Tag Archives: србија

Вучиќ: Гајле ми е за Американците и Русите, работам само за доброто на мојата држава

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи, јави дописникот на МИА од Белград.

Одговарајќи на новинарски прашања по одржување на воената вежба „Штит 2022“ во Батајница, Вучиќ оцени дека во тек е светски политички конфликт и дека Србија се соочува со неверојатни притисоци.

– Тоа се сведува на многу софистицирани методи на закана и уценување на економскиот напредок или назадување на земјата. Во овие услови само барам луѓето да разберат и да видат колку државата се бори да зачува се што можеме од животниот стандард, кажа тој и додаде дека повеќе ќе зборува за воведувањето санкции против Русија на 6 мај

– Се што можам да ви кажам е дека Србија ги донесе своите заклучоци во Советот за национална безбедност. Нашата политика мора да биде политика на одговорност, што не е ниту едното ниту другото. Навистина не можам да зборувам за шпекулации за тоа кога некој ќе воведе санкции и дали некој ќе воведе санкции. Дури ни господинот Марфи (американски сенатор) не кажа дека јас зборував за тоа, а српските медиуми пренесоа дека само се чека кога ќе воведеме санкции. Ние разговаравме за сосема друга тема, истакна Вучиќ.

Претседателот на Србија на новинарско прашање се осврна и на информациите дека на фронтот во Украина се пронајдени српски мини.

– Ние ги доставивме во некои други земји. Ги испорачавме во Полска. Од испораката на мини живеат неколку фабрики. Каде да го извезуваме оружјето и експлозивите? Тоа не е производство на балетски чевли, тоа е оружје. Не разбирам, што сакате од нас? Дали не обвинувате за тоа што ние сме единствената земја што нема да дава оружје на ниту една страна, кажа Вучиќ.

На прашањето на ТВ Н1, тој повтори дека неговиот разговор со сенаторот Марфи нема врска со санкции кон Русија.

– Се работеше за еден конкретен и посебен проект. Не ми паѓа на памет да се правдам. Сметам дека би биле најсреќни доколку воведам санкции денес. Морални проповеди ми давате затоа што не сум изрекол санкции и што ќе ги воведам за два месеци. Замислете, уште два месеци. Па 120 дена да издржиме, една толку мала земја. Два месеци се далеку… Но тоа се однесуваше на нешто друго, тврди Вучиќ.

Тој порача дека на 6 мај повеќе ќе зборува за изјавата на Путин, кој го спореди признавањето на Косово со Доњецк и Луганск околу пресудатата на Меѓународниот суд на правдатата.

– Навистина ми е гајле за Американците, навистина ми е гајле за Русите и Европејците, и сам да останам на светот, ќе работам само за доброто на мојата земја, изјави Вучиќ.

Се скараа Бугарите и Србите: Џамбаски со навреди, Брнабиќ е гувернер на руската покраина Србија

Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Ангел Џамбаски ја коментираше изјавата на премиерката на Србија Ана Брнабиќ на тема прекин на транзитот на руски гас преку Бугарија и ја нарече „гувернер на руската покраина Србија“.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, коментирајќи ја можноста за прекин на транзитот на гас изјави дека е недозволиво да се разгледува таква можност и дека оваа одлука би била невиден преседан.

Џамбаски ја нарече премиерот на Србија „гувернер на руската покраина Србија“, која не сака да им се спротивстави на „своите газди“. Тој изјави дека укинувањето на гасот за Бугарија ќе има последици и за нејзините соседи и го повика премиерот на Србија „да избере страна“.

Го пречека ли некој зејтинот на граница ? Се молат граѓаните да не прават залихи со српскиот зејтин

Србија ја крена рампата за извоз на сончогледово масло. 2 милиони литри зејтин се на пат кон земјава. Кризата со недостиг на масло за јадење е надмината. Министерот за земјоделие апелира- граѓаните да не паничат и да создаваат вештачка криза. Обозедени се доволни количини, а се очекува и намалување на цената, по укинување на царината за увоз

Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренусваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Николовски.

Министерот за економија, Бектеши на својот ФБ профил  утринава сподели  слики каде се гледа купување на огромни количини масло за јадење. Според него, набавено не е за сопствени потреби, туку за препродажба . Затоа Владата вчера препорача маркетите да ги ограничат количините  и сами да одлучат по  колку литри ќе можат да купат граѓаните. Денеска во маркетите масло има – но дозволената количина е до 3 литри по човек.

Изминатиов месец продажбата е тројно зголемена, а во некои маркети и воопшто немаше масло за јадење. Производителите проблемот го лоцираа кај трговците, кои не  набавувале , затоа што немале интерес да го продаваат без заработка, па тоа и беше  една од причините за празни рафтови.

Србија ќе ни дава и ЗЕЈТИН – Треба да пристигнат 2 милиони литри зејтин

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави дека утре ќе пристигнат 2 милиони литри зејтин, кои според министерот се доволни да се покријат потребите за еден месец. Истакна дека се во постојана комуникација со српските власти и доколку има потреба ќе се испорачуваат и дополнителни количини масло за јадење.

– Таа одлука е објавена денеска и утре веќе увозниците ќе може да ја набавуваат. Станува збор за рамномерно сите договори кои ги имаат во евиденција во нивното министерство да обезбедат рамномерно секоја фимра да може да увезе. А паралелно продолжуваме и очекуваме и нови одлуки, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Според Николовски храна има доволно и нема потреба од активирање на стоковите резерви. Во меѓувреме ќе се работи на зголемување на домашното производство. Најави дека в понеделник ќе се објават огласите за субвенцинии за производство на житни култури и ги повика земјоделците на масовно пријавување.

– Нудиме пакет за договорно производство на сончоглед. Тоа што било традиционално производство за оваа земја и тоа го имаме да го ставиме во функција. Викендов ќе имаме седница на која ќе усвои нов оглас за доделување на земјоделско земјиште.. 6 илјади хектари веќе од понедленик ќе се на располагање на земјодеците за житни култури. За пченка, за сончоглед, пченица, истакна Љупчо Николовски, министер за земјоделство

Сите за Украина, а Србија на пpoтecт со поддршка за рускиот нapoд и Пyтин (Видео)

Белграѓани пред споменикот на цар Николај на улицата Крал Милан во главниот град на Србија започнаа „протест за поддршка на рускиот народ“.

На протестот во непосредна близина на Претседателството на Србија се собраа голем број граѓани, така што улицата Крал Милан беше затворена за сообраќај.

Насобраните извикуваат пораки за поддршка на Русија, која минатиот четврток започна воена инвазија на Украина.

На учесниците на протестот од бината им се обратија претставници на екстремно десничарските организации – Дамњан Кнежевиќ од Народната патрола и Младен Обрадовиќ од Образ.

Тие порачаа дека доколку Србија по изборите воведе санкции кон Русија, двојно повеќе луѓе ќе излезат на улица од вечерва.

Обрадовиќ рече дека „Русија го ослободува целиот свет од заканите на НАТО“ и дека денеска „Путин покажа кој е најсилниот и најхрабриот државник на светот“.

Собирот започна со интонирање на химните на Србија и Русија, граѓаните носат руски и српски знамиња и извикуваат „Русија, Русија“, „Србите и Русите се браќа засекогаш“, „Предавство, предавство“ и „Вучиќ Шиптар, ти ја предаде Србија“.

Демонстрантите потоа отидоа на прошетка до руската амбасада, пренесува N1.

Милица е построга од мене: Премиерката на Србија откри како со партнерката го воспитуваат синот

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ, во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“, откри детали од нејзиниот приватен живот. Таа зборуваше за нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ  и синот Игор. Таа откри како го воспитуваат синот и рече дека не била строг родител.

„Секогаш ги гледаме омилените цртано, но не му дозволуваме да гледа преку ден, само навечер“, рече Брнабиќ и објасни дека иако Милица е таа која го има последниот збор, сепак и таа не е толку строга кон Игор.

„Тој е најголемата радост што ни се има случено во животот“, рече премиерката и додаде дека Игор бил многу талентирано дете.

„Еднаш кога ме праша: „Како ја замени трубата со хорна?“, останав без зборови. Неверојатно е како ги знае сите инструменти. Сака класична музика, а има само три години. Неверојатно е колку е паметен“, рече Ана.

Таа зборуваше и за Милица која работи како лекар. За неа вели дека ѝ дава голема поддршка не само во приватниот живот туку и во работата. За неа таа бил најголемиот критичар.

„Многу е искрена и директна и тоа прави да останам со двете нозе на земја. Понекогаш ѝ недостига нашиот поранешен живот. Таа поднесе голема жртва кога јас влегов во политиката и сум ѝ неизмерно благодарна за тоа. Изгуибвме голем дел од нашата приватност“, рече Брнабиќ.

„Мојата работа бара многу внимание и посветеност во секој момент. Кога ќе и легнам, ако надвор врне, размислувам дали некаде има поплави. Кога нема снег, во време кога обично треба да има, му се јавувам на министерот Недимовиќ за да го прашам како ќе се одрази тоа на нашето земјоделие. А кога имам слободно време, тука е претседателот што работи. Еднаш ми се јави во седум и пол наутро, на 1 мај, за да ме праша зошто увезуваме малини кога нашите се подобри и дали сме ги добиле податоците за раст во април. Тоа малку слободно време што ќе го најдам го минувам со семејството и пријателите“, рече Брнабиќ во едно од своите интервјуа.

Таа откри и во какви односи е со нејзините брат и мајка и покажа и приватни фотографии од нејзиното детство.

„Со брат ми имам одличен однос, навистина. Разликата меѓу нас е само 15 месеци, секогаш сме биле блиски“, рече таа.

Брнабиќ откри дека како средношколец учела во Петтата белградска гимназија и дека тоа бил најубавиот период од нејзиниот живот.

„Имав одлично друштво, иако беше од подобрите средни училишта и бараше многу посветеност, труд и учење. Тренирав пливање. Бев диво дете и после средно правев многу глупости. Во главата ми беа само излегувањата и ноќниот живот. Тоа беше убав период во мојот живот. Убаво си поминувавме на Геозавод, а правевме забави и во пештерите на Тасмајдан. Моите родители во еден момент кренаа раце од мене и ми рекоа деа кога не можат да ме смират подобро е да ме пратат во странство. Во Србија повторно се вратив во 2002 година. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам, затоа што нема поубаво место од Србија. Ова е мојот дом”, рече Брнабиќ.

За потсетување, Брнабиќ во 2017 година стана првата жена премиер на Србија.

Сите машки родени во 2004 година во Србија добиле ПОКАНА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ВОЕНА ЕВИДЕНЦИЈА

Сите млади машки лица родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2004 година добиле општа покана да се пријават во воената евиденција на Србија.

Поканата важи и за постарите лица кои поради некоја причина не се пријавиле.

Дали ова значи дека Србија го враќа воениот рок?

Оваа година младите мажи кои ќе станат полнолетни во текот на годината најмногу размислуваат за војска и воен чин.

Потполковник Зоран Филиповиќ вели дека ова е редовна процедура.

„Воведувањето во воената евиденција е во тек и трае до крајот на февруари тековната година. Потоа за лицата кои не се запишани во евиденцијата ќе има индивидуален повик и истиот ќе се реализира во април и понатаму во текот на годината, обврска пропишана со закон не значи повикување на воен рок“, рече тој.

Инаку, воведувањето во воената евиденција е дефинирано со Законот за воена, трудова и материјална облигациска обврска.

Младите мажи кои живеат во странство можат да се пријават во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Србија во земјата каде што живеат.

Министерството за одбрана денеска ги повика сите заинтересирани млади и девојки родени од 1 јануари 1992 година до 31 декември 2003 година да се пријават за доброволно служење воен рок со оружје. Како што беше најавено, барањето за доброволно служење воен рок и воена обука за резервни офицери може да се поднесе во сите подружници на Поштата Србија, на порталот е-Влада како и во центрите на Министерството за одбрана – поранешни воени ресори. .

Покрај поедноставената процедура за аплицирање, се очекува идните војници да добиваат месечен хонорар во износ од околу 38.000 динари, како и можност веднаш по завршувањето на воениот рок да станат професионални припадници на Војската на Србија.

Заинтересираните кандидати може да добијат детални информации за условите и постапката за пријавување за доброволно служење воен рок со оружје во Армијата на Србија во 2022 година во центрите на Министерството за одбрана во нивните општини и на веб-страницата на Министерството за одбрана.

СРБИЈА 1:1 АВСТРАЛИЈА! РИО ТИНТО ДЕПОРТИРАН Поништени сите дозволи на австралиската компанија

Само неколку дена откако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е протеран од Мелбурн, српската влада донела одлука на компанијата од таа земја да и се поништи проектот вреден стотици милиони долари.

Рио Тинто заминува од Србија! Сите одлуки и сите акти во врска со таа компанија се поништени, порачала премиерката Ана Брнабиќ после седница на Владата на Србија.

Само неколку дена откако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е протеран од Мелбурн, српската влада донела одлука на тамошната компанија да и го поништи проектот вреден стотина милиони долари.

– Укината е одредбата за експлоатација на рудникот за јадарит, просторниот план е укинат и повеќе не псотои. Со самото тоа поништени се дозволи, одлуки и решенија со компанијата “Рио Сава“. Колку што се сеќавам, 2006 година, кога “Рио тинто“, добил дозвола, на власт била Демократската партија, а претседател Борис Тадиќ. Денес тие истите го блокираат сообраќајот, дури и граничните премини – порачала премиерката.

Во Србија по 100 евра за сите млади од 16 до 30 години

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на годишната прес-конференција која се одржа денеска најави парична помош за сите млади на возраст од 16 до 30 години.

„Подготвивме мерка за сите лица на возраст од 16 до 30 години која брзо ќе се спроведе“, рече Вучиќ, а пренесува Нова.рс.

Пријавувањето за оваа мерка ќе започне на 15 јануари и ќе трае до крајот на месецот.

„Оние кои ќе аплицираат треба да имаат сметка во банка, а парите ќе бидат на сметката околу 1 февруари“, објасни Вучиќ.

Тој потсети и дека здравствените работници околу 15 јануари ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари (околу 85 евра), а на 10 февруари на пензионерите ќе им бидат исплатени 20.000 динари (околу 170 евра).

„Тоа е голема помош за околу 2,9 милиони луѓе“, нагласи српскиот претседател, додавајќи дека Владата може да го направи тоа поради добрата состојба на јавните финансии.

Понатаму, Вучиќ најави дека од 1 јануари за прво дете луѓето ќе добиваат еднократна помош од државата од 300.000 динари (околу 2.551 евро), наместо досегашните 100.000 динари (околу 850 евра).

„Ќе има и поволности од 100.000 динари за второ, а за прв пат и за трето дете“, додаде Вучиќ.

Тој смета дека комбинацијата на стари и нови мерки ќе биде важна за посиромашните слоеви на општеството и ќе помогне да се развие свеста дека нема иднина без деца.

Претседателот на Србија посочи дека државата ќе биде подготвена и за помош при купување на недвижен имот од 10 до 50 отсто.

АРМАГЕДОН ЈА ТРЕСЕ СРБИЈА: Разбиен голем ПЕДОФИЛСКИ ЛАНЕЦ, уапсени 11 лица низ земјата (ВИДЕО)

Во Србија денеска во полициската акција „Армагедон“ уапсени се 11 лица осомничени од полицијата за педофилија, пренесува Kurir.

Се сомневаат дека тие експлоатирале малолетници за снимање порнографски содржини и поседување и прикажување малолетничка порнографија како и полово вознемирување на деца.

Уапсени се М.М.(1995) од Пирот, М.М.(1995), М.М.(1983), И.М.(1981) и Ф.Б.(1999), сите од Белград, како и Н.Т.(1995) од Топоница, А.С.(1978) од Панчево. Д.М.(1984) од Суботица и С.Н.(1981) од Турија, Ф.Р.(1996) од околината на Чачак и И.А.(1964) од Власотинце.

Тие се обвинети дека подолго време набавувале и чувале детска порнографија на интернет, а постои сомневање дека преку социјалните мрежи разговарале со малолетници на кои им испраќале порнографски содржини, но и договарале сексуални односи со нив.

При претресот на становите на осомничените, пронајдени се поголеми количества видео снимки и фотографии од малолетничка порнографија, во кои има деца на возраст од 5 до 12 години. На осомничените им е одреден дводневен притвор, по што ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.