Tag Archives: стан

Кумановка минува низ голгота: Купила СТАН кој НЕ ПОСТОИ, па остана без дом и без пари!

Во оваа зграда требаше да започне нова етапа во животот на Маја Данчевска, но…

Вака започнува сторијата на КЛАН која ви ја пренесуваме во продолжение:

„Како е можно да завршиме на улица со две мали деца, со кои навистина не знам каде ќе одам“ – изјави Маја Данчевска.

Инвеститорката Снежана Петрушевиќ заедно со сопругот Ѓоко Петрушевиќ наместо да градат според дозволата со која се дозволува изградба на приватна куќа, изградиле зграда со 12 стана. Од кои 7 продале, а меѓу тие 7 лица кои купиле стан е и Маја.

„Се договоривме, ние плативме 60% од вкупната цена за станот. Потпишавме купопродажен договор и во меѓувреме чекавме да се преселиме. Кога беше завршена зградата се вселивме и чекавме да заврши техничката процедура, како што велеше тааа, за да ни го предаде имотниот лист. Кога видов дека нема имотен лист, решив да отидам во катастар каде што ми рекоа дека на ова место нема зграда, таа е наменета за куќа и нема да можам да извадам имотен лист“ – изјави Маја Данчевска.

Откако Маја сфатила што се случува, сопственикот на зградата почнал да се заканува.

Заканите Маја ги пријавила во полиција, и иако и се вршел притисок не престанала да се бори за имотот кој го платила и не може да го користи.

Конечно, во 2017-та година Основниот суд Куманово одлучи да и го конфискува имотот на Снежана Петрушевиќ и да ја прогласи за виновна за бесправно градење.

Освен што и се конфискува имотот, ќе биде осудена и на две години условен затвор, но никаде не беше обвинета за измама и Маја остана и без пари и без имот.

Иако има правосилна пресуда за конфискација на имотот, сега веќе поранешниот сопственик бара Маја да го напушти објектот, а тоа изненадувачки е прифатено од судот. Тоа е така затоа што овој имот се уште не е впишан во катастар како одземен од државата, а од друга страна судот не го признава договорот потпишан на нотар помеѓу Маја Данчевска како купувач и Снежана Петрушевиќ како продавач, бидејќи објектот што е продаден легално не постои.

Се обидовме да добиеме изјава и од инвеститорот Снежана Петрушевиќ. Таа не беше дома. Нејзината мајка рече дека не знае ништо за случајот.

Маја е во овие правни лавиринти од 2014 година, а крајот може да биде болен за неа и нејзиното семејство.

Kumanovarja bleu banesën që nuk “ekziston”! (Video)

На новинар од Прилеп му бил понуден стан за да не објави вест

Во најновата емисија “Нешто конкретно” на Снеже Велков и’ гостуваа младите новинари Матеја Петровски, Кристина Атовска, Љупчо Златев и Сунаи Сабриоски.

Меѓу повеќето интересни прашања, водителката ги праша и дали на некој од нив некогаш му биле понудени пари за да не напише нешто, при одговорот беше: “На сите реално” .

Интересно беше тоа што новинарот од Прилеп, Сунаи Сабриоски, рече дека пари не му понудиле, но дека му бил понуден стан.

Сабриоски потоа кажа дека ја одбил понудата.

Целата емисија можете да ја погледнете ТУКА

ГАРЕВСКИ ЗА ФАКТОР: Кој живее во СТАН ИЗГРАДЕН од 2014 ГОДИНА НАВАМУ, МИРНО ДА СПИЕ

Градбите кои се изградени во нашата земја по 2014 година се посигурни бидејќи се градат според нови законски одредби кои бараат придржување кон построги правила за градба, и кои се контролирани за отпорност при потреси. Ова го истакна Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП). 

Гаревски за Фактор потенцира дека од 2014 година градбите се контролираат од повеќе институции кои се регистрирани во Министерството за образование и наука, меѓу кои се ИСОГКП кои спроведуваат контроли на терен, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и други слични институции, кои ја проверуваат безбедноста на градбите.

По разорнот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија во понеделникот рано наутро, во кој веќе има голем број жртви, многу разуранти објекти, и се уште се трага по преживеани, стравот кај граѓаните се зголеми. На социјалните мрежи и низ медиумите постојано се споделуваат снимки од спасување на преживеани, но обемот на штетите е огромен, и неопходни се повеќе спасувачки екипи за помош на затрупаните граѓани. 

Ваквите информации очекувано создаваат паника и меѓу нашите граѓани, кои стравуваат од слично апокалитично сценарио. Сепак, некогашниот прв човек на Инситутот за земјотресно инженерство, Гаревски за Фактор потенцира дека во нашата земја не може да се очекува волку силен удар, а дополително вели новите градби се направени да истрпат посилни земјотреси. 

–  Во Скопје и Македонија не може да се случи земјотрес со магнитуда од 7,8 степени. Најголемата магнитуда е регистрирана во Пехчево-Берово во 1904 година и таа била меѓу 7,2 и 7,4 степени. Сепак, би нагласил дека во нашата земја не се очекува земјотрес со јачина како во Турција – потенцира Гаревски.

Тој појаснува дека земјотресот во Турција не се очекува да биде тригер за земјотреси во Македонија бидејќи е многу оддалечен. Сепак, додава дека е нормално таласите кои се ослободени да предизвикаат благо придвижување, но тој тип на „микротребори ќе ги регистрираат само апаратите“.

–  При волку јака магнитуда на земјотрес, која е во близина на големи градови, бројките на починати може да надминат и 17 илјади жртви, колку што достигнаа при последниот силен земјотрес во тамошниот регион. Турција е една од најтрусните зони заедно со САД, Јапонија, Чиле и Индонезија, но сепак, ова е еден од најјаките земјотреси, втор по јачина во земјата. Најсилниот бил во 1939 година како и сега на анадолскиот растер и при тој земјотрес биле изгубени дури 17 илјади животи. На истиот расед близу Измир имаше исто така силен земјотрес во 1999 година, кога магнитудата достигна 7,4 степени. Тој период два пати ги посетивме погодените региони, и со свои очи сведочевме на огромните штети. Тогаш имаше огромни рушевини, многу разурнати згради, но и покрај силината на земјотресот во големите штети уддел имаше непрописната градба, несоодветната арматура и несоодветните градежни материјали – објаснува Гаревски.

Тој за Фактор додава дека по 1999 година се воведени поризгорозни одредби за градење во Турција, но и контроли. Сепак, појаснува дека и понатаму има многу згради кои се изградени пред новите законски измени, односно пред 1999 година, што ги прави ранливи на силни удари, бидејќи начините на градење претходно биле многу „несериозни“.

–  Последователни земјотреси во следниот период е очекувано. Афтершоковите ќе продолжат во следните 2-3 месеци, па дури може да траат и 5-6 месеци. Сепак, по главниот удар, не се очекува нов толку силен удар, или близу до него. Веќе имаше некои посилни, во ваква ситуација, очекувано е одреден период да има последователни земјотреси со магнитуда околу 4 степени, па околу три, па два, но може и пак да се зголеми магнитудата и да има земјотрси со силина околу 5 степени, па пак да намалува и постепено да запрат – дополнува Гаревски. 

СТАН, ПАРИ за живеење и БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО како награда од Бугарија за Пендиков

Христијан Пендиков, кој беше повреден во тепачка во Охрид, и Бугарија го „евакуираше“ со авион на лечење во Софија, од бугарските власти ќе добие стан за привремено живеење и пари за издржување додека е во Бугарија.

Ова денеска го соопшти министерот за надворешни работи, Николај Милков, на прес-конференција. Парите што ќе ги добие за живеење се наменети за него и за неговото семејство, рече Милков.

Пендиков вчера беше отпуштен од Военомедицинската академија во Софија и веднаш беше примен од претседателот Румен Радев. Тој најави дека Пендиков ќе има и средба со бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев, „на која ќе се прецизира во колкава мера и дали му треба обезбедување на нашата територија, за да не стане жртва на провокација“.

Милков ги дефинираше настаните од 4-ти февруари, по повод 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и случаите на приведени Бугари на граница, како нова ниска точка во односите меѓу Софија и Скопје.

– Во однос на конзуларните прашања, правната помош, планираме да направиме некои консултации со нив за да ги изнесеме нашите тврдења, бидејќи тие не нѐ известија за апсењата на бугарските државјани. Тие се обврзани да го сторат тоа според еден куп меѓународни конвенции. Во однос на дискриминацијата, секогаш сме чувствувале дека тоа не е само конзуларно прашање. Дискриминацијата е политичко прашање, рече Милков.

Милков, како што рече, се надева дека Христијан Пендиков брзо ќе добие бугарско државјанство. 

„Сиромаштијо не можеш да влезеш во мојот двор“ СТАН од МИЛИОН € – Бака Прасе го покажа станот уреден за 700.000 € (Фото)

„Колку го платив станот? Па, милион и пол. А, ентериерот беше уште 700.000 евра. Се работеше, нема да се срамам од тоа“ – изјавил Бака Прасе за новиот пентхаус од 200m² на „Белград на вода“, каде се всели со својата девојка Ања и го покажа луксузот во ново видео.

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ (26), познат како Бака Прасе, во видео на својот Јутјуб канал го покажа својот нов пентхаус од 200m2, лоциран во Белград или поточно „Белград на вода“.

Од станот се гледаат познатите згради во Белград како Кулата Белград со необичен изглед, на која имаше спектакуларно новогодишно одбројување, има поглед кон реката Сава, нејзините мостови, ноќното осветлување и панорамата на градот, а посакува еден ден да купи стан таму.

„Воодушевен сум од станов, лудило е. Ама еден ден ќе купам таму стан (Кула Белград), овој го изнајмувам, не го купив“ – вели тој во видеото.

Во новиот стан, Богдан се всели со својата девојка Ања Благојевиќ (22), позната како Ања Бла, инфлуенсерка и фитнес тренер, со која неодамна се смирија, една година по раскинувањето.

Тие одлучија втора шанса да си дадат во сосема нов стан, во кој ќе уживаат во неговиот луксуз и панорамскиот поглед.

Во станот има огромна дневна соба, две кујни, три спални од која едната ќе ја претвори во работна соба, каде ќе ги снима своите видеа кои имаат милионски прегледи, а во зградата има пристап и до базен и теретана.

Имено, тој секоја вечер прави преноси во живо на својот канал и, како што вели, огнометите кои знаат да се случат тука често и изгледаат спектакуларно, ќе може да им ги прикаже на своите следбеници.

„Колку го платив станот? Па, милион и пол. И тоа без ентериер. Ентериерот беше уште 700.000 евра. Се работеше, нема да се срамам од тоа што работев и го заработив овој стан“ – изјавил тој неодамна во друго видео, а пренесуваат српските медиуми.

Проверете дали исполнувате услови за купи куќа, купи стан, рокот е до 31 декември

Објавен е јавен повик согласно кој граѓаните ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 декември 2021 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување стан или куќа.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста.

Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

Каматната стапка за станбениот кредит преку проектот е исто така исклучително поволна. За моделите каде што се субвенционира ратата, каматата за првите 3 години изнесува 2,9 проценти, а за четвртата и петтата година 3,9 проценти. Кај моделите каде што се субвенционира учеството, каматата изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен еурибор.

Дополнителна поволност што ја нуди проектот за корисниците е дека за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.

Од ЕДНА ПЕСНА купил стан и автомобил, денеска е еден од најбогатите пејачи на Балканот

Еден од најпознатите пејачи на поранешната југословенска сцена, Шериф Коњевиќ, денес поседува луксузна вила во Илиџа и иако е еден од најбогатите пејачи, не заборава од каде потекнува и како се прослави, пишуваат српските медиуми.

Тој го купи својот прв недвижен имот од големиот хит „Бела венчаница“ од 1982 година, а денес истакнува дека се бо рел за секој динар и работел до зори.

“Ова го заработив чесно и се бо рев за тоа цел живот и успеав. Јас сум човек -домаќин, сакам да сум убав, чист и пријатен.

Работам многу и тогаш мојот дом мора да биде таков”, рече пејачот во една емисија , пренесуваат медиумите, а потоа се сети на својата прва заработена недвижност, од периодот кога се уште не стекнал голема популарност.

“Заработив многу пари поради песната” Бела венчаница “, која се продаде во околу 850.000 примероци. Тоа ми беше несфатливо. Но, преку тој успех, ги добив и финансиите, па купив стан и автомобил”.

Тој додаде дека насликал мурал на ѕидот од неговата вила, кој ја претставува неговата семејна куќа во малиот град Саница кај Кjуч, каде што е роден во 1958 година и каде што израснал.

“Ова е влезот во мојот роден град и бројот 12 во кој живеев. Не сакав да ја напишам улицата, но ова е сосема доволно”.

Тој во медиумите беше актуелен пред некој период поради забавата, која се одржа во Сараево, и покрај пропишаните мерки, се огласи пејачот Шериф Коњевиќ, кој беше меѓу пејачите кои присуствуваа на забавата.

Околу 20 луѓе, меѓу кои и пејачите Халид Бешлиќ, Шериф Коњевиќ, Слаѓана Мандиќ и други, се собраа во ресторан во Сараево за да организираат приватна забава организирана од сараевскиот хирург Јусуф Шабановиќ на неговиот роденден. Полицијата реагираше и сите актери беа каз нети.

“Само отидов на лекарот да дадам подарок, бидејќи Јусуф е мој голем пријател. Немаше многу луѓе, почнав да пеам, седнав, му го дадов подарокот.

Пеев, а не цели две песни Кога ја пеев „Мојот живот“, што е желба на докторот, го поздравив и си заминав “, вели Шериф Коњевиќ.

Тој додаде дека се срами од целата ситуација тогаш.

“Се срамам од државата поради синоќешната ситуација, затоа што ја сакам оваа земја и сите луѓе што живеат во неа. Не се срамам од поединци.

Кога видов алко хол, не сакав ниту да пеам “Мојата сопруга е верник и нема да си дозволам да бидам дел од нечие пи јанство. Се разлутија синоќа кога заминав. Оние што снимаа, нека бидат почестени “, вели пејачот.

Кластер Мк.

Семејството на Верица Белчовска ќе добие стан во Струмица

Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседава министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната седница одлучила на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, информира министерот преку својот фејсбук статус.– Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, стои во статусот на министерот.

Дополнува дека семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.