Tag Archives: Спомен

Масовно на гробот на Делчев утре, за да порачаме дека Македонците НЕ се на иста страна со бугарските фашисти!

„Има непотврдена информација дека, наводно, ќе биде дозволено присуство на бугарска полиција демек да ги штити провокаториве. Ако се потврди ова како точно, тогаш да се посипеме со пепел, бидејќи тоа би било отворено признание дека немаме држава немаме и оти се остварува нивниот сон: враќање на бугарската чизма во Македонија. Јас и мојот соборец Драган Пешевски ќе бидеме присутни на позиција и НЕ МРДАМЕ!“ – објави адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбук-профил.

Во врска со ова во својата колумна со наслов „Гоцева стража“, која ја објави „Фокус.мк“, тој напиша: На четврти февруари ќе се навршат сто педесет и една година од раѓањето на најголемиот македонски национален деец Гоце Делчев. Постои иницијатива на 3 февруари по завршувањето на работното време да се самоорганизираме со дваесет и четири часовна стража на гробот на Делчев. Нормално е народот да се самоорганизира кога е предаден и продаден од квазиелитите. На таа иницијатива се приклучија многу граѓани и секако партиски паразити.

Добредојден е секој, на кој му е преку глава да мочаат врз нас фашистичките малоку*ци. Апелирам на сите, кои ќе бидеме присутни, да се воздржиме од било какви физички судирања со дојденците, затоа што тоа нема да ни донесе ништо добро, туку ќе ни нанесе само штета. Но апелирам и на масовност, со што ќе пратиме јасна порака дека НИЕ и ТИЕ историски НЕ сме на иста страна!

Покрај сите навреди, организирано ќе провоцираат и на гробот на Делчев. Јас немам проблем било кој да отиде и да се поклони на гробот на великанот. Бугарски граѓани и делегации тоа и го правеле децении наназад без никој да ги спречува. Но, оваа 2023-та е година на офанзива на бугарската фашизоидна надворешна политика, која на перфиден начин ја користи привилегијата на членство во ЕУ, давајќи им задача на нашите политичари да остварат ЕУ – членство, со барања кои се неприфатливи за било кој нормален човек.

Во оваа годишнина од раѓањето на Делчев се соочуваме со налетот на фашистичкото негирање на најосновното човеково право, на самоопределувањето, на правото ЈАС да сум она, што биле моите претци. Оваа политика ја води Бугарија со сесрдна помош на домашните квинслинзи. Инвазивната бугарска политика кон Македонија и Македонците се повеќе зема замав. Но, зошто не би земала замав кога нашите политички “елити” се познати давајгазовци. Имаме министер за надворешни работи, кој не ги есапи домашните органи на прогон, туку верува на наш државјанин, кој не е ниту бугарски државјанин, ама баш кога го апсат за кокаин национално се освестува.

ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА: Доаѓаме со цвеќе за Гоце Делчев, на Џамбаски нема да му дозволиме да пријде до гробот

Од Партијата на Македонци во Србија соопштија дека ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на херојот Гоце Делчев, а како што се вели во нивната порака до бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, нема да му дозволеле да пријде до црквата Св. Спас.

– По заканите на Џамбаски, дека на 4. февруари ќе дојде во Македонија, да сече раце на Македонци, од Партијата на Македонци во Србија му порачуваме дека ќе го чекаме во Скопје. Ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас. Многу работи останаа нерасчистени. Поддршка до нашите браќа Македонци во Бугарија, Грција и Албанија, велат од Партијата на Македонци во Србија, пренесе Прес 24.

Архангел Михаил не штити од зло – Спомен на еден од ангелите кои им се спротивставиле на силите на злото

Архангел е празник, кој со црвени букви е запишан во црковниот календар и секогаш се празнува на 21 ноември. Тој е спомен на еден од ангелите кои според традицијата им се спротивставиле на силите на злото со војска од сите ангели.

Свети Михаил Архангел, симбол на борбата против злото и небесна сила која ги прифаќа душите на мртвите мерејќи ги нивните добри и лоши дела, е прикажан на иконите и фреските како небесен воин во воена опрема, со меч, копје и зол дух кој, врзан со синџири, лежи под неговите со нозете.

Денеска потрудете се да избегнете непријатни средби, кавги и места кои не ви се допаѓаат. Замолете го да ве заштити од зли луѓе, негативна енергија и да ни даде мир и сила.

На денот на празникот задолжително одете во црква и запалете свеќа. Молете се на вашиот ангел и замолете го да ви ја исполни вашата најдлабока и најважна желба. Отворете ја душата и срцето, споделете радости и таги и конечно заблагодарете се.

Ден по славата, која е една од најголемите меѓу Македонците, замолете го Архангел Михаил да ви помогне со тешкотиите на работа. Без разлика дали е желбата за поголема плата, подобра позиција или друга работа.

Постои традиција според која, како награда од Бога, на архангел Михаил му била дадена можност двапати годишно да се спушта во пеколот и да ги ослободи душите на грешниците, нудејќи им одмор во небесното царство.

На ангелот треба да се шират добри мисли, а единственото нешто што не смеете да го правите е да ги оттргнете сиромашните и слабите од себе. Тоа ќе го казни ангелот кој е секогаш со верниците.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден можете да одредите која ќе биде годината.

Дали Аранѓеловден ќе се слави со посен или мрсен оброк зависи од тоа во кој ден се паѓа. Ако падне во среда или петок, тогаш треба да биде пост, а житото е задолжително.

Во тетовско Непроштено се одбележуваат 20 години од кoнфликтoт во 2001 година помен на убиeнитe и киднaпирани Македонци

Тетово, 23 јули 2021 (МИА) – Во тетовско Непроштено вечер ќе се одблежат 20 години од конфликтот во 2001 година со помен на убиените и киднапирани Македонци од ова место.

-Настанот ќе се одржи со почеток во 18 часот и 30 минути со положување цвеќе пред споменикот на киднапираните што се наоѓа во центарот на селото, информираат од Организацискиот одбор на Непроштено.

Во 2001 година беше убиен Стојан Михајловски, а Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски се дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани во тетовскиот регион.

Спомен-обележјето во Непроштено е изградено во 2014 година.

Спомен на Преподобна Анастасија, мајка на Јустинијан

Патриција и дама на дворецот на царот Јустинијан. Кога остана вдовица и виде дека царицата Теодора не ја поднесува, таа тивко се изгуби од Цариград и се најде во египетската пустина. Прочуениот духовник авва Даниил ја потстрижа во ангелски образ и ја објави како монах Анастасиј евнух. Ова беше според нејзината желба, за полесно како жена да се спаси под машки лик, а и за да се сокрие од царевото трагање по неа. Потоа се затвори во тесна келија и во неа помина дваесет и осум години. Се упокои во 563 година. Пред нејзината смрт старецот Даниил ѝ го виде лицето светло како