Tag Archives: стадион

ВИДЕО: Како специјалците апсеа на Градски

Уште нестартуван натпреварот меѓу Шкупи и Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веднаш инциденти околу најголемиот македонски стадион.

Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.

„Уби, уби Шиптара… Ова е Бугарија… Цигани…“ – се дел од навредливите слогани упатени кон играчите на Шкупи кои во моментов се загреваат во очекување на натпреварот.

Сето тоа предзвика и реакција на македонската полиција која мораше да скроти дел од навивачите на Левски кои ја напуштија својата предвидена зона на Источната трибина, па следеа и апсења за дел од најагресивните навивачи на бугарската екипа.

МВР во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија, информира дека приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот.

-Од нив, осум лица се приведени за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив. По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, посочуваат од МВР.

Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.

Да го наполниме Градски за да сфатат дека Вардар ќе живее!

ФК Вардар официјално ги започна подготовките за наредната сезона.
Откако се врати на Градски, каде што припаѓа, Вардар ги повика сите вардарци да купат сезонски билет од 1000 денари, со што ќе му дадат дополнителна поддршкам на клубот.

-Денес, симболично ја најавуваме и големата акција за купување на сезонски билет, за домашните натпревари кои клубот ќе ги одигра на Градскиот стадион во Скопје.

Цената на сезонскиот билет ќе изнесува симболични 1000 денари. Ги повикуваме сите Вардарци, навивачи на најголемиот македонски фудбалски клуб, да бидат спремни зошто акцијата започнува многу брзо. Сите собрани финансиски средства, ќе бидат наменети за функционирањето на клубот.
Време е народот, кој во моментов преку навивачите е единствен сопственик на клубот, да си го каже своето. Од борбата за Вардар нема откажување. Полниот стадион на првиот домашен натпревар, нека биде јасна порака, дека Вардар ќе живее!
НАВИВАМЕ ЗА КЛУБОТ НА НАРОДОТ! – велат Комити.

ВИДЕО: Прв натпревар во Турција по земјотресот, фудбалот во втор план – Трогателна порака се појави на трибините

На стадионот „Шенол Гунеш“ вчера во Конференциската лига се одигра натпреварот меѓу Трабзонспор и Базел, кој е првиот голем спортски настан во Турција по страшниот земјотрес.

Навивачите на Трабзон пред натпреварот изведоа специјална кореографија со голема фигура на спасител на чиј шлем се знамињата на некои земји кои им дојдоа на помош на Турците. Беше истакната порака: „Ќе бидеме заедно, ќе си ги преврземе раните“.

И швајцарскиот тим свесен за деликатниот момент испрати трогателна порака до домаќините пред натпреварот.

-Во вакви моменти фудбалот останува во втор план. На нашето патување мислите ни се со жртвите од земјотресот и затоа ќе објавуваме само црно-бели фотографии“.

Исто така, Трабзон реши, а Базел поддржа, да нема славје на теренот доколку се постигне гол.

-Дефинитивно ќе се приклучиме на тоа и ќе им кажам на играчите дека ја почитуваме таа одлука. Ќе им кажам дека не славиме ако постигнеме гол, изјави Хајко Вогел, тренерот на Базел.

Емотивен беше и тренерот на Трабзон, Абдула Авчи.

-Ќе го одиграме најтешкиот натпревар во нашите животи. Имаме многу болки… Само сакаме да помогнеме да залечиме некои рани што е можно повеќе со обединувачката моќ на фудбалот. Сакам да им заблагодариме на спасувачките тимови од целиот свет кои дојдоа и им благодариме на сите што ни подадоа рака на помош, рече тој.

ВИДЕО: „Лусаил“ подготвен за големото финале, еве како изгледаат соблекувалните на Аргентина и Франција

Прекрасниот стадион „Лусаил“ оддалечен 35 километри од катарската престолнина Доха попладнево од 16 часот ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот 2022 во кое аргентинскиот капитен Лионел Меси има последна можност да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во богатата кариера, додека Франција, од друга страна, ќе се обиде да стане само третата репрезентација на која ѝ успеало да ја одбрани светската титула, по Италија и Бразил.

Едно е сигурно – Франција или Аргентина по трет пат ќе стане светски првак

Аргентина го игра шестото мундијалско финале, а на трофејот чека од 1986 година, кога Гаучосите предводени од Диего Марадона триумфираа на завршниот турнир во Мексико.

Меси, покрај шансата да ја освои светската титула, ќе стане фудбалер со најмногу настапи на светските првенства во историјата (26).

Од друга страна, Франција, предводена од Килијан Мбапе, го игра своето четврто финале на светските првенства, а трето во 21 век.

Со триумф на Франција, 23-годишниот Мбапе може да стане само вториот играч во историјата кој освоил двете светски титули пред да наполни 24 години, по легендарниот Бразилец Пеле.

Финалето е со почеток во 16 часот, а главен судија ќе биде Симон Марчинјак од Полска.

Во малото финале вчера Хрватска го совлада Мароко со 2-1.

Американски новинар приведен на стадион во Катар поради маичката која ја носел (ФОТО)

Американскиот новинар Грант Вал, кој работи за „CBS Sports“ и има напишано книга за Дејвид Бекам, бил приведен на стадион во Катар поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан.

– Кога дојдов на стадионот облечен во маичка со виножито за поддршка на ЛГБТ заедницата, редарите ми забранија да влезам. Ме задржаа 25 минути и бараа да ја соблечам маицата. Твитнав за тоа. Еден момент подоцна, еден од чуварите насилно ми го грабна телефонот од раце. Помина речиси половина час. Чуварите одбија да ми го вратат телефонот и рекоа дека мојата маица е „политизирана“ и бараа да ја соблечам. Јас одбив.

Мојот пријател Ендрју Дас, новинар на „Њујорк Тајмс“, минуваше и му кажав што се случува. Го уапсија и него. На крајот чуварите ме натераа да станам и да се свртам кон безбедносната камера. Еден од чуварите праша: „Дали сте од Велика Британија? Јас одговорив: „Од Њујорк“. Ова почна да ме нервира. Конечно го ослободија Енди.

И тогаш ми пријде шефот на обезбедувањето. Тој рече дека ме пуштаат и ми се извини. Се ракувавме. Еден од редарите ми кажа дека само се обидуваат да ме заштитат од навивачите внатре кои би можеле да ме повредат поради носењето на маицата. Подоцна ми се извини и претставникот на ФИФА. Но, оваа епизода ме натера да размислам како им е на обичните Катарци кога целиот свет не гледа во нив, напиша американскиот новинар на својата веб-страница.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) донесе забрана за било какво носење симболи или пароли, од страна на националните тимови, новинарите но и навивачите, за поддршка на ЛГБТ-популацијата, почитувајќи ги законите на земјата домаќин на Мундијалот.

Македонски навивач експлодираше од радост на Олд Трафорд – го развеа знамето од Кутлеш веднаш зад Роналдо (ФОТО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се кренаа јуначки после непријатната негатива од 0:2 против незгодната Аталанта. Но потоа следуваше феноменален пресврт по кој камерите зумираа навивач кој еуфорично ја славеше победата. Излезе дека е наш човек.

Се работи за скопјанецот Александар Зелениковски, инаку член на фан-клубот на Манчестер Јунајтед во Македонија, објавува ОФФНЕТ.

На толку многу навивачи кои беа синоќа во бројка од преку 70.000 на Олд Трафорд, режисерот во преносот го улови токму Македонецот кој беше пресреќен после голот на Роналдо за 3:2.

Јасно се гледа во кадар и на оваа снимка направена од трибина со знамето на Македонија. Роналдо и компанија славеа пред негови очи.

Текcac ренџери со 40 000 гледачи полн стадион ја почнаа сезоната (Видео)

Во САД се одигра првиот настан пред полни трибини од почетокот на пандемијата.

Во Тексас на безбол мечот помеѓу Тексас Ренџерс и Торонто Блу џејс присуствуваа 40.000 гледачи.

Причина за ваквата слика која недостасуваше на спортските терени е имунизацијата на големиот број жители во државата Тексас.