Tag Archives: Сведоци

Сведочења за модуларната болница во Тетово: „Немаше противпожарен апарат, се изгоре за 2 минути“

Рочиштето за модуларната болница во Тетово продолжи со сведоците повикани од Обвинителството. Сведочеа медицинските лица кои биле на смена таа трагичната ноќ како и членовите на семејствата кои биле во болница за да се грижат за своите роднини.

Според лекарот Мустафа Тахири, пожарот избил во горниот дел од еден од креветите.

„Пожарот почна во горниот дел од креветот и дел од ѕидот. Прво го преместивме пациентот, потоа се обидовме да го изгаснеме пожарот со ќебе и со кофа вода, при што пожарот продолжи и во моментот кога сфативме дека не можеме да го изгаснеме, се обидовме да ги преместиме сите пациенти. Слободно можам да кажам дека се изгоре, според моите пресметки, за две минути. Собата изгоре за 15 секунди, болницата за 2 минути. И да имаше противпожарни апарати, и пожарникарите да беа во дворот, тој пожар не можеше да се изгасне на никаков начин.“, рече сведокот Тахири.

Мумин Исмаили кој во оваа трагедија ја загуби неговата мајка, се надева дека случајот ќе се расветли.

„Јас мислам дека ќе се расветли бидејќи почна распитот на сведоците и мислам дека сме на прав пат.“, рече Исмаили.

Сведокот, Оливера Веселиновска била во болница со синот кој боледува од церебрална парализа.

„Останав 4 или 5 дена, слушнав врисоци од пожарот, сестрите трчаа да го изгаснат. тие денови постојано влегував и излегував и во никој случај не видов противпожарни апарати. Не добив дозвола од болницата. Мене вработените ми дозволија да влезам поради детето. Беше чувствителен бидејќи беше со посебни потреби и реагираше многу чудно, па ме пуштија, имаше други луѓе во болница кои носеа храна и излегуваа, јас лично имав документ да го придружувам детето и кога им кажував не ме спречуваа да останам во болница.“, изјави Оливера Веселиновска.

Бугарски експерти за патишта: Чудно е што нема сведоци на несреќата

Претседателот на Синдикатот на наставници по авто-мото обука Јонко Иванов во студиото на „Бугарија утро“ ја коментираше огромната трагедија на автопатот Струма, во која во сообраќајна несреќа загинаа најмалку 45 лица, објави Dnes.bg

Тој објасни дека ова е серија од многу кривини со спуштања и искачувања, тоа не е автопат, тоа е пат со максималната брзина е 120 km/h.

„На овие стрмни падини се активира моторната сопирачка на возилото, тоа е должност на возачот. Овде не гледаме пат на кочење. Ниските заштитни огради не треба да постојат на такви ризични делови од патот“, изјави тој за Бугарија ON AIR.

Експертот објаснува дека должност на тој што го одржува патот, во зависност од условите на патот и траекторијата, да постави дополнителни рестриктивни знаци за намалување на брзината затоа што при слаб дожд се создава каллив коловоз и гумите немаат добро триење со подлогата.

– Во случај на неконзистентна брзина и несмасно кочење, возилото тешко се управува и може да се загуби контролата – објасни експертот Иванов и додаде дека имало удар во заштитната ограда десно од автобусот и фронтален удар во заштитната ограда која го двои автопатот.

Според него чудно е што од 2 часот до 8 часот наутро немало слика за состојбата и тоа што немало сведоци на несреќата.

„Тоа е пат, автомобил, возач – една од овие три работи или комбинацијата од нив доведе до оваа трагедија. Во автобусот треба да има двајца возачи за да се возат. Дали времето за одмор е исполнето? Влегува во 22 часот во Бугарија и патува долга релација, застанува околу 1 час одмор. А луѓето се симнале надолу, што значи дека не спиеле сите во овој период“, изјави гостинот во студиото.

Тој објасни дека заштитната ограда е нова, успеала да го запре автобусот и дека си ја завршила работата.

Според него, истрагата нема да трае долго, бидејќи се засегнати две земји. Вистинската работа е да се формира заедничка комисија, рече тој. Иванов очекува да се обвинува возачот на автобусот и да се шпекулира дека можеби доживеал срцев удар непосредно пред несреќата.

Неговиот колега Богдан Милчев рече дека долго време предупредувале на можен „втор Своге“ и дека често се случуваат несреќи на подрачјето на кое се случи утринска трагедија.

„Има многу дефицити во нашиот транспортен систем. Нашите автопати се во ужасна состојба. Автопатот Тракија е најопасниот во цела Европска унија“, рече Милчев.

Извор: MMС

Кој замолчува сведоци за состојбите во модуларните болници и зошто никој не реагира?

Криењето и заплашувањето да не излезе информација во јавноста за состојбите во модуларните болници ги надминува сите човечки аспекти.

Извори од тетовско зборуваат за нечовечко замолчување на сведоците на пожарот во којшто загинаа 14 пациенти. Јавноста се уште не го знае комплетниот список на жртви, ниту пак на лицата коишто беа во животозагрозувачка опасност од пожарот во Тетово.

Случајот со Ибин Емшиу кој во јавноста рече дека добивал закани по живот за да не ја обелодени вистината за Тетовската болница е само еден пример.

А по сведочењата на пациенти и нивни роднини за барањето мито, за негрижата, за нечовечкиот однос во болниците, заканите не сопреле само кај оние коишто гласно проговореа. Извори пренесуваат дека нема семејство коешто не добило закана, или било каков вид на обид за замолкнување.

Не било заобиколено и дека самиот контакт со болниот за којшто требало самите да се грижат ги доведува во положба на зараза и дека средбата со “судбината” била неминовна. Нехуманиста на режимот секој ден се надминува себе си.

Во одбрана на министер кому му изгоре болница полна со пациенти, којшто на совест има 14 починати во пожар, којшто е одговорен за несоодветни протоколи во истата болница, сега врз истрауматизираните семејства се врши дополнителен притисок, а никој не реагира.