Tag Archives: ТалатЏафери

„1 слика 1000 зборови…“, „универзитетски професори доктори..“ (Фото)

Реакции на Твитер по објавената слика на социјалните мрежи каде Талат Џафери е сликан со еден од убиените лица во вчерашното двојно убиство – Јетон Кривањева.

Талат Џафери добитник на највисоко признание од Синдикатот на вработените на УКИМ

Денес претседателот на Собранието, Талат Џафери оствари средба со претставниците на Синдикатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д–р Ангел Ристов, претседател на Синдикат на УКИМ; проф. д- р Марјан Јованов и м – р Илија Манасиев, на која му доделија Плакета за особени заслуги и придонес во достигнувањата на Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ, како највисоко
признание кое го доделува Синдикатот.

На средбата, претставниците на Синдикатот му се заблагодарија за визионерството и одлучниот чекор кој што претседателот на Собранието го презеде со потпишување на Колективниот договор со Синдикатот на УКИМ, со кој се регулираат платите на наставниот и ненаставиот кадар на УКИМ.

„Ретки се државниците кои ја разбираат и поддржуваат науката, вашето разбирање на значењето на науката значи инвестиција во младите, иднината и напредокот, а во исто време значи превенција од ерозија на државата.

Потпишувањето на Колективниот договор со УКИМ од страна на претседателот на Собранието остава трага во историјата и ќе значи поттик, признание и двигател за науката, согласно
заложбите и посветеноста на вработените “, подвлече проф. д – р Ангел Ристов.

Претседателот Џафери нагласи дека потпишувањето на Колективниот договор е законска обврска на Собранието, но таа обврска не е автоматска или следствена и упати
порака до универзитетите да ги извршат подготовките, да ги презентираат своите ставови и да укажат на потребите од вакви колективи договори.

Соговорниците се согласија дека процесот кој што траеше околу три години се финализираше на успешен начин како резултат на поставеноста на законодавната власт во државата и одговорноста на основачот на Универзитетот.

Талат СЕ ИЗГУБИ: Слушај сега, на синот на Џафери, ни ти, ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст (ВИДЕО)

Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница читаше вести, меѓу кои беше и веста дека синот на собранискиот спикер Талат Џафери без правосуден се запишал на Академијата за обвинители.

На ова реагираше Џафери, по што дојде до караница и меѓусебни навреди.

– Игор Јанушев, на синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогириан – рече Џафери.

На говорницата се врати Јанушев, кој возврати дека читал вести.

– Ти нема да ми кажеш кај ќе идaм – рече Јанушев, откако Џафери му порача да се врати на место.

На крајот, координаторот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ излезе за да го тргне Јанушев од говорницата.

Ивановска за синот на Џафери: Положил правосуден БЕЗ ЗАВРШЕН ФАКУЛТЕТ, немаме механизми да го казниме, случајот се третира како ЗАСТАРЕН

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ, Билјана Ивановска од ДКСК истакна дека синот на Талат Џафери кој сега е на листата за обвинители положил правосуден испит без завршен факултет, но дека нема механизми како ваквите случаи да се казнат.

„ Точно е дека ја запревме постапката за конкретниот случај отворен за Барлет Џафери ние утврдивме тоа што утврдивме го обелоденивме во јавноста дека неговиот правосуден испит му е дозволено да го полага пред да ги има добиено тие 300 кредити односно пред да има магистрирано, значи тука е проблемот. Да имало злоупотреби во случајот меѓутоа сето тоа се случува пред 8 години и случајот се третира како веќе застарен и нема против кого да поднесеме било што“, нагласи Ивановска.

Ивановска додаде и дека документите поднесени во министерството за правда не се чуваат повеќе од една година и не постојат алатки како да се казнат ваквите случаи.

„До толку што документите поднесени до министерство за правда се изгубени, не се изгубени туку не се чуваат повеќе од една година. Иако сметам дека и тоа е погрешно.Проблемот го лоциравме ние кај Универзитетот како давал степен на образование седум кроз еден за 180 кредити, и кој му дозволил понатаму да полага правосуден испит без да ги има 300 кредити.Нема алатки како да ставиме некоја казна, но иако е запрена постапката тоа ни отвара врата да видиме понатаму дали е Барлет изолиран случај или не. Тој Универзитет во период од 4 години има 400 такви уверенија издадено, понатамошна анализа ќе оди да видиме дали има и други такви факултети и да се извршат вонредни инспекциски надзор“, истакна Ивановска.

Џафери: И моето дете има право да биде примено на работа!

„И моето дете има право да конкурира и да биде примен на работа“, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифингот со новинарите, по реакциите во јавност за изборот на неговиот син Барлет за обвинител.

Вели дека поради неговата позиција е на удар на јавноста.

За предметот на Антикорупциска на неговиот син, Џафери вели дека има донесено одлука, односно нема покренато постапка.

Дечки не учете и не полагајте правосуден испит, отпечатете си сами уверение

Дечки не учете и не полагајте правосуден испит – ги советува младите правници адвокатот и член на претседателство на партијата „Твоја” Александар Тортевски. Тој ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да ја водат постапката против синот на спикерот Талат Џафери кој прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал. Причината за спасот на синот на Џафери е што Министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.

Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година – ги совтува Тортевски своите помлади колеги

Целиот случај со Барлет Џафери почна кога антикорупционерите не можеа да проверат дали тој положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование бидејќи документите од Правда се исчезнати. Помладиот Џафери за завршени три години факултет се стекнал со степен на образование 7/1, уверение кое вообичаено се добива за завршено 4-годишно високо образование констатираа од Антикорупциска, а за пропустите не добиле одговор ниту од тетовскиот универзитет, ниту од Државниот просветен инспекторат. Барлет Џафери студиите ги завршил во јули 2015-та, а правосудниот испит 5 месеци претходно, што беше потврдено и од Правда, но документите велат од таму се чувале само една година.

Ристова: Mоже да се утврди кога синот на Џафери дипломирал, а кога положил правосуден испит

Лесно може да се открие дали синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет, дипломирал или не пред да се запише во Академијата на судии и обвинители, смета универзитетската професорка Мимоза Ристова.

„И шо ако ги нема докуметите во Министерството за да се види дали малиот на спикерот Џафери се запишал на Академијата за судии и обвинители пред да дипломира! Зарем доказите нема да ги најдете

1. На соодветниот фалултет/универзитет во книгата на дипломирани.

2. Во Академијата во евиденцијата за пријавени Конкурсот за пријавување, потоа запишани. За ова треба да постојан дестеина релевантни пишани траги.

И доста ви е ова за да се докаже евентуалниот криминал, и да се побара одговорност за СЕРИОЗНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“, пишува Ристова.

Ристова реагира на ставот на Антикорупциска според која не може да се отвори предмет за случајот Барлет Џафери, бидејќи, како што наведоа, Министерството за правда не ја чувало документацијата. 

Од Правда, соопштија дека досегашната пракса била документите на кандидатите односно барањата и другата пропратна  документација на кандидатите за полагање правосуден испит да се чуваат една година“,

„Во врска со случајот со Барлет Џафери кој го водеше Државната комисија за спречување на корупција Ве информираме дека согласно евиденционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството за правда и е од трајна вредност, лицето Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година…

Потписот за положен правосуден испит го ставил Аднан Јашари кој ја извршувал функцијата министер во 2015 година.

Но, Аднан Јашари, вчера негираше такво нешто.

Јашари одговорил дека не положил додека тој бил министер, туку пред него. На прашањето дека според Министерството за правда потписот за положен правосуден испит го ставил тој, Јашари додаде дека (Барлет) положил шест месеци пред да стане министер.

Адвокат за синот на Талат и Министерството за правда: Македонија е најголема вукое*ина во светот

Адвокатот и член на претседателство на партијата ,,Твоја” Александар Тортевски ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да го гонинсинит на спикерот Талат Џафери затоа што прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал.

Причината за спасот на синот на Џафери е што министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.

Чудејќи се на оваа ситуација Тортевски им дава бесплатен совет на своите колеги млади празници.

,,Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година”, порачува Тортевски.

Инаку на Антикорупциската комисија не и треба документацијата од правда затоа што може да ги спореди диоломите на синот на Џафери.

Синот на Талат Џафери положил ПРАВОСУДЕН ИСПИТ, ПРЕД ДА ДИПЛОМИРА, еве што утврдила Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.

ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.

-Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, истакна Билјана Ивановска.

Талат Џафери стана почесен доктор на науки во Тирана!

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во Тирана ја доби титулата „Doctor honoris causa“ од Универзитетскиот колеџ „Киријази“ и стана почесен доктор на науки.

„Doctor honoris causa“ е највисокото признание што Универзитетскиот колеџ „Ќиријази“ им го доделува на истакнати личности за нивниот придонес во националните, меѓународните, академските, научните или културните области, како и нивната посебна поврзаност со овој Универзитет.

На крајот на 2020, Тетовскиот универзитет му ја додели титулата почесен доктор на науки на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.