Tag Archives: спасување

По ПОВЕЌЕ ОД 257 часа СПАСЕНА ЖЕНА (Видео)

Спасувачите успеале да спасат жена на возраст од 29 години по Кахраманмараш, 257 часа по земјотресот, јавува Анадолија. Како што се наведува, станува збор за Неслихан Килиќ (30).

Пред да го слушнат нејзиниот глас од урнатините, нејзиниот зет рекол дека почнал да и’ подготвува гробно место.

-Им кажавме на спасувачките екипи да ја прекинат операцијата, бидејќи ќе ги распарчат телата. И тогаш го слушнавме нејзиниот глас, рекол зетот на спасената жена.

Благодарение на работата на тимот, младата жена била извлечена жива од урнатините и однесена во болница.

Претходно спасувачите спасија 17 годишно девојче по поминати 248 часа под рушевините.

НОВО ЧУДО ВО ТУРЦИЈА – 17 годишната АЛЕЈНА ПРЕЖИВЕА 248 ЧАСА под урнатините (ВИДЕО)

Во турската провинција Кахраманмарас, 17-годишна девојка беше спасена од урнатините 248 часа по првиот земјотрес, според државната телевизија ТРТ Хабер.

Спасувачките сцени како оваа обезбедија ретки моменти на надеж среде море од пустош, при што бројот на загинати по двата земјотреси во моментов изнесува над 41.000 и се очекува да се зголеми многу повеќе.

Алејна Олмез беше спасена од остатоците од урнатата станбена зграда Атабеј во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.

Нејзината роднина не можеше да ги сопре солзите откако спасувачите ја извлекоа Алејна жива од под урнатините.

(Видео) „Кој ден е денес?“ прашала мајката која со двете деца е спасена после 228 часа под урнатините!

Успешна спасувачка акција 228 часа по земјотресот извеле спасувачите, кои прво ја пронашле жената Ела и нејзините две деца, а потоа ги извлекле од под урнатините на зградата „Угур“ во квартот Антаки.

По 228 часа поминати под урнатините, спасувачките екипи извлекоа жена и две деца во Хатај по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција, јавува Анадолија.

Успешна спасувачка акција 228 часа по земјотресот извеле спасувачите, кои прво ја пронашле жената Ела и нејзините две деца, а потоа ги извлекле од под урнатините на зградата „Угур“ во квартот Антаки.

Спасувачите ги предале спасените деца и жената на екипа на Брза помош, која им укажала прва помош, а потоа ги однела во болница.

По 212 часа од урнатините извлечена 77-ГОДИШНА ЖЕНА (Видео)

Седумдесет и седум годишна жена е извлечена од урнатините на зграда 212 часа по двата силни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Тоа беше уште едно во низата чудесни спасувања вчера.

Фатма Гунгор беше извлечена од урнатините на урнатата зграда во турската провинција Адијаман, откако беше заробена речиси девет дена.

Таа беше фотографирана како покажува со прстите кон небото додека болничарите ја носеа на носилки, завиткана во ќебе од фолија и носеше маска за кислород, пред да биде сместена во амбулантно возило.

И сириската тинејџерка Сехер Ганам (15) беше една од најмалку деветте лица кои вчера беа пронајдени живи во турската провинција Хатај – 209 часа по катастрофата, пишува Дејли Мејл, пренесува Дневник.хр.

Во друга спасувачка операција беше спасен животот на наставничката Емина Акгул (26), која беше ослободена од урната станбена зграда во Антакија, главниот град на Хатај, од тим за пребарување и спасување рудници, објави турската државна новинска агенција Анадолу. Спасувачите ја извлекле 201 час по земјотресот.

Сликите покажуваат дека таа потоа била пренесена со хеликоптер во болница во провинцијата Адана – околу 112 километри воздушна линија – на лекување. Сиба Абурас, исто така, беше спасен од урнатините во Хатај по повеќе од 200 часа.

Бројот на загинати во земјотресите со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтер, што на 6 февруари се случија со разлика од девет часа во југоисточна Турција и северна Сирија, надмина 39.000.

18 годишниот Четин по 200 часа под урнатините, конечно виде дневна светлина!

По повеќе од една недела, 18-годишниот Мухамед Чафер Четин, конечно, виде сончева светлина. Мина, речиси, 200 часа под урнатините во Адијаман по разорниот земјотрес во минатиот понеделник, пред да биде извлечен со овации од спасувачките екипи.

„Еден, два, три. Повлечете! Повлечете! Уште еднаш. Тука е, ајде. Полека, полека, полека. Чафер, не плаши се, добро си. Ајде момци, подготвени ли сме? Еден, два, три. Подготвени! Полека. Донеси носилка, носилка! – Што ти кажав? Излегуваш одовде“, му вели еден од спасувачите на Четин.

Спасувачките екипи макотрпно работат на откривање и извлекување на луѓе под урнатините, иако времето сè помалку е нивни сојузник. Но, нема откажување за нив, а копањето со механизацијата и голи раце ќе трае се додека постои и последна трошка надеж за спас на човечки живот.

Бројот на загинати од земјотресите со јачина од 7,8, односно 7,5 степени според Рихтеровата скала што минатиот понеделник погоди неколку провинции во јужниот дел на Турција и на северозападот на Сирија ја надмина бројката од 37.000, но надлежните институции во двете земји стравуваат дека црниот биланс ќе биде поголем.

Неисправните градби и незапазувањето на градежните стандарди, според голем број на луѓе во Турција, се причина за разорното уништување и големиот број на загинати, додека властите продолжуваат да ги таргетираат изведувачите кои се поврзуваат со спорните градби. Турција воведе правила за градба кои ги исполнуваат стандардите за земјотресно инженерство, но експертите велат дека кодексите ретко се спроведуваат.

Две лица СЕ СПАСЕНИ денеска, деветти ден од земјотресите во Турција

Две лица се спасени денеска, деветти ден од земјотресите во Турција, откако поминале 198 часа под урнатините, јави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Двете лица беа извлечени од урнатините во областа Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси со јачина од 7,7 и од 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари.

Еден од спасените е 17-годишно момче. Телевизијата Си-Ен-Ен-Турк прикажа снимка на која спасувачите носат две лица на носилки до амбулантни возила.

Сите се пренесени во болница и засега нема нови информации за нивната состојба.

Поради последиците од разорните земјотреси што пред повеќе од една недела ја погодија турско-сириската граница, 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата во југоисточниот дел на Турција, соопшти во понеделникот кабинетот на турскиот претседател.

Во меѓувреме, околу 176.000 шатори се подигнати во најтешко погодените провинции во Турција. Агенцијата за катастрофи АФАД објави дека нивните работници поставиле илјадници контејнери за домување.

Според последните податоци, во земјотресите во Турција и Сирија загинаа над 37 илјади луѓе.

ЕДНА Е МАЈКА – Радост, солзи и неверување откако неговата мајка беше СПАСЕНА ПО 176 ЧАСА

Фотографии за паметење доаѓаат денес од Турција.

Иако шансите да се најде некој жив значително се намалуваат од час во час, неколку луѓе се спасени повеќе од една недела по страшниот земјотрес.

Можеби најтрогателните фотографии доаѓаат од Хатај, провинцијата каде што спасувачите извлекоа жива жена од урнатините на станбена зграда. ,

Нејзиното име е Серап Донмез, а особено впечатливи се фотографиите на кои нејзиниот син го слави спасувањето на мајка си.

Македонските војници влегоа длабоко под урнатините, максимални напори да се спаси живот повеќе (Фото)

Припадниците на македонската Армија продолжуваат активно да учествуват во потрагата по преживеани под рушевините во турки Караманмараш.

-Од страна на нашите армиски тимови без задршка се пребарува секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш. Припадниците од вториот тим од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување заеднички со тимови од Велика Британија, Франција и Германија и со непрекината поддршка од спасувачките екипи од Туркије и нивната Армија се обидуваат на повеќе локации, изборувајќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи, информираат од АРМ.

Во земјотресот најмалку 28.000 лица ги загубија животите, но надежта за преживеани е се уште присутна дополнително што и седум дена по земјотресот се спасуваат животи.

(Видео) МАКЕДОНСКИ СПАСУВАЧИ ВО ТУРЦИЈА: Радост кај присутните откако тимот спаси жена која под урнатините мина 114 часа

Спасувачите при Дирекцијата за заштита и спасување кои се ипатија кон Турција на помош извлекоа жива жена од урнатините на урнатата зграда во Турција во петокот, што предизвика овации од присутните 114 часа откако беше закопана од огромниот земјотрес кој предизвика уништување низ целиот регион.

Екипите внимателно ја подигнаа 38-годишната Мелтем Унсал на носилки покрај скршени бетонски блокови и искривен метал до амбулантно возило.

Ова го соопшти Дирекцијата за заштита и спасување на „Фејсбук.

Видео:

https://fb.watch/iDlbXR5jzu/

Oва се македонските херои кои cпacиja 5-годишно детенце од ypнатините – По 10 саати копање успеале да го извлечат (Фото)

Претседателот на државата Стево Пендаровски објави фотографија од македонските војници кои учествуваа во спасувањето петгодишното дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш.

-Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција, напиша Перндаровски на Фејсбук.

Од Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека македонскиот армиски тим кој е ангажиран во градот Кахраманмараш помогна во успешната акција за извлекување на петодишно дете од урнатините.

По шестчасовно расчистување на урнатините и дополнителни четири часа тие успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман.