Tag Archives: студентскидом

,,СИН МИ НЕ БИ ГО ПУШТИЛ ДА ЖИВЕЕ ВО СТУДЕНТСКИ, ги знам условите”

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски коментирајќи ги условите во студентските домови и студентските протести, даде изјава во налик на онаа дека ако не бил претседател ќе се иселел од Македонија.

Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.

-Мојот син е втора година на факултет во Скопје и има каде да преспива, меѓутоа не би го пуштил. Условите во студентскиот дом „Стив Наумов” ги знам бидејќи 25 години живеам до тој дом. Беа грозни и одвратни уште тогаш, не гледам дека нешто суштински се променило, рече Пендаровски.

Тој вели дека од деведесетите години па наваму студентите од време на време се бунат и со право за услувите во кои живеат и од време на време во условите во кои студираат.

– И да завршат и да дипломираат во такви никакви услови низ студентските домови зборувам, понатаму на пазарот на трудот таков каков што е кај нас во Македонија прашање е колку ќе може да најдат соодветна работа или ќе работат како таксисти или фисикалци и на крајот и заради тоа кога ќе сфатат дека години и години им пропаднале во студирање за џабе ќе отидат надвор и ќе пробаат во струката да најдат работа, ако ништо повеќе, изјави претседателот Пендаровски.

Тој рече дека секој политичар треба да ја разбере реченицата која според него била доста коректна за тоа дека политичари не сакаат да присуствуваат на протестите.

Најлесно да го убиеш еден протест е да го обоиш политички или партиски, а порано сме имале и етнички, додаде претседателот.

Димков до министрите: Дали би пратиле ваше дете да престојува во студентски дом?

Кристијан Димков од Студентски отпор во емисијата 24 анализа го реактуелизираше прашањето за состојбата во која се наоѓаат студентските домови. Во дебатната емисија каде со студентите гостуваше и претставник од министерството Димков го постави прашањето дали министрите би дозволиле нивните деца да живеат во такви услови.

Можеме да се согласиме со Славчо, транспарентно ни крадат/ кратат од нашите барања. Можете како сакате тоа да го интерпретирате. Но јас сакам да прашам господинот, бидејќи сигурно ги има видено сликите од студентските домови, особено во Стив Наумов, но и другите не се многу подобри, дали вие би пратиле ваше дете да престојува во таков студентски дом?

Откако не доби одговор од претставникот од министерството, Димков констатираше дека во образованието постојат класни разлики, а тоа го потврдува фактот дека децата на сирмомашни родители живеат во мизерни услови во студентските домови, додека пак децата на богатите ги немаат ниту посетено овие домови.

На крај димков додаде „Стив наумов е место каде што би живееле робови, а не студенти“.

ЈА ДЕМОЛИРАЛ СО СЕКИРА, па ја ЗАПАЛИЛ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДИРЕКТОРОТ – Хаос во студентскиот дом „Пелагонија“

Канцеларијата на директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“ денеска е пронајдена целосно демолирана и изгорена.

Настанот се случил утрото денеска, додека сторителот, најверојатно бил поранешен вработен во оваа институција.

Едно лице револтирано откако не му бил продолжен договорот, околу 10:30 часот влегол во канцеларијата на директорот на студентската куќа „Пелагонија“, прво ја демолирал со секира, а потоа ја запалил“, пренесува Клан Македонија.