Tag Archives: СузанаТурунџиева

Пејачката и медената хероина снимија албум – „Пола тебе, пола мене“: Oд Сузана – „За Атиџе“ (видео)

Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова и македонската пејачка, водителка, писателка Сузана Турунџиева го објавија својот прв албум  насловен како „Пола мене, пола тебе“,

На албумот има осум песни од кои дел се на Атиџе, дел на Сузе, а останатите се од други автори. Песните се снимени во студиото на Роберт Поп – Димов.

Се промовираа и два нови спота, за една турска народна песна и за песната која Турунџиева ја напиша, а се вика едноставно, „За Атиџе“. И двата спота се снимани во Истанбул, од каде што  неодамна се вратија двете дами.

-Кога првпат се сретнавме и ја замолив да ми запее нешто, таа со широка и искрена насмевка ми отпеа 3 македонски песни кои сама ги компонирала… Фасцинирана од нејзиниот натурален овчеполски сопран ја прашав дали ќе сака да ми отпее некоја турска песна. Тогаш Атиџе ми ја отпеа песната за Фериде, и знаев дека еден ден заедно ќе ја испееме …

Благодарение на вештината и мајсторството на нашиот продуцент и аранжер Роберто Поп Димитров, направивме супер дует кој го спакувавме со прекрасни видео материјали од волшебниот Истанбул за кој беше задолжена драгата Вале, напиша Турунџиева на Фејсбук/

Автор на песната е Сузана Турунџиева, а аражманот е на Роберт Поп Димитров.  Сузана истакна дека песната е благодарност кон Атиџе.

Во продолжение слушнете ја песната „За Атиџе“.

Се огласија Сузана Турунџиева и Атиџе: Телефонот ми ѕвонеше на секој 2,3 секунди, ние сме добри (ФОТО)

Taжно, многу тажно утро за Македонија.

Најмалку 45 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“ кога се враќале од Турција.

Автобусот сношти нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград.

Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Македонската пејачка, ТВ водителка, писателка, Сузана Турунџиева и хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова изминатите денови беа во Турција и често објавуваа фотографии од Истанбул како си поминуваат во градот на Босфорот.

По веста за кобната несреќа на македонскиот автобусот во Бугарија кој се враќал од Истанбул, најблиските и јавноста беа загрижени за нив. Нашата редакција ја контактираше Сузана, која во порака за Вистина.ком.мк откри дека таа и Атиџе се добро.

„Добро сме фала Богу. Благодарам за грижата“, ни одговори Турунџиева.

Кралицата на медот Атиџе со Турунџиева продаваа мед 🐝(Фото)

Улица МАКЕДОНИЈА никогаш не била помедена🍯🐝❤
Да се позлатат рацете на вредните пчелари кои ја работат најхуманата работа и одгледуваат медоносни пчели🍯🐝, и да ни е здрава и жива Атиџе – кралица на медот- добиен од дивите пчели, која на светот му ја испрати најмоќната порака – напиша на Инстаграм Сузана Турунџиева.

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова во новата песна не прошетаа – „Од Бекирлија до Битола“ (ВИДЕО)

Сузана Турунџиева и хероината на оскаровскиот документарец „Медена земја“, Атиџе Муратова ја промовираа својата нова, втора по ред песна. Насловена „Од Бекирлија до Битола“, песната  е дело на Сузана Турунџиева, која ги напишала музиката и текстот.

Аранжманот го направил штипскиот музичар Роберто Поп Димитров, познат како вокал на некогашната група „Кентаур“.

Песната е исто така визуелизирана и со видеоспот сниман на различни локации во Бекирлија и Битола.

Локациите за спотот се избрани со идеја да се прикажат убавините на родните мести на двете пријателки, а со тоа и убавините на нашата прекрасната природа на нашата земја, Македонија.

Видеото го потпишува видеопродукцијата „Венов медиа видео“.

Турунџиеваа најавува дека имаат големи планови со Атиџе, меѓу кои и настапи, но и снимање на комплетен материјал за албум.

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова ја објавија својата прва заедничка песна (Видео)

Македонската пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева е добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Нивното пријателство сега прерасна и во нивна заедничка соработка, oдоносно снимија две песни  „Добро раѓа добрина“ и „Иста судбина“.

-Имавме идеја со Сузана да воскреснеме некои стари македонски и турски песни заедно со ансамблот Мерак Чалгии, кои се едни извонредно талентирани професионални музичари. Идејата да снимиме нови песни дојде на покана од нашиот најдобар текстописец Огнен Неделковски, поттикнат од нашето пријателство“, изјави Атиџе неодамна за „Женски магазин“.

Турунџиева на својот Фејсбук ја објави песната „Исти судбини“ а во видеото се нижат фотографии од Атиџе и Сузана.

Музиката и аранжаманот се на Роберто Кентаур Поп Димитров, а текстот е дело на Огнен Неделковски.

Во продолжение слушнете ја „Иста судбина“.