Tag Archives: тигри

Припадници на САЕ „Тигар“ го пронајдоа и извлекоа телото на давеникот од водите на Дојранското Езеро – објавени нови детали

На 13.08.2023 во СВР Струмица е пријавено дека околу 11.30 часот во Дојран, едно лице од педалинка влегло во водите на Дојранското Езеро, но набрзо потонало.

Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.

Регионалниот ЦУК Струмица денеска информира дека телото на давеникот во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне, доцна попладне пред стемнување е пронајдено. Инаку, лицето во почетокот на потрагата било непознато. Настанот се случил кога тоа лице било качено на пловило за рекреација, „педелинка“, што најверојатно се превртело, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек.

Телото на давеникот веднаш не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги, а и слаба е видливоста – практично видливоста е до 1м длабочина кога езерото е мирно. Но, попладне по 16 часот почнал да дува ветер и бранови со што видливоста се намалила уште повеќе.

Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. На лице место биле се ТППЕ и СВР Гевгелија, а и припадниците на граничната полиција биле во потрага со чамец, а од 16.00 часот специјалниот нуркачки тим, со 2 возила и 5 лица, од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ трагал по телото на давеникот. Во потрагата биле вклучени и гранична полиција Дојран со 2 полицајци и 1 чамец и ПС Гевгелија со 6 полицајци. Пред завршетокот на денот било пронајдено телото на давеникот. Поточно, во 19.15 часот од страна на специјалните сили нуркачи лицето било лоцирано, пронајдено и извлечено. Следи понатамошна постапка за случајот, преку јавен обвинител и лекар.

ЦУК апелира до граѓаните коишто рекреираат и одмораат покрај езера, море или река секогаш да ги почитуваат мерките на безбедност што се предвидени за престој во конкретно место или за користење пловни и други средства за рекреација, а и лично секогаш превентивно да имаат свесност за можните опасности во местата за одмор покрај вода.

Ангелов се прости од својот соборец: Почина Игор Стефановски – Фифи, поранешен снајперист од „Тигрите“

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера на својот Фејсбук профил истакна дека починал Игор Стефановски – Фифи.

Се работи за поранешен припадник на Единицата за специјални задачи Тигар.

– Денес почина Игор Стефановски – Фифи (1969-2023), поранешен припадник на Единицата за специјални задачи Тигар, еден од најдобрите снајперисти на Единицата во тој период, храбар бранител од 2001-та и мој драг соборец, напиша Ангелов.

Албанец се пријавил за„Тигрите“, ама го одбиле зашто НЕ ЗНАЕЛ ДА ПЛИВА – Спасовски тврди дека нема етничка дискриминација

„Во специјалната антитерористичка единица „Тигар“ не е важна етничката припадност, туку кандидатите мора да ги исполнуваат условите што ги предвидува оваа елитна единица“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето на „Алсат“, запрашан за застапеноста на Албанците во оваа единица.

Тој посочи и пример за еден кандидат-Албанец, кој ги поминал сите тестови за да стане дел од единицата „Тигар“, но на крајот не успеал, бидејќи не знаел да плива.

„Од сите кандидати што се појавија, само еден беше Албанец. Тој ги започна проверките и стигна до прелиминарните проверки, но бидејќи не знаеше да плива, не можеше да продолжи. Тука нема импровизации и никако не можете да направите отстапка во овој дел“, рече Спасовски.

Тој најави дека најдоцна до март следната година униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик.

„Се спроведуваат сите процедури од март 2023 година полициските униформи да бидат на два јазика. Оваа регулатива стапи во сила осмиот ден откако беше донесена и ќе почне да се применува најдоцна една година од влегувањето во сила, поточно најдоцна на 26 март 2023 година“, објасни Спасовски.

(Видео) Тигрите во уште една успешна акција: Фатен избеган затвореник осуден за шверц на дрога!

На 07.10.2022 околу 19.20 часот на подрачјето на Гази Баба од страна на полициски службеници од Отсекот за потрага по цел-Оделение за потраги при  Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, по преземени мерки и активности, беше лишен од слобода А.А.(33) од Скопје, информираат од МВР.

За него била распишана  централна потерница од КПУ Затвор Идризово со која се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 2 години 7 месеци и 26 дена за сторени кривични делa по чл.215 ст. 1  и чл. 383 ст.2 од Кривичниот законик, како и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.130 и чл. 235 од Кривичниот законик.

Лицето беше спроведено во КПУ Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна.

ТИГРИТЕ влегоа во скопско Арачиново

Вчера, околу 14.00 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи го лишиле од слобода С.А.(33) од с.Арачиново.

„За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од четири години и десет месеци за сторено кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Исто така, за него биле распишани и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 288 и член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната“, се вели во соопштението од МВР.

Потресно сведоштво на мајката на загинатиот припадник на Тигрите, бранителот од 2001 Никола Пехчевски

Никола Пехчевски беше припадник на полициската Единица за специјални задачи “Тигаp“. Загина во боpбите во Арачиново на возраст од 25 години, само десетина дена после неговата свадба.

Неговата мајка во солзи раскажува за тоа што се случило:

-Штом помина свадбата, после само 2 дена тој сакаше да си оди. Го молев сине поседи малку немаш ли одмор, ми pече не мамо морам да одам, сите сме од крв и од месо мора да си помагаме.

На 13-тиот ден после свадбата, на 23 јуни се случи најлошото. Никола бил дежуpен, во четвртокот вечерта ми се јави, ми рече мамо во касарната сум не се секирај, дежурен ќе бидам…и толку тоа беше последниот повик.

-Во петокот ми кажаа дека не се јавувал затоа што е на терен – pаскажуваше во солзи мајката. Седев во дворот и комшиката ми рече, тетка Македонко многу е лошо има многу pанети и многу жpтви.

Тој ден цел ден чекав вести но имаше само жална музика, веќе вечеpта сите знаеле дека наш Никола загинал, само јас не сум знаела. Веста ми ја соопшти инспектоpот заедно со еден наш роднина, кога ги видов на врата прашав да не се случило нешто лошо со син ми, само ми рекоа, многу е лошо – pаскажува во тага ожалената мајка.

Мајката на Никола pаскажува дека од мал имал желба за униформа и сакал да работи во полиција. Завршил 8мо одделение во Сараево, а гимназија во Скопје. Потоа бил pешен да оди во тигрите и таму да ја продолжи својата кариера, но за жал со несреќен kрај вели Маkедонка.

Никола бил многу сpеќен што ќе стане татко, но не успеал да ги дочека тие денови. Мајката во ова сведоштво споделува дека тие се уште не знаат како починал нивниот син, а болката што ја имаат ќе остане до крај на живот за синот кој го дал животот за Македонија.

(Видео) “Тигрите” спасуваа како на филм

Денеска, (16.05.2022), во Полициски центар „Ѓорче Петров”, касарната „Илинден” и амбасадата на САД беше изведена оперативно-тактичка вежба од страна на МВР, во координација со амбасадата на САД, а во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, амбасадорката на САД во земјава, Н. Е. Кејт Мари Брнз, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Одделот за специјални полициски операции, Бранко Трајановски.

Вежбата беше изведена на три локации – дел од вежбата беше изведена во Куќата за пукање во рамки на Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, а вториот дел беше изведен во амбасадата на САД, при што беше проследена вежбата за Јавен ред и мир – насилни демонстрации, а амбасадорката Брнз зеде активно учество во практичниот дел на вежбата која беше реализирана во неколку фази преку координирана заедничка акција на персоналот одговорен за обезбедување на амбасадата на САД и припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, Единицата за брзо распоредување, Одделение за воздухопловни единици, Сектор за внатрешни работи Скопје – Единица за интервентна полиција, Сектор за внатрешни работи Скопје и тоа:

– Напад на конвој
– Насилни демонстрации
– Активен пукач
– Вонредна состојба (природна катастрофа – земјотрес)
– Преглед и претрес на дворната површина во амбасадата на САД
– Евакуација на амбасадорот и персоналот на амбасадата на САД на безбедна локација (база на САЕ-Тигар)
– Укажување на прва помош

Голема акција на Тигрите: Разбиена криминална група, претреси во Скопје, Арачиново и Радуша – уапсени 13 лица, пронајдена голема количина на дрога

По повеќемесечна криминалистичка истрага, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единицата за недозволена трговија со дрога, разбиена е криминална група на подрачјето на Скопје.

Имено, лицата подолг период вршеле продажба на наркотични дроги марихуана и кокаин, за што од страна на ЕНТД при ОСОСК се обезбедени материјални докази. Во текот на целата истрага вкупно се приведени 13 лица кај кои се пронајдени кокаин и марихуана.

Само во текот на вчерашниот ден (01.04.2022), врз основа на наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, ЕНТД во содејство со Специјалната антитерористичка единица Тигар изврши претреси на шест локации во Скопје, Арачиново и Радуша, при што се пронајдени повеќе килограми наркотична дрога марихуана и повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, како и ваги и други предмети од кривични дела. Приведени се Ш.И.(36) и Ј.Х. (21), а се трага по С.И.(30).

Тигрите уапсиле арачиновец избеган од затвор, се криел во куќа во изградба во селото

На 29.12.2021 во 11.00 часот, по преземени опсежни мерки и активности во подолг временски период, Оперативен тим потраги, во соодејство со Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во куќа во изградба на подрачјето на Арачиново го лишија од слобода О.М.(36) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани две Централни потерници.

Имено, по наредба од Казнено-поправна установа Идризово, Скопје, тој се барал за доиздржување на затворска казна од 3 години и 14 дена, во врска со чл.215 и чл.396 од Кривичниот законик, за кои бил осуден на казна од вкупно 6 години затвор.

Според наредба од Основен суд Скопје 1 истиот е осуден на 2 години и 6 месеци, во врска со чл.382 од Кривичниот законик.

Во однос на двата централни расписи од МВР, О.М. се барал по член 383 и по член 288 од Кривичниот законик.

О.М. ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Идризово за доиздржување на казна затвор од вкупно 5 години, 6 месеци и 14 дена од вкупната затворска казна од 8 години и 6 месеци на која е осуден.

ТИГРИТЕ во акција заедно со италијанските карабиниери (ФОТО+ВИДЕО)

„Проблематиката на насилниот екстремизам и тероризам како прилично сензитивна, сега веќе глобална, а не само национална закана, дополнително бара мултиплицирање на институционалните напори и потенцијали во квалитетно спротивставување, потпирајќи се подеднакво како на сопствените капацитети и нивната постојана надградба, така и на меѓународната институционална соработка, комуникација и партнерство“, ова меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“ на завршната показна вежба од едномесечната обука на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ на МВР, во рамки на проектот ИПА 2016 „Јакнење на координативните капацитети за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам“, на која покрај раководството на МВР, присуствуваа Н.Е. Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Република во земјава, претставници од Делегацијата на Европската Унија и поканети гости. Обуката ја спроведоа експерти од Специјалната единица за интервенции на италијанските карабинери.

Во своето обраќање по повод вежбата министерот Спасовски потенцираше: „Заедно со нашите партнери од ЕУ, како и со користењето на низата конкретни механизми за помош и поддршка на Унијата, Министерството за внатрешни работи постојано работи на севкупното институционално зајакнување на сите организациони сегменти подеднакво, имајќи на ум една иста цел: структуирана полиција која што ќе биде во служба на безбедноста и сигурноста на граѓаните и на општеството, истовремено препозната како кредибилен и важен фактор во билатералните или мултлатералните полициски активности“, додавајќи: „Навистина ме радува фактот што нашата полиција и натаму ужива огромна поддршка и кредибилитет кај нашите пријатели од ЕУ, исто како што радува фактот дека од наша страна правиме извонредни напори таквата позиција да биде заслужена и задржана. Бездруго оваа обука, односно импактот од неа, дополнително ќе значи натамошно професионално-оперативно профилирање и надградување на полициските службеници, дотолку повеќе што станува збор за една од најчувствителните безбедносни проблематики – насилниот екстремизам и тероризам“, нагласи министерот Спасовски.

Италијанскиот амбасадор Силвестри во оваа пригода пред присутните рече: ,,Ова е прв проект на ЕУ за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам имплементиран во Република Северна Македонија и на Балканот од страна на карабинерите и особено би ја истакнал личната посветеност и професионалниот пристап на обучувачите што резултираше со успешно завршување на овој значаен проект“. Амбасадорот Силвестри упати благодарност до министерот Спасовски и до раководството на МВР за досегашната одлична соработка во повеќе сфери од полициската работа и даде уверување дека и во наредниот период Владата на Италијанската Република преку Италијанската Амбасада во земјава останува отворена за реализација на нови значајни проекти како искрен поддржувач и партнер.

Раководителот на Одделението за операции во Делегацијата на ЕУ, Фрик Јанмат го потенцираше значењето на денешниов проект – Јакнење на капацитетите за превенција и борба против насилен екстремизам и тероризам, за кој рече дека во себе вклучува активности за кои е потребен меѓуинституционален пристап, развојна стратегија со посебни методи, тактики и техники во справувањето со насилниот екстремизами тероризмот, посебно во делот на заштита на јавните добра, критичната инфраструктура и заштитата на граѓаните.

Началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски и командантот на САЕ „Тигар“ Митко Даневски на припадниците на САЕ –Тигар,им ги доделија сертификатите за успешно завршената обука, министерот Оливер Спасовски амбасадорот на Италијанската Република во земјава Н.Е Андреа Силвестри му додели благодарница за поддршката и успешната соработка, а директорот на БЈБ Сашо Тасевски му додели благодарница за поддршката и успешната соработка на Масимо Пани, претставник од Делегацијата на ЕУ во земјава.