Tag Archives: сума

За брз кредит од 9.000 денари биле наплатени 75.752 денари?!

Задоцнетото враќање на брз кредит една наша сограѓанка ја чинело 8 пати повеќе отколку самиот износ на кредит. Ова е еден од примерите со кои недоволно презцизираната законска регулатива ги втурнува граѓаните во огромни долгови и често во должничко ропство, истакна народниот правобранител Насер Зибери на денешната презентација на Извештајот за 2022 година.

Зибери објасни дека станува збор за брз кредит, за кој навистина како во рекламите не се наплатува камата. Како што можевме да видиме пред новогодишните празници имаше вакви реклами „Сега имате можност за земете кредит до 9.000 денари со нула камата“. Но, за задоцнето плаќање „закачката“ била во „надоместок за доцнење“, категорија која не е прецизирана ниту во закон, ниту пак, за тоа се информираат граѓаните кои ќе посегнат по ваков кредит.

– За да има јавноста претства што борувам ќе илустрирам со еден пример. Земен кредит од 9.000 денари, за доцнењето на неговата исплата навистина како во рекламите, не се наплатува камата, меѓутоа се наплатуваат огромни трошоци. Така, за конкретниот пример на име достасан надоместок наплатени се 2.026 денари, за надоместок за доцнење дури 58.846 денари, па кога на ова ќе се додаде износот за пратената опомен 5.900 денари, долгот ја достигнува сумата од 75.772 денари, што е сума 8 пати поголема од долгот – рече омбдусманот.