Tag Archives: Стефонатор

Македонсkиот јутубер Cтефонатор низ cолзи ја раcкажа cвојата потреcна приkазна за туморот (Видео)

Популарниот јутубер Стефан Рашковиќ на „Јутјуб“ познат како „Steffonator“ е еден од најпознатите македонски јутјубери. 

23-годишниот Стефан на својот јутјуб канал после долго време објави видео во кое храбро ја раскажа својата потресна, интимна приказна. Храбро одлучи да прозборе за тема која многумина ја сметаат за табу.

„Нешто што не сум го кажал досега, последните месеци кога ме имаше на Јутјуб како да ме немаше, видеа во кои мене лично ме немаше, зошто ме нема сега со ново видео, зошто не бев баш присутен… Јас летото 2020 година почувствував болки во тестисите, ми препишаа антибиотици, извесно време болките ги снема, но, неколку дена потоа почувствував нешто чудно, и мислев дека има потреба да одам на лекар. Ми направија дополнителни испитувања. 23 јули 2020 е ден што никогаш нема да го заборавам, ми дијагностицираа тумор“– ја почнува емотивната исповед Стефан.

Стефан во јули 2020 година, на 23-годишна возраст, дознал дека има тумор во тестисите и дека ќе му биде потребна операција и долг процес на заздравување.

„Најлошото во тој момент што можеш да го направиш е да пребаруваш на интернет, читаш тоа што не треба да го читаш, си создаваш илјада сценарија, помислуваш веднаш на најлошото, во тој момент во мојата глава се случуваше хаос“ – вели Стефан во видеото.

Младиот јутјубер раскажал дека поминал четири циклуси на хемотерапија во текот на неколку месеци, при што имал и компликации, но и дека поради тоа што зафатот бил неуспешен, пред него е уште една операција, и долг пат пред него кој вели дека ќе го изоди насмеан.

Му посакуваме многу среќа и добро здравје на Стефан, што побрзо да ја победи болеста.