Tag Archives: СветиНиколе

Имаме нов рекорд на македонските патишта – ЛЕТАЛ со 224 км/ч!

На автопатот Штип – Свети Николе вчераутро 25-годишен возач го соборил рекордот на брзина снимен со дигитално броило: иако на тој дел од патот максималната дозволена брзина е до 130 километри на час, младиот возач возел со 224 км/ч.

Сообраќајната полиција успеала да го запре и да го казни. До Нова година, рекордот поставен од полициските броила беше 210 км/ч.

Брзиот возач кој „летал“ од Штип до Свети Николе е еден од вкупно 407 возачи кои се движеле над дозволената брзина и ги прекршиле безбедносните норми за другите учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

„Од нив, 86 возила се движеле со брзина над 50 км/ч над дозволената, а 26 возила со над 70 км/ч повеќе од дозволената. Вкупно 119 возачи ја пречекориле дозволената брзина во населено место и 288 надвор од населено место“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

(Видео) Стојче од светиниколско во coлзи: Децата ми jaдат лeб и кромид – и давам 5 денари за училиште

Стојче од село Ерџелија со своето семејство веќе неможе да го издржи суро виот живот, тој нема ниту за корка леб, куќата може во секое време да му пад не врз глава, а својата приказна ја споделува во емисијата ,,Срце на дланка,,

Стојче незнае кога последен пат се насмеал, и кога ја видел светлината на денот, а проблемите не се намалуваат туку секој ден се дуплираат.

Татјана и Стојче Јакимови го сакаат најдоброто за своето семејство но судбината не била на нивна страна. Стојче е 37 годишен татко на три деца.

Никогаш не верувал дека ќе дојде до ова ниво, ситуацијата му се менува од корен кога останува без работа и без начин да ги исхрани децата.

– Во брак сум уште од 2006 година а година подоцна ми се раѓа и првото дете. Потоа дојде и второто дете а најмалото има десет години.

– Како млад одев шетав, имав колку толку нормален живот како сите други, имаше и тогаш тешкотии и си велев ајде ќе се оженам за да си го подобрам животот.

– Се оженив започнав со работа, но ситуацијата стануваше поло ша, работата не ми беше стабилна, работев како сезонски работник.

– Има моменти кога јадеме само леб и кромид, тоа ти е животот, вели со воздишка Стојче од светиниколско Ерџелија кој животот не го милувал.

– Неможам да се пожалам на детството имаше и добри и л оши моменти, стапив во брак, имав здраствени пр облеми, при третото породување едвај останавме живи, вели Татјана.

Како што вели Стојче натешко му било кога неговата сопруга која е срцев бол есник била во болница во Скопје но тој немал пари за да ја посети.

– Кога ја примија докторот ми рече дека животот и ви си на конец, немав пари да одам со превоз, одев со авто стоп, секој ден одев.

– На три дена сум јадел по само едно парче леб, само да има за децата, нај тешко за еден родител е кога на детето неможеш да му направиш да јаде.

– Нај тешко ми е кога дете ми бара, јас немам, па се кри јам по други соби и пла чам за да не ме видат, последните четири месеци сме без денар пара вели Татјана.

Од животните случувања и секојдневни стре сови Стојче добива и епи лепсија и не е способен за работа, згора на тоа и сопругата е во слична состојба.

– Ги испраќаме на училиште од дома им даваме нешто за јадење, тие велат тато другарчињата си купуваат, но тоа е што да правам немам.

– Има можеби една недела и повеќе откако не сум и дал пари, последен пат и дадов по пет денари да си купат по едни смоки, вели со тешко срце овој храбар татко.

– Имаме еден скр шен телефон, кој го користиме сите, а и тој мора да е цело време на полнач бидејќи не држи батерија.

– Понекогаш бараме по 20-30 денари да си купиме сокче или слично, и додека другите јадат убави банички и кифли, ние само гледаме и јадеме тоа мама што приготви од дома, вели едно од децата на Јакимови.

– Ни треба најмногу прибор за на училиште и и пари за да си го овозможиме тоа, и би биле посреќни, нашите за жал толку можат.

– Цело време во улилиште не исм ејаваат дека немаме носиме храна од дома и дека сме сиромашни, нашите немале пари да ни дадат.

– Желба ми е да можам да најдам некоја работа, колку толку да се прехраниме и децата да ми бидат среќни, да се средат работите и да нема нервози, вели Татјана за крај.

Видео:

https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/421536856056378/

Ајдее Свети Николе ќе станувал Холанд од Мичиген ? :) (Фото)

Сашо Велковски, кој во „дресот“ на СДСМ трча за нов градоначалнички мандат во Свети Николе, во својата понуда до сограѓаните вети нов градски парк, што не би било вест ако проектот не е буквално ист со тој од градот Холанд во американската држава Мичиген?!


Доби прашања на Твитер од кога Свети Николе и Холанд Мичиген од САД се едно исто, а паркот чинел 250 000 долари?

Наравоучение – не се преземаат слики од нет за кампања 🙂