Tag Archives: Сребрен

Малиот гениј Македон ѝ донесе уште едно сребро на Македонија (Фото)

На натпреварот „Математика без граници“, македонскиот генијалец Македон Димитровски, освои сребро.

„Да ни се множат успесите“ објави неговиот татко Владимир на Фејсбук.

Натпревароит се одржа на 13-ти февруари, а Македон претходно два пати ја има направено Македонија горда со освоени два златни медали по математика.

Емил Павлов го освои сребрениот медал на СП во Дубаи (ВИДЕО)

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов денеска го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство (СП) во Дубаи.

Павлов во финалето имаше израмнета борба на почетокот, но олимпискиот првак Стивен да Коста успеа да го совлада во завршницата од битката.

Ова е најголем успех за македонскиот каратист, кој претходно двапати беше најдобар во Европа, и тоа во 2014 и 2018 година.

На патот до финалето ги елиминираше Матеј Хомола, Садридин Сајматов, Абдалах Хамат, Али Елксави и Маршал Тадиси.