Tag Archives: србија

ВИДЕО: Воз налета на камион на железнички премин во Србија, снимен е страотниот удар

Товарен воз денеска удрил во камион кој преминувал преку пруга меѓу станиците Параќин и Јагодина на пругата Ниш-Белград, а од несреќата се повредени двајца луѓе, јавија локалните медиуми.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

Страотниот судир во која се повредени возачот и сопатникот во камионот, се случил на железничкиот премин „Кончарево“, кој е опремен со вертикална сообраќајна сигнализација (семафор), соопшти компанијата „Србија Карго“.

Моментот на ударот на возот во камионот е забележан на морничава снимка, која е објавена на социјалните мрежи:

https://www.instagram.com/reel/CpftjkzADZn/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

(ВИДЕО) Нов СКАНДАЛ во Србија: Се степаа ученик и наставник во Смедерево

Вистински хаос се случил во училиште во Смедерево, Србија, дошло до тепачка меѓу ученик и наставник.

Инцидентот се случил кога наставникот му го одзел мобилниот телефон на ученикот кој го користел на часот.

Еден од учениците го снимил целиот инцидент кој се случил на часот по математика, а видеото се појави и на Твитер.

Морбидни резултати од обдукцијата на двегодишното девојче од Србија, претепано до смрт од очувот-монструм

Јавноста во Србија е шокирана од бруталното убиство на двегодишното девојче од Зајечар, Србија, откако очув монструм го претепа до смрт пред очите на мајката. Сега на површина излегоа нови, уште пострашни детали, пишува Новости.

Обдукцијата на телото е завршена. Таа покажала дека детето има повеќе повреди на главата, од кои едната била фатална.

Констатиран е и расцеп на црниот дроб, а повредите не можеле да бидат предизвикани од пад, како што изјавил очувот, кој е осомничен за ова брутално злосторство.

Полицијата во Зајечар го уапси Милош Н. (25) поради сомнение дека го претепал двегодишното дете на неговата партнерка, односно за кривично дело семејно насилство со смртен исход. Уапсена е и мајката на девојчето, Јелена Т.

Милош Н. е осомничен дека вчера во изнајмен стан во Зајечар неколку пати по главата и телото ја удрил двегодишната ќерка на својата невенчана сопруга, при што тешко ја повредил, а детето е пренесено во Здравствен дом во Зајечар, каде што починало.

Мајката со повреди го донела детето во болница. Само еден час по приемот, детето починало.

Според неофицијални информации, осомничениот Милош и претходно се однесувал насилнички. Но, она што е сигурно е дека во споменатото семејство нема пријави за насилство.

„Во досегашното работење со семејството немало пријави за занемарување и злоупотреба на деца, ниту пак некој од родителите бил пријавен за семејно насилство врз децата“, соопштија претходно од Центарот за социјална работа.

Путин му пишал писмо на Вучиќ: Ве поддржуваме во заштита на вашиот територијален интегритет

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска прими писмо со честитки од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по повод Денот на државноста на Србија, во кое, меѓу другото, се наведува дека Москва високо ја цени „ избалансиран надворешнополитички курс што Белград го спроведува во сегашните сложени меѓународни околности“.
Во честитката на Путин се наведува понатаму.

„Добијте срдечни честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на државноста. Србија е важен и доверлив партнер на Русија. Ние високо го цениме балансираниот надворешнополитички курс што Белград го следи во сегашните сложени меѓународни околности. Ги поддржуваме вашите напори насочени кон заштита на територијалниот интегритет на земјата и решавање на косовското прашање. Уверени дека натамошниот развој на руско-српското стратешко партнерство целосно одговара на интересите на нашите братски народи. Искрено ви посакувам добро здравје и успех, како и на сите граѓани на Србија благосостојба и просперитет“, се вели во честитката на рускиот претседател, која на претседателот Вучиќ му ја врачи амбасадорот на Русија, Александар Бочан-Карченко.

Хаос во српскиот парламент, Вучиќ нападнат, извици – „Не го даваме Косово“ и „предавници“ (ВИДЕО)

Целосен хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред се Двери и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Прво извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што седел.

Во исто време, пратениците на СНС станаа, кои исто така се упатија кон масата на претседавачот. Во оваа тепачка, која траеше околу 15 минути, во салата влезе и собраниското обезбедување.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој седеше во тоа време, ги повика пратениците на СНС да бидат смирени и да и дозволат на опозицијата „да го покаже своето лице“. Тој рече и дека опозициските парламентарци и нанеле огромна штета на Србија со циркусот што го создале во парламентот.

„Од вас ќе ги браниме Косово и Србија – им порача на оние кои скандираа „предавници“ и „оставка“.

Ваквата атмосфера, на работ на инцидент, настана откако лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ го повика Собранието да го отфрли француско-германскиот предлог за Косово, и по неговите обвинувања против владата, за која рече дека сака да изврши предавство.

„Дадоа 35 наши светилишта и сите ги обновивме, кои ги срушија со албанските сепаратисти“, рече Вучиќ.

Како што додаде, „тие пратеници кога некој не се согласува со нив, веднаш би ги претепале“. Тој вели и дека граѓаните можеле да видат хулиганско однесување.

„Не се надеваа дека нема да го признаеме Косово во ОН, јас реков дека нема да дозволиме Косово да влезе во ОН. Тоа е единственото нешто на што се надеваат, да се разбереме, бидејќи тоа е единственото нешто што ги интересира. Ние покажавме дека сме подготвени да слушаме, а тие не се подготвени да слушаат“, изјави Вучиќ.

Pogledajte kako je došlo do potpunog rasula i tuče u Skupštini VIDEO

https://nova.rs/vesti/politika/pogledajte-kako-je-doslo-do-potpunog-rasula-i-tuce-u-skupstini-video/embed/#?secret=YDSR3PCwmZ

ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА: Доаѓаме со цвеќе за Гоце Делчев, на Џамбаски нема да му дозволиме да пријде до гробот

Од Партијата на Македонци во Србија соопштија дека ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на херојот Гоце Делчев, а како што се вели во нивната порака до бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, нема да му дозволеле да пријде до црквата Св. Спас.

– По заканите на Џамбаски, дека на 4. февруари ќе дојде во Македонија, да сече раце на Македонци, од Партијата на Македонци во Србија му порачуваме дека ќе го чекаме во Скопје. Ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас. Многу работи останаа нерасчистени. Поддршка до нашите браќа Македонци во Бугарија, Грција и Албанија, велат од Партијата на Македонци во Србија, пренесе Прес 24.

(ВИДЕО) Пркосен и горд, истраен – НАЈДОБАР ! Како Србите му се заблагодарија на Новак?

Честитки пристигнуваат од сите страни, а меѓу нив беше и „белградската“ кула која се наоѓа на шеталиштето Сава, а блескаше во чест на најдобриот српски тенисер.

Веќе нема дилема. Новак Ѓоковиќ е најдобар во историјата. Тоа уште еднаш го потврди освојувајќи ја јубилејната 10-та титула на Австралија опен, а воедно и 22-риот Грен слем во својата богата кариера.

Новак ечеше низ Мелбурн. Ниту повредата на задната ложа, ниту силно мотивираните противници, кои ги „пореди“ како на лента, не можеа да направат ништо за него. Последен во низата беше Стефанос Циципас, кого Ноле го совлада во финалето, со фантастични 3:0 во сетови.

Феноменот Јелена Ѓоковиќ: Како скромната девојка од соседството стана жена која ја следат светските папараци?

Како млада девојка, Јелена Ристиќ  ја знаеја само тесен круг луѓе. Како успешна деловна жена, сопруга на најдобриот тенисер, мајка на Стефан и Тара, Јелена Ѓоковиќ  сега ја познава целиот свет, пишува српски Блиц.

Кога и како Јелена Ѓоковиќ, родена 1986 година во Белград, стана предмет на јавен интерес и цел на светските папараци?

Јелена доаѓа од скромно семејство, а нејзината љубов кон Новак Ѓоковиќ ја направи достапна за јавноста. Иако не избра, таа стана предмет на интерес, а секој  нејзин чекор внимателно се следи. Таа постојано истакнува дека токму поради тоа има голема одговорност пред  јавноста за тоа што ќе каже, дали или каде ќе оди. Многумина си  го даваат правото да ја коментираат и негативно и позитивно.

Јелена Ѓоковиќ беше студент по економија и финансии на италијанскиот колеџ “Бокони” во Милано. Само една година на овој факултет чини околу 5.000 евра, но Јелена, како и повеќето српски државјани што студираат во “Бокони”, доби стипендија од овој факултет.

Еден од најпопуларните двојки денес се запознаа во 2005 година преку заеднички пријатели, додека Ноле сè уште не беше популарен во светот. Тенисерот  за првпат ја презентираше на јавноста на турнирот во Амерсфорт во јули 2006 година. Таа често го посетуваше Монте Карло каде живее семејството Ѓоковиќ денес.

Фото: Инстаграм

Таа ги мина своите денови во Милано како повеќето од нејзините студентите таму. Живеела во студентски дом, со неколку цимери. Поради многу одговорности на универзитетот, Јелена не ги следеше турнирите  на Новак, но ги гледаше сите натпревари преку телевизиски екрани.

Во тој период, јавноста почна да се интересира за неа – која е девојка која седи во ложата на Новак? Наскоро тој  ја претстави како девојка, потоа сопруга, а потоа како мајка на неговите деца.

Денес, Јелена Ѓоковиќ е директорка на Фондацијата, која се занимава со собирање средства за помагање на сиромашните деца во Србија, уредник на списание и секојдневно ја изразува своите афинитети кон бизнисот.

Значи, вистината е дека Јелена Ѓоковиќ одеднаш се стекна со популарност како сопруга на Новак Ѓоковиќ, но таа упорно докажа дека е повеќе од убава личност и повеќе од титулата “жена што седи на трибините”. Јелена денес е пример за многу жени во Србија, а на негативните коментари  таа возвраќа со насмевка.

Она што му се допаѓа на модни читатели е дека иако има милиони, Јелена навистина не сака да потенцира брендови и никогаш нема да ја видат од глава до пети облечена во “крикот” на последната мода. Да, точно е дека  носи скапи часовници, нараквици и прстени на рацете, но секогаш е со мерка и вкус.

Така, Јелена е пример за една млада жена успешна и остварена во сите полиња – како во бизнис, така и  приватно.

СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Мртви кучиња кучиња без глави во замрзнувач !!! (Видео)

Мртви кучиња во замрзнувач, кучиња без глави, и кучиња кои воопшто не треба да бидат во прифатилиштето, вчера се пронајдени во Градското прифатилиште за напуштени животни во Бор, пишуваат српските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат замрзнати трупови на две кученца и едно поголемо куче без глава.

Сликите од прифатилиштето Бор ја вознемирија јавноста во Србија.

Пред само неколку дена, една жена пронашла куче во близина на викендица на периферијата, на кое сите четири нозе биле тешко повредени, претходно врзано, веројатно со жица. На нозете биле видливи тешки рани, едната нога била скршена.

По ужасните слики од прифатилиштето во Бор, надлежното министерство најави дека ветеринарната инспекција ќе излезе да ги контролира сите прифатилишта за кучиња.

По наредба на министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јелена Танасковиќ, ветеринарната инспекција ќе излезе на терен и ќе изврши вонреден и сеопфатен преглед на сите прифатилишта за кучиња на територијата на Србија.

ВИДЕОТО може да го погледнете ТУКА

Од министерството за „Новости“ додаваат дека ветеринарната инспекција врши редовен надзор на прифатилиштата за кучиња, а имајќи предвид дека во последниот период добила голем број поплаки за работата и условите во одредени прифатилишта, како што е наведено, ќе врши и дополнителни вонредни контроли на секое засолниште.

Вучиќ ШОКИРАШЕ: Пронајдено уште едно наоѓалиште на ЗЛАТО во Србија, меѓу 100-те НАЈБОГАТИ ВО СВЕТ (Видео)

На денешната прес конференција претседателот на Србија меѓу останатите теми ги израдува граѓаните на Србија со една добра вест.

Ново наоѓалиште вели Вучиќ и тоа многу повеќе од првичното наоѓалиште од 500 тона, кое беше откриено во последниот период. Вучиќ не го откри местото каде е пронајдено новото наоѓалиште, рече дека веројатно е меѓу 100-те најголеми места во светот.

-Според првите извештаи, најдовме едно од првите сто наоѓалишта на злато во целиот свет. Значи, уште едно место во Србија каде има многу повеќе злато отколку во Жагувица. Не можам да ви кажам каде е, бидејќи веднаш сите брзаат таму, цените скокаат десет пати – објасни претседателот.