Tag Archives: СПЛИТ

ХРВАТИТЕ ЌЕ ГИ КАЗНУВААТ ТУРИСТИТЕ: Има многу правила, а цената за прекршоците е до 300 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред со која се пропишани поголеми казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи ако бидат фатени според правилникот за комунален ред ќе бидат казнети со 150 евра.

Покрај одење по улица во костими за капење, глоба од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник согласно одлуката за условите и начинот на чување домашни миленици изнесува 66,36 евра за физичко лице.

Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комуналниот ред, а минатата година првите разголени туристи платија казни од 130 евра на комуналните редари.

Сплитчани и нивните гости по улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редари, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа. Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година.

Меѓу важните измени за туристите е забраната за поставување електроакустични уреди на терасите на угостителските објекти во зоната А, што значи дека на тие места не може да се користат звучници и засилувачи на звукот. Како што е наведено во одлуката, дозволено е изведување музика во живо без електроакустични уреди.

Секој што нема да го почитува ова правило ќе биде казнет со 1.320 евра, одговорното лице со 300 евра, а физичкото лице со 260. Максималната казна за физичките лица е 150 евра, а за најтешките прекршоци се пропишани глоби од 300 евра.

Чадорите за сонце и тенди во беж боја и без реклами

Прецизирана е и опремата што може да се постави на терасите на угостителските објекти, така што повеќе нема да има лулашки, каучи и столчиња кои не се во согласност со урбаната опрема, а тендите и чадорите мора да бидат со неутрална беж боја и без реклами. .

Новина е што оние кои нудат брза храна не можат да имаат маси и столови на јавна површина, а во центарот на градот е забрането да се нудат разни услуги за туристите, како што беше случај во претходните сезони, кога рестораните нудеа менија.

Ужac вo Cплит: Cин ja зakлa мajкa cи – нa пoлицajцитe им pekoл дeкa yбил дeмoн

Страшно злосторство се случило во Сплит. Како што пишува Индекс.хр, син со нож ја убил неговата мајка, а нејзиното тело полицијата го пронашла во нивниот стан.

Полициските службеници од Сплит започнаа кривична истрага против Иво П. (28) поради сомнение дека сторил кривично дело „тешко убиство“, соопшти Сплитско-далматинската полиција.

Жената имала мноштво рани нанесени од голем кујнски нож, а полицајците ја нашле во нејзината соба.

Полицијата дошла на вратата од станот на семејството по пријавата на загрижените соседи дека неколку дена не можат да стапат во контакт со неа. Нив ги пречекал нејзиниот син.

Тој им рекол на полицајците: „Убив демон“. Веднаш бил уапсен, не пружајќи никаков отпор. Синот бил однесен во психијатриско одделение за да се види дали е способен за кривична истрага. Лекарите процениле дека е, па веднаш бил пренесен во полиција.

СПЛИТ ПОД ВОДА, затворени некои патишта во Далмација (ФОТО+ВИДЕО)

Силен дожд утрово паѓа на Јадранот, а многу улици во центарот на Сплит се поплавени.

Хрватскиот автомобилски сојуз ХАК предупредува дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места се затворени поради непроодност.