Tag Archives: тело

Битолско чупе е светска мисица со најубаво тело за 2023 година (Фотогалерија)

Битолчанката Матеа Христовска ја освои титулата за најдобро тело „Мис бест боди“  на избортот за убавина World Next Top Model во Бјерут, Либија. Во конкуренција од 30 девојки од исто толку држави од целиот свет, македонското девојче на World Next Top Model 2023 се закити со титула.

Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имала голема поддршка на изборот во Бејрут.

Победничка, односно World Next Top Model за 2023 е претставничката на Казахстан, Прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата Втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија.

Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут.

Идентификувано и второто од двете пронајдени тела на Пирин

Бугарската полиција го идентификуваше второто тело, кое беше пронајдено заедно со телото на бугарски турист по кој се трагаше една недела, објави локалното издание „24 Часа“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, второто тело е на српски, а не на македонски државјанин.

Српскиот турист ја прославил Новата година во семеен хотел во околината и на 1 јануари отишол на пешачење до врвот Вихрен на планинатата Пирин.

На снимка направена со дрон се гледа дека во реонот каде што се пронајдени двете тела има и црвена јакна, но не е јасно дали има човек во неа или тоа е само надворешната облека.

Спасувачите коментираат дека јакната била на многу поголема надморска височина од местото каде што ги нашле двајцата починати планинари и оти нема пристап во овој момент до локацијата. Хеликоптер на бугарското воено воздухопловство нема да може помогне во подигањето на телата, поради силниот ветер во таа областа. На овој начин нема да може да се погледне околу ова место за да се види дали има друго лице, коментираат планинските спасувачи. Нова група спасувачи со втора количка е на пат кон местото под планината Вихрен, за со неа да биде пренесено и второто тело на српскиот државјанин. Се очекува акцијата да заврши во ноќните часови.

Пронајдено телото на 22 годишниот кумановец кој со голф излета во Вардар

– Градоначалникот на општина Желино преку социјалните мрежи објави дека утринава во реката Вардар е најдено телото на Ердон Рамадани, 22 годишното момче кое на 27 септември излета од автопатот Тетово-Скопје.  Младиот Ердон со возило фолксваген голф излета од коловозната лента на автопатот кај мостот што поминува над реката Вардар во близина на Желино.

-Најден е младиот кумановец, во реката Вардар. Благодарност до сите спасувачки екипи кои придонесоа во текот на сите овие денови. Длабоко сочувство до семејството, порача преку социјалната мрежа Блерим Сејдуи, градоначалникот на Желино.

Од тетовската полиција потврдија дека е најдено тело во реката Вардар, но се уште не е извршена официјалната идентификација. Полицајци од СВР Тетово ги нашле телото.

-Во 10:40 пронајдено е безживотно тело на машко лице во непосредна близина на касарната Еребино, до вториот бетонски мост. Телото наскоро треба да се извлече од водите и да се изврши официјална идентификација. Повикан е лекар од Судска медицина и јавен обвинител, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.

ПО 10 ДЕНА ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА РИБАРОТ: Паднал во езерото Козјак и се удавил

Вчера во 09.30 часот на површината на водата од езерото „Козјак“ било пронајдено телото на Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, кој на 25.09.2021, додека ловел риба, паднал во водите на езрото и се удавил.

Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Македонски Брод, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Каква брука: На сред ПОГРЕБ им го одзеле телото на почината девојка во тетовската болница❗

Прекинат бил погребот на девојчето од 20-тина години, на кое во моментот на
избувнувањето на пожарот му била вршена реанимација. Станува збор за девојка со
церебрална парализа, која во модуларната тетовска болница била во придружба на
своите родители, објави А1он.

„Телото на веќе починатата пациентка било изнесено во моментот на избувнување на пожарот. Обдукцијата по барање на обвинителството беше извршена за точно
утврдување на причините за смртта, при што се констатира дека настанатата смрт не е последица од пожарот“, изјавиле од обвинителството за А1он.

На родителите им било дозволено да го земат телото на својата ќерка и им било кажано дека можат да ја погребаат, со оглед на тоа што починала пред настанувањето на пожарот. Погребот бил организиран, а телото било
однесено во црква. Во меѓувреме, обвинителството решило да ја додаде во
предметот и побарало нејзина обдукција, па така на сред погреб, нејзиното тело било одземено и однесено во Институтот за судска медицина, каде што било утврдено дека пожарот не бил причина за нејзината смрт.

Наместо телото на својата мајка од Инфективна добиле тело на непознат маж❗

Наместо телото на нивната почината мајка, семејство од Врапчиште добило тело на непознат маж, објави ТВ 21.

Семејството во изјава за телевизијата вели дека нивната мајка починала на Инфективната клиника во Скопје.

Откако го прифатиле телото забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот имало тело на непознат маж, па затоа се упатиле кон Инфектива.

По повеќечасовно барање, телото конечно било пронајдено во Гостивар каде по грешка било испратено од болницата.

Дали ќерката на контроверзниот милионер ИМА НАЈСОВРШЕНО ТЕЛО (Фото+Видео)

Австралиската манекенка Лучијана Бејнон која е ќерка на контроверзниот тајкун, мултимилионерот Траверс Кандимен Беjнон, неодамна продефилира по модната писта во Мајами, а веста за нејзиниот заносен изглед ја пренесоа сите странски медиуми.

Атрактивна бринета, со волшебни облини, доминираше во модната ревија, облечена во минијатурен црн костим за капење, а многумина веќе велат дека таа го има најсовршеното тело во светот.

Објавата од модната писта таа го сподели на Инстаграм а коментарите се редеа „Одземаш здив“, „Колку лудо изгледаш“, „Кралица“, „Совршено“, „Совршено тело постои”.

По фотографијата таа објави и видео, каде исто така не изостанаа коментарите поврзани со тоа дека е многу привлечна, убава …

Лелејјј МИНИСТЕРОТ за туризам на Израел – премиерот му вели: Ги тераш мажите да се срамат!

Видеото во кое се гледа како израелскиот министер за туризам Јоел Развозов излегува од вода го обиколи светот, а неговите мускули и понатаму се главна тема.

Израелците се воодушевени со неговиот изглед, а за тоа доволно зборува и коментарот под видеото: Нешто заборавие да ни кажат за новата влада – Развозов е најзгодниот министер кој некогаш сме го имале.

Развозов има 40 години, а пред да влезе во политиката бил успешен каратист. Дури и ја претставувал земјата на европски и светски првенства, а дури бил дел и од Олимписките игри.

Од спортската кариера се откажал заради повреди, но и натаму спортува рекреативно.

Споменатото видео кое се шири по социјалните мрежи, а во кое потсетува на сцена од „Чувари на плажа“, стигнало и до седница на Владата на која премиерот му рекол да престане да тренира зашто правел мажите да се срамат.

– Јоел престани да тренираш правиш мажите да се срамат пред жените, рекол премиерот Бенет.

Пет непријатели на витката линија: Исклучете ги од вашата исхрана, ќе изгубите вишок килограми до лето

Летото се ближи, многумина планираат да одат на море, а поради недостаток на физичка активност и уживање на трпезата, сè повеќе има луѓе кои се плашат како ќе изгледаат во костим за капење.

Предавни колбаси на стомакот, колковите, бутовите и надлактиците може да се „исцедат“ до летото, со најмалку половина час пешачење на ден и промени во навиките во исхраната, тврдат нутриционистите. Откриваат дека со цел да се стопат масните наслаги, потребно е да се исклучат 5 храни од исхраната.

1. Рафинирани шеќери
Белиот шеќер е на врвот на листата непријатели на виткоста. Ако сакате да ставите шеќер во кафе или чај, променете ја навиката малку. Ова правило важи и за сите намирници кои содржат дополнителен шеќер – индустриски овошни сокови, кечап, супи од вреќа, а да не ги спомнувам и кондиторските производи.

2. Газирани пијалоци
Тие се полни со празни калории, дури и оние кои велат дека не содржат шеќер. Наместо класичен шеќер, газираните пијалоци се полни со аспартам за да имаат сладост. Покрај тоа, тие немаат хранлива вредност.

3. Алкохол
Ако сакате да изгубите тежина, заборавете на алкохолните пијалоци. И тие се полни со шеќер, и покрај тоа го отвораат апетитот.

4. Транс маснотии
Ги има во повеќето индустриски производи, особено во закуски и слатки. Тие го поттикнуваат гоењето, особено во стомакот.

5. Рафинирани житни култури
Бел леб, бел ориз, бело брашно … Сето ова е храна што губи влакна за време на процесот на преработка, а шеќерот и скробот остануваат во нив, што доведува до дебелеење.

Ако сакате да изгубите тежина, изберете житарки од цело зрно што одржуваат стабилно ниво на шеќер во крвта и делуваат како метла на цревата. Тие се особено корисни за луѓе кои имаат проблем со варење.