Тој што пријавил, како што рече, не кажал кој вози, ниту има какво било сознание.

Денеска го утврдуваат колегите тоа да видиме кој возел, бидејќи мораме да утврдиме, тој што пријавува не кажува кој вози, ниту има какво било сознание, го утврдуваме преку некои други механизми, штом ќе излезат колегите со детална информација ќе испратиме соопштение и ќе ги знаеме тие детали, рече Спасовски.

Спасовски дувна свеќички за 96-ти роденден во Берлин

Министерот за внатрешни работи денеска слави роденден. Тимот и вработените од македонската амбасада во Берлин му приредиле големо изненадување. А Спасовски ги дувна и свеќите, наполни 46 години.

„Благодарност за изненадувањето од страна на мојот тим и од македонската амбасада во Берлин. Ви благодарам на сите за искрените честитки. Да сте живи и здрави“, напиша министерот Спасовски на социјалната мрежа Фејсбук, споделувајќи фотографии од денешната роденденска атмосфера.

Полицијата ќе користи боди-камери

Годинава беше заокружен проектот за снимање со мобилни камери наменети за единиците за сообраќај и Одделот за гранични работи, а кој е комплементарен на дигиталната трансформација на Министерството за внатрешни работи, објави министерот Оливер Спасовски.

Т.н. ‘боди-камери’ претставуваат бариера против корупцијата со што практично ги штитиме и граѓаните и полицијата – ги исклучивме човечките субјективности на кои сме научени со години наназад“, наведува Спасовски во објавата на Фејсбук.

Тој потенцира дека системот на снимање со камери при евентуално направен прекршок, значи неселективност и транспарентност при казнувањето, а секој што нема да ги почитува сообраќајните правила и прописи ќе сноси одговорност.

„Продолжуваме со процесите на дигитализација и сузбивање на корупција, заедно со нашите партнери САД, коишто ја овозможија оваа вредна донација од еден милион и шеесет и една илјада американски долари, проект на ИЦИТАП програмата на Одделот за правда на Владата на САД“, додава Спасовски во објавата.

Спасовски ќе ги посети во болница повредените полицајци

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во 09:00 часот заедно со раководството на МВР и Бирото за јавна безбедност ќе ги посетат хоспитализираните полициски службеници повредени за време на вчерашниот јавен собир пред Собранието.

Според информациите на МВР, во вчерашниот протест се повредени 47 полицајци, од кои 11 имаат потешки повреди, додека кај двајца повредите се посериозни.

За време на протестот оштетени се и прозорците и фасадите на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи. Скршени се и 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетено е и полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

– Констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции, се наведува во соопштението од МВР.

ДОСТА Е, ПРЕТЕРА – Полицискиот синдикат го повика Спасовски

Синдикатот на полицијата (СПМ) на својата официјална Фејсбук страница му испрати порака на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и од него бара да си поднесе оставка.

„Поддршка на министерот Оливер Спасовски во донесувањето на најдобрата одлука во неговата кариера. Оставка, доста е, претера!“, напиша СПМ на Фејсбук.