Tag Archives: специјална

Македонците од Специјална Олимпијада од Берлин се враќаат со пет освоени медали

Атлетите од Специјална Олимпијада – Северна Македонија освоија пет медали на светските Специјални Олимписки Игри во Берлин. Со одличје се закитија:

Агрон Хајредини – златен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од место
Јулијана Петровска – сребрен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од место
Стефан Трпковски – сребрен медал, пливање, категорија 100 метри грбно
Марио Мицковски – бронзен медал, пливање, категорија 100 метри слободен стил
Јане Никодиновски – бронзен медал, бадминтон

На Игрите кои се одржаа од 17 до 25 јуни учествуваа над 7.000 атлети од 190 земји.

-За мене, секој член, претставник од нашата Специјална Олимпијада – Македонија е победник. Заедно покажавме како со посветеност, вложен труд и многу работа резултатите се загарантирани. Освоивме пет медали, но уште поважно – ги освоивме и срцата на присутните во Берлин, а верувам и во Македонија. Навистина се гордееме со сите наши атлети, партнери, помагатели и директни учесници во овие Светски Специјални Олимписки Игри. Честитки и до тренерите кои беа во секој миг до нашите атлети, поддржувајќи ги неуморно, изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада – Северна Македонија.

На Светските Специјални Олимписки Игри (Special Olympics World Games) македонската делегација ја преставуваа 13 атлети, шест тренери, шест партнери и пет делегати.

Вoopyжени до заби: Специјалните косовски сили со kaлашникови, cнajпери, митpaлези и шок бомби распоредени на неколку контролни пунктови во северно Косово

Полициските единици распоредени на неколку контролни пунктови во северно Косово во близина на премините Јариње и Брњак се опремени со тешко оружје, кое е класифицирано како долго и кратко оружје, пишуваат медиумите во Приштина.


Полициските екипи на Единицата за специјални интервенции „ФИТ“ се вооружени со снајперисти, калашникови, митралези, пушки, но и кратко оружје, пренесуваат приштинските медиуми.


Специјалните оперативни единици „НЈСО“ опремени со долго оружје како што се калашникови и кратко оружје како „Глока“, солзавец и шок бомби.

Повеќе од шест оклопни возила се наоѓаат на преминот Јариње на три локации.

Околу 200 припадниците на специјалната полициска единица се уште се распоредени во близина на контејнерите поставени пред неколку дена за припадниците на граничната полиција, лоцирани во Лепосавиќ.

Вчера, на административните премини со централна Србија, Приштина започна да забранува влез во Космет со српски регистарски таблички и да ги замени со привремени.


Одлуката предизвика протести на Србите кои ги блокираа патиштата на административните премини Јариње и Брњак. Протестот на Србите од северот на Косово и Метохија со камиони и автомобили, како и блокадата на патот Рашка – Косовска Митровица и Рибарице – Зубин Поток, кои започнаа вчера, сѐ уште траат.

Во Космет, ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици на Роса низ северот на провинцијата. Во Белград заврши итна седница на Советот за национална безбедност, на која главна тема беа настаните во Косово и Метохија.

Косовските специјалци добија пцовки од Србите „Рамбо дувај го…“ (ВИДЕО)

На Фејсбук страната Борбени Ефективи денеска се појавија снимани видеа од страна на србски граѓани кои на граница ги пречека косовските специјалци од единицата „Роса“.

Им беа довикувани пцовки и навреди како и провокации од страна на насобраните граѓани кај граничниот премин Јариње.

Еве го Дон Рамбо, дувај го брате,…Не се држи така пушката, .. ова се најјаки специјалци, … леле и снајперист имале, тоа снајперот ќе биде наш, … леле што не уплашивте,…слепци,… глупави…итн. – Беа само дел од навредите и провокациите насочени кон специјалната косовска единица.

ВИДЕО 👇