Tag Archives: танчери

УРНЕБЕСНИ ТАНЧЕРСКИ способности на светските лидери (Видео)

Откако во јавноста беше објавено видеото на финската премиерка Сана Марин како игра и пее, реакциите беа поделени.

Некои ја критикуваат Марин за, како што велат, неодговорното однесување, додека други во се гледаат можност да ја зголеми популарноста на 36-годишната премиерка.

Сепак, Марин не беше единствената која танцува.

Со текот на годините, шефовите на држави и влади користеа конференции, официјални меѓународни патувања и кампањи за да ги покажат своите танцувачки вештини.

На Твитер имаше дебата за политичари кои не беа толку добри во танцување. Еве некои кои влегуваат во аналите на танцовите изведби:

Првото кабаре во Битола ги собра македонските музички ѕвезди

Преку 30 актери, пејачи и танчери викендов учествуваа во првото кабаре шоу што се одржа во Битола. Церемонијал мајстор беше актерот Жарко Димоски, а на сцената го придружуваа Александар Тарабунов, Калина Велковска, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева и Христина Јовановска.

Уникатната кабаре претстава понуди забавни танчерски изведби и песни за сите генерации. Кореографијата на танчерите ја осмисли Илија Кардакоски, а костумите на сите учесници ги дизајнираше модниот креатор Андреј Папаз.

„Со кабарето го отворивме комплексот Голд Фелиција, кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува“, вели Димитар Андоновски, музички директор на проектот.

Отворањето на комплексот заврши со голем огномет, а гостите си заминаа со коментар дека одамна немало толку добра забава во Битола.