Tag Archives: Стразбург

,,Ќе лежам 20 години но Македонија не ја предавам”

Потресно интервју со Елена Доцевска Божиновска која била држена во притвор во затворот во Шутка цели 41 ден пред да биде однесена да даде исказ пред јавен обвинител.

Доцевска Божиновска била обвинета затоа што со ,,гестикулации” вршела терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија по што била притворена во ноември 2017 година.

Таа деновиве објави дека судот за човекови права во Стразбур донесол пресуда според која македонските власти и обвинителката Вилма Русковска, судијката Добрила Кацарска и други луѓе ја осудиле во незаконска процедура.

Целта на власта тогаш била врз Доцевска Божиновска да се направи обид со долго држење во Шутка без исказ пред обвинител да биде ,,скршена” и таа да сведочи во корист на обвинителството односно СДСМ и ДУИ.

Но правничката која работела во кабинетот на претседателот на собранието 12 години издржала и не прифатила да сведочи лажно по желба на обвинителството.

Иако во затворот и се случила голема трагедија скромната Доцевска Божиновска вели дека била подготвена за долгогодишна казна ако со тоа ја спасува Македонија.

Не сака да ја коментира информацијата која доаѓа од правосудни кругови според која таа би лежела и 20 години но Макеоднија никогаш не би ја предала.

Била однесена во затвор откако во нејзиниот дом во Куманово дошле десетици тешко вооружени полицајци кои ја апселе пред нејзините деца од една и две години а дел од полициските службеници се изживувале врз неа.

Потресното сведоштво на ,,Заспиј ако можеш” со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ во видеото.

„Бугарија одбива да спроведе 16 пресуди на Стразбур, на Македонците им е забрането да го користат и да го учат мајчиниот јазик“

Ова е многу важен извештај. Како што јасно се вели во неговото резиме: „Оваа работа се појави во контекст на зголемената меѓусебна поврзаност помеѓу улогите на Европскиот суд за човекови права, националните уставни судови и Судот на правдата на Европската унија. Со оглед на отсуството на јасна уставна хиерархија меѓу овие јурисдикции, ние се занимаваме со еден вид „конституционализам на повеќе нивоа“.

Ова го изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото обраќање во Совет на Европа.

Според него човековите права во Европа не се тринасочна улица, тоа е еднонасочна улица!

– Националните уставни судови, како и Судот на правдата на ЕУ, мора да бидат во согласност со Европскиот суд за човекови права, како најважен европски суд за заштита на човековите права. Исто така, потребни се подобрувања за да се осигура дека домашните судови соодветно се ангажираат со судската пракса на Европскиот суд за човекови права при примената на човековите права на домашно ниво – вклучително и преку тоа да се направат достапни насоките од Судот на сите јазици на Советот на Европа, рече Николоски.

Николоски додава дека една земја – членка – Бугарија не е посветена на своите обврски како членка на Советот на Европа.

– Бугарија со години одбива да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права. Има 16 пресуди на Судот поврзани со Македонците во Бугарија кои не се спроведуваат. На Македонците им е забрането да го користат и да го учат својот мајчин јазик, ограничено им е на правото на собирање, како и учество на избори. Овие пресуди мора да се спроведат! Националниот устав и судовите на Бугарија не можат да бидат над пресудите на Европскиот суд за човекови права. Кога домашните институции не успеаја да ги заштитат човековите права на Македонците во Бугарија, тие го гледаат Стразбур како своја надеж за почитување на основните човекови права, изјави тој.

Нагласи дека во извештајот јасно е напишано дека – речиси сите земји  одговориле дека нивните судови се повикуваат на Конвенцијата кога одлучуваат за прашањата за човековите права, во истата реченица во извештајот за Бугарија и неколку други земји се вели – сепак, степенот до кој Конвенцијата и/или одлуките на Европскиот суд за човекови права се почитуваат, се разликува.

– Се согласувам со овие позиции во извештајот и мислам дека тие треба да бидат поцврсти во формулацијата и подиректно да бараат од земјите како Бугарија целосно да го прилагоди својот политички систем и истиот да биде во согласност со Европската конвенција за човекови права и да ги почитува човековите права на сите националните малцинства, вклучително и Македонците. Бугарите се многу гласни за случаи надвор од границите на нивната земја, но со години не спроведуваат ниту една пресуда на Судот. Ова не е прифатливо, вели Николоски.

Николоски посочи дека велосното почитување на Конвенцијата и националниот уставен поредок не е антитетично, туку е целосно комплементарно. Собранието треба да смета дека приоритет во Советот на Европа треба да биде зајакнувањето на правниот и моралниот авторитет на Конвенцијата.