Tag Archives: тенисер

Браво! Kалин Ивановски го освои ИТФ турнирот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е победник на Фјучерсот во Скопје. Ивановски попладнево во финале го победи Саша Вајнебург од Франција со 2:0, по сетови или 7:6(2) и 6:4.

Мечот се одигра на терените на ТК Југ и траеше 1 час и 46 минути.

Македонецот беше четврти, Французинот трети носител на турнирот со награден фонд од 25.000 долари.

Ивановски е прв македонски тенисер со трофеј на Фјучрс во Скопје по пауза од 15 години.

Ѓоковиќ: Доаѓам од мала земја, а стигнав до тука… (Видео)

Новак Ѓоковиќ испиша историја откако успеа да стигне до својата 22. гранд-слем титула и да се израмни на врвот на вечната листа со големиот ривал Рафаел Надал. Србинот до 10. рекордна титула на Австралија опен стигна откако во финалето славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-6.

По освојувањето на трофејот Ѓоковиќ вели дека он е доказ дека секој може да успее во животот неважно од каде доаѓа…

„Ме допреа зборовите на Стефанос и целата почит која ја имаш кон мене. Србија и Грција се мали земји, а ние стигнавме до тука. Затоа ќе ви порачам не е важно од каде потекнувате можете да станете големи. Стефанос и јас сме доказ за тоа. Некогаш лошото детство може да ви помогне. Затоа сонувајте бидејќи можете да успеете. Сакам да им заблагодарам на сите кои што направија да се чувствувам добредојден во Австралија. Ви благодарам многу“, изјави Ѓоковиќ. 

Ѓоковиќ: Морав да барам пари од ЛИХВАРИ

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот тенисер во светот, Новак, за српските медиуми откри тежок детал од својот живот додека неговиот син ја градел кариерата.

Тој изјави дека најтешко му било кога требало да земе пари од лихвари и дури и се сетил дека се сретнал со еден од нив.

– Тоа беше прво патување на Новак во Америка, кога имаше 15 години. Тој требаше да оди на Грен слем со мене. Тогашниот претседател на тенискиот клуб Партизан ми вети дека ќе ги покрие нашите трошоци за Америка. Но, 10 дена пред патувањето, тој рече дека не може да го стори тоа и дека мора да се снајдеме. Бидејќи ги резервирав билетите, морав да ги платам, за да не ми пропадне авансот што веќе го дадов. Отидов кај лихвар – во детали ја раскажа својата приказна Срѓан Ѓоковиќ:

– Дали брзаш? – ме праша.

– Да, бидејќи морам да ги платам билетите за да не ми пропадне авансот.

– Колку ти треба?

– Ми требаат 5.000 долари за два месеци.

– Видете, мојата каматна стапка е 12 отсто месечно, но за вас е 15 отсто затоа што брзате.

– Го погледнав неколку секунди и реков нема проблем. Ги зедов парите, дојдов дома, се заклучив во бањата и искршив се живо внатре. Се согласив на тоа бидејќи тоа беше неопходно за мојот син и неговата кариера. Ако ми беше потребно за мојот живот, нема да можеа да ме отргнат од него, ќе му ја испиев целата крв од неговите вени – вели таткото Ѓоковиќ.