Tag Archives: територии

Путин успеа: Жителите на четирите региони конечно ќе можат да зборуваат на руски јазик и ќе ја негуваат својата култура!

Во тек е церемонијата за припојување на Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје кон Руската Федерација.

Церемонијата се одржува во салата “Свети Георги” во Кремљ, а започна со говорот на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин ја поздрави одлуката на жителите на овие региони и нагласи дека ова е резултат на борбата на русите за “вистински живот” во кој ќе можат да ја негуваат руската култура и да го зборуваат рускиот јазик.

Путин им оддаде почит и на борците од Татковинската војна за кои напомена дека никогаш нема да се заборават.

Претседателот исто така истакна дека е убеден дека Државната Дума ќе ги одобри овие документи.

Путин рече дена СССР повеќе не постои, минатото не може да се врати, но Русија не се стреми кон тоа.

Војниците кои се во Донбас ги исполнуваат своите обврски кон татковината, рече Путин.

Следете ја церемонијата во живо на следниот ЛИНК.

Пребројувањето заврши – Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск слават за припојување кон Русија

Пребројувањето заврши, четирите украински региони под руска контрола ги слават резултатите од спорните референдуми, чиј епилогот е безмалку максимален. 

Според проруските сили, Херсон со 87 проценти го поддржал припојувањето кон Русија, Запорожје со 93, Доњецк со 98, Луганск со 99 проценти. Лидерите на самопрогласените републики веќе отпатуваа за Москва, откако претходно му се обратија на Путин.

-Почитуван Владимир Владимирович, ви се обраќам во име на луѓето од регионот Луганск. Ве замолувам да го разгледате прашањето за приклучување на Народна Република Луганск кон Русија., изјави Леонид Пасечник , лидер на самопрогласената Република Луганск.

-Сега одиме напред, напред кон Русија! Создади, гради и конечно победи! Благодарам. , изјави Денис Пушилин, Лидер на самопрогласената Република Доњецк.

Сега на потег Путин, кој се очекува веќе в петок да ја соопшти анексијата на окупираните региони, по што одлуките треба да ги ратификува руската Дума. Украинскиот претседател Зеленски вети дека со помош на западните партнери нема да дозволи ново кримско сценарио.

-Оваа фарса на окупираните територии не може да се нарече ниту имитација на референдум. Руската реализација на „кримското сценарио“ и новиот обид за анектирање на украински територии ќе значи дека со рускиот претседател нема да има преговори. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Европската Унија соопшти дека ќе воведе санкции за организаторите на референдумите, кои ги нарече незаконски и со фалсификуван исход. , порака што ја испратија и западните земји на седницата на Советот за безбедност.

-Соединетите Американски Држави никогаш нема да признаат територија која Русија ќе се обиде да ја заземе или наводно анексира. Линда Томас Гринфилд, амбасадорка на САД во ОН.

На руските гранични премини и натаму расте притисокот, паралелно со стравот дека целосната мобилизација е прашање на време.

-Луѓето кои чекаат овде се плашат дека порано или подоцна ќе биде објавена целосна мобилизација, а потоа никој нема да може да ги помине границите. , изјави жител на Русија.

Проценките се дека досега над 200 илјади Руси побегнале од земјата, а загриженоста на Путин се обиде да ја ублажи белорускиот колега Лукашенко.

-Да речеме дека бегаат 30.000 или 50.000 луѓе. Ако останат, дали тоа ќе бидат наши луѓе? Дозволи им нека бегаат. , изјави Алескандар Лукашенко, претседател на Белорусија.