Tag Archives: струја

(Фото) ТЕНЗИЧНО ВО КУМАНОВО: Толпа од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН!

Револтирана група на жители на селото Оризари, бидејќи од вчера немаат струја, утрово насилно влегла во просториите на ЕВН во Куманово, велат извори од Електродистрибуција за Плусинфо.

Според информациите кои пристигнаа до нас во моментов жителите на Оризари бараат од Електродистрибуција веднаш да биде отстранет проблемот и тие да добијат електрична енергија, без разлика што дефектот поради кој ова село остана без струја е несовесното однесување на слупчанци, поради кое повеќе села од овој регион вчера беа напојување. Екипите на Електродистрибуција се спречени од жителите на Слупчане да влезат во селото и да го отстранат дефектот.

Од ЕВН нѐ информираа дека по вчерашниот упад на жителите на Слупчане во трафостаниците на ЕВН, селото но и Оризари се сѐ уште без напојување.

Оттаму додаваат дека екипите на Електродистрибуција работеа цела ноќ на санација на дефекти. Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија на селата: Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

По вчерашната целосна блокада за да ги спречат повторно да работат екипите на Електродистрибуција, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

– Се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работиме на санација на дефекти или извршуваме редовни работни активности во овие села – категорични се од ЕВН.

Инаку, вчера објавивме дека жителите на Слупчане имаат 13 барања кои компанијата ги достави до медиумите, во кои, тие бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи.

Замисли влагаш во Тинекс и им викаш „Јас сум од Слупчане, сметкава максимум 3.000 ќе ја куцаш, разбра?“

Жителите на Слупчане ги условуваат екипите на ЕВН, за да им дозволат да влезат во селото. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата, тврдат дека се соочуваат со вербални и физички напади. 

Жителите им поставиле низа услови, а реакциите на социјалните мрежи се бројни.

Жителите на Слупчане со неколку клучни барања – да им бидат отпишани долговите од милиони евра, да плаќаат максимално 3000 денари по домаќинство, без разлика колку струја ќе потрошат и верските објекти да не плаќаат воопшто.

– Дали вака би направиле Македнците и што тогаш би се случило? Се гледа кој е граѓанин од прв, а кој од втор ред! – гласи еден од многуте коментари во оваа насока.

Сатирата на твитерџиите и овој пат „директно во целта“! Ова се најдосетливите реакции на твитерџиите: 

– Да ги пуштиме да преговараат со Бугарија и ЕУ.

– Предлог…и џепарац да им се дава секој месец и Слупчане држава у држава, одма у устав да се ставе…Нема лабаво како до сега.

Жителите на Слупчане бараат да плаќаат најмногу 3.000 денари без разлика колку потрошиле: ЕВН и МВР пак не можат да влезат во селото

Жителите на Слупчане денес не ги пуштија екипите на ЕВН да работат и покрај тоа што на терен беа присутни припадници на полицијата.

За да им дозволат на екипите на ЕВН да работат, мештаните доставија официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се опростат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра и да добијат бесплатни нови приклучоци, а без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари. Во барањето кое ЕВН го достави до „А1он“ жителите бараат верските објекти да не плаќаат струја.

„Не прифаќаме мерните уреди да се поставуваат надвор од куќите. Се додека ова не се случи во целата Северна Македонија не дозволуваме да бидеме исклучок. Далноводот да биде поставен под земја, да им се простат старите долгови на корисниците на ЕВН од Слупчани, да се избриши од сметката, стариот долг што го платиле потрошувачите а да не остане повторно на сметката. На секој крај од селото таму каде што граѓанинот гради куќа, да му се обезвбеди електрична мрежа од страна на ЕВН а не граѓанинот да плаќа илјадници евра за бандери.

Цената за новиот мерен уред да биде 6.00 денари, а барањето за него да се направи само преку лична карта. Да се постави ограничена цена од 3.000 денари по семејство без разлик на потрошените киловати. Корисникот да има пристап до мерните уреди за да има знаење за потрошените киловати. Цената да биде иста и по потрошувачката од 700 киловати од страна на потрошувачот, а не оваа цена да се дуплира“ , се дел од барањата во документот кој ЕВН го достави до „А1он“.

„Екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Се додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување на дефекти или пак да реализираат редовни работни активности во тој регион“, велат од ЕВН за „А1он“.

Пред околу 3 недели мештаните ветија дека ќе им дозволат на екипите на ЕВН да работат. На средба со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

Жителите на кумановското село Слупчане, при обид сами да ја вклучат струјата на селото, на 5 јули предизвикаа сериозен дефект кој ги остави и околните села без снабдување.

„Ако не се најде решение, да се запали државата“: Жител на Слупчане се огласи за дефектот со струјата

Жител на Слупчане вели дека ако не се најде решение за струјата треба да се запали државата. Тој моменталната ситуација ја спореди со војната од 2001 година и вели дека државата ако не го реши проблемот треба да се запали.

Несекојдневна изјава за Макфакс на жител на Слупчане во врска со првото место на селото во Македонија по кражби и неплаќање струја, ситуација која ескалира пред два дена со спречување на екипите на ЕВН да го санираат дефектот на трафостаницата поради дивите приклучоци:

Семејство од Студеничани контролира кој ќе има струја во селото

Два нисконапонски изводи во скопското село Студеничани во моментов се без напојување како резултат на преоптоварување поради кражби и неконтролирано користење на електрична енергија во тој дел од селото.

Дефектот не може да се отстрани поради едно одредено семејство кое практично ги држи другите во заложништво без снабдување со струја.

Според информации на терен, семејството веќе подолго време присвоила и оградила улици на подрачје од 30-тина куќи и ги спречуваат екипите на ЕВН да го санираат дефектот.

„Неопходно е да се санира дефектот и реконструира мрежата за да се овозможи легално приклучување и мерење на електричната енергија. Нашата законска обврска е да им обезбедиме на сите граѓани стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија”, велат од Електродистрибуција и додаваат дека вложуваат напори да се надмине ситуацијата за да не страдаат невини граѓани поради одредени лица.

„Во Швајцарија не смеат да плукнат на улица, а не да не платат струја“:Тасевски „распали“ по Слупчане

Актерот Сашо Тасевски го сподели својот став на фејсбук за инцидентот кој се случи синоќа во Слупчане, кога жителите не им дозволија на екипите на ЕВН да влезат во селото.

– Не можеш држава да изградиш со такви групи кои плаќањето струја што ја користеле го доживуваат како како атак на нивното село или племе. Како чин на етничка агресија и нивна дискриминација. Не можеш, вели Тасевски.

Тасевски раскажува дека еден негов сосед, кој работел во ЕВН, едвај спасил „жива глава“ поради идентична ситуација.

– Еден комшија, во ЕВН работеше, одеше да бара диви приклучоци по овие проевропски супермодерни села и заедници каде плаќањето струја го сметаат за примитивно, беше тепан, навредуван, еднаш едвај жива глава спасил од мештаните кои додека се на печалба во Швајцарија не смеат да плукнат на улица а не да не платат струја. Човеков прво бараше што било да го стават да му намалат и плата само да не го праќаат во овие недопирливи села од законот на оваа недржава. Се разболе од ПТСП синдромот поради траумите по тие села, заканите, се пропи од тие стресовите што ги преживеа. Не е веќе за ништо, иако работи нешто десетто. Ти кажува нешто и одеднаш ќе почне да плаче. А бе каква Европа. Ние сме Европа само географски. Инаку сме деволуирале 20 века. Некои од нас. Ментално сме на ниво на скандинавците од 1 век кога живееле со мечки и мочале по пештери во огнот, додека овде имало цивилизација, објави актерот.

Жители на Слупчане со палење гуми го блокираат патот и влезот на ЕВН, каде струја плаќаат само 20 отсто од домаќинствата (Видео)

Жителите на Слупчане со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН.

Тие неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина, објави ТВ 21.

Слупчане важи за населено место каде што најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија. Фактури за струја пристигнуваат само кај 20 отсто од домаќинствата.

Видеото може да го отворите ТУКА.

Градоначалникот на Липково бара ЕВН да им ги прости сметките за струја на жителите на Слупчане!

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, бара на жителите од селото Слупчане да им се простат долговите за сметки за електрична енергија што се постари од 15 години, откако изминатиот период стана јасно дека таму не му се дозволува на ЕВН да работи на обновување на мрежата.

„Проблемот е што сметките за струја се стари повеќе од 15 години, кои жителите не ги платиле. Велат дека за овие долгови нема судска постапка, но во фактурите се прикажани како основен долг. Бараат да се отпишат овие долгови“, вели Арифи.

Градоначалникот на Липково за ДВ вели дека мрежата не е проблем – туку долговите на жителите на Слупчане.

„ЕВН изминатиот период вршеше санација на мрежата во повеќе села во регионот. Слупчане остана последното село каде треба да се изврши модернизација на мрежата, како и уште неколку планински села“, вели Арифи. 

Тој тврди дека жителите немаат ниту против ваквите зафати на ЕВН – напротив и тие сами бараат да се реконструира целата мрежа.

Инаку проценките велат дека само за жителите на Слупчани се краде 80 отсто од потрошената струја годишно. 

„Проблем се старите долгови од пред 15-20 години кои што ги имаат и бараат да им се поништат. Нема ниту една постапка, а долгот им стои“, објаснува Арифи. 

За колкави долгови точно станува збор, според Арифи не знаат ниту самите жители на Слупчане. Претпоставките се дека долговите толку имаат пораснато за изминативе 20-тина години.

Oд утре за сметка од 5.500 денари ќе се плаќаат над 6.000 денари (Видео)

Со СДС и ДУИ од 2017 година до денес струјата поскапе за повеќе од 50 %. Не поминува година, а да нема покачување. СДС удира по народот, за да го полни буџетот кој го трошат на тендери и криминали,  рече на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од утре граѓаните ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта го зголемува ДДВто од 10 на 18 %. Покачувањето е само заради тоа што власта сака да собере повеќе пари во буџетот, кој со години го краде. Со утрешното покачување на цената на струјата, а според блоковите кои ги воведоа СДС, граѓаните кои паѓаат во вториот блок ќе плаќаат за 2,88 отсто поскапа струја, во третиот блок зголемувањето ќе биде 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто.

Во просек најголемиот број домаќинства ќе имаат зголемување од 2.88 % и 9.99 %. Тоа би значело дека на сметка од 5.500 денари покачувањето ќе биде над 500 денари. И сметките за јули, наместо како досегашните 5.500 денари, ќе бидат над 6.000 денари. СДС ветуваа поевтина струја, а граѓаните денес плаќаат поскапа струја од било кога порано.

Парите од утрешното покачување ќе завршат во буџетот, но власта на СДС и ДУИ ќе може да ги троши на договори во четири очи и криминални тендери.

И за сиот овој период, додека собираат милиони во буџетот по основи на даноци од сметки за струја, инвестициите во нови енергетски капацитети се нула. Не за џабе и ДЗР  излезе со заклучок дека Македонија нема енергетска одржливост на долг рок.

Инвестициите во енергетиката требаше да се случат уште пред 5 или 6 години, а секое дополнително одложување ќе значи поскапа струја секоја година во година. ВМРО-ДПМНЕ има план за енергетиката, затоа потребни се промени, за ударите по џебот на народот да завршат, рече Митева.

Тројца арачиновци краделе струја и оставиле 160 жители во мрак: ЕВН шести ден спречен да го поправи дефектот

Шести ден по ред компанијата за дистрибуција на електрична енергија ЕВН не може да го поправи дефектот во Арачиново настанат од тоа што тројца граѓани присвоиле извод за струја и не им дозволуваат на екипите да работат.

Поради нивното однесување 160 жители од соседните куќи живеат без струја, а не им дозволуваат на екипите да го поправат дефектот кој е предизвикан на дистрибутивната мрежа.

Неофицијално, тројцата арачиновци биле познати во селото по злоупотреби и кражби на струја.

Од ЕВН велат дека ги користат сите правни мерки со цел да ја решат ситуацијата и дека се обратиле во МВР. Очекуваат со нивна асистенција наскоро да го санираат дефектот.

„Ги користиме сите правни мерки со цел успешно решавање на ситуацијата. Се обративме и до МВР и очекуваме наскоро да го санираме дефектот“, рекоа од ЕВН за „А1он“.