Tag Archives: Тамара

Младата мајка ТАМАРА се бори да ги задржи овците, пари не бара само материјали за градба на дом за 360 ОВЦИ (Фото)

До редакцијата на Агротим пристигнаа фотографии од стадо овци, млада мајка, сирење во канти и празна површина на која може да се изгради ново бачило. Пораката била испратена од Тамара Трајковска од Пробиштип, село Турско Рудари.

Јас сум во многу тешка ситуација. Имаме 360 овци кои ги чуваме под кирија во село Рајчани. Шталата не е наша, ја користевме со плаќање на минимална кирија. Сега велат дека не може повеќе да ги чуваме овците таму и не знам што да правам. Немам намера да ги продадаме, единствено ако морам, а тоа не сакам. Сакам да ги чуваме и затоа барам некако да ми се помогне, да направам штала, ама немам средства. Било како да ми се помогне, не сакам пари, можеби материјали за градба или некој кредит да извадам“!

Секако дека сакаме да помогнеме и затоа ја објавуваме нивната ситуација со цел да изнајдеме решение за проблемот кој го има ова младо семејство кое се одлучило во животот да егзистира од најтешката земјоделска гранка, сточарство.

https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/09/video-1631561786.mp4

-Од 50 овци, за шест години ги подигнавме на 360 грла, постојано вложуваме во нив. Јас правам и сирење се со цел да ги зголемиме приходите. Имаме наша земја каде може да изградиме штала но немаме средства. Ве молам не дозволувајте да ги продадеме овците – апелира Тамара.

Се надевам дека во државата има агробизнисмени и компании кои се општествено одговорни и со тоа ќе бидат дел од оваа приказна со среќен крај, а продолжување на земјоделска приказна на Тамара.

Се огласи сопругата на Апасиев: Моето дeте има 2,5 години и уште го дojaм и во jaвност

Преку статус на својот фејсбук профил се огласи Тамара Јованов, сопруга на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, каде напиша: Во државава, многу жени се противници на до ење на детето во јавност?! Не било убава глетка?! Дома да си седеле?! А не им пречат децата што пр осат на улица или ѓубр иштето расфрлано насекаде или исеченото зеленило и бетонот. За тоа, не коментираат. Тоа им е таман глетка?! А и не е толку чудно, кога ќе видиш дека мизогинијата во голем дел произлегува од нив. Со тој памет, добро е што и дотука сме стигнале ко држава! Пс. За таквите, поздрав од мене и моето дете – има 2,5 години и уште го до јам (и во јавност). Свртете глава ако не ви чини глетката!

Во државава, многу жени се противници на доење на детето во јавност?! Не било убава глетка?! Дома да си седеле?! А не…

Posted by Тамара Јованов on Wednesday, May 5, 2021